Русин признал дека убил 26 жени, им ги носел кесите од маркет за да ги намами

Осомничениот за убиство на 26 постари жени во 12 региони на Русија, 38-годишниот жител на Казан, Радик Тагиров, ги признал своите злосторства, а снимката од неговото признание ја објави руското Министерство за внатрешни работи.

Во ужасната исповед пред полициските истражители, убиецот рекол дека избирал постари жени како жртви во супермаркетите, им нудел помош и им ги носел кесите со намирници, а кога го поканиле да дојде кај нив да се одмори, тој ги задавувал и им ги крадел парите.

Во разговор со истражителот, тој не можел да се сети на точниот број на убиени жени.

Во полициските извештаи се вели дека Тагиров работел како механичар и бил осуден за кражба во 2009 година.

Претставникот на истражниот тим Светлана Петренко изјави дека овој масовен убиец е пронајден според компаративна анализа на повеќе од 10.000 примероци на ДНК и бил уапсен во неговиот стан во Казан, пренесува агенцијата ТАСС.

Сите злосторства биле извршени во текот на 2011 и 2012 година во централна Русија, Приволожие и Урал.

Во Египет се откриени најстарите саркофази и досега изгубен храм (ВИДЕО)

Египетските археолози откриле изгубен погребен храм во областа Сакара со најстари саркофази некогаш пронајдени на тие древни гробишта.

Египтологот Захи Хавас и неговите колеги го ископале погребниот храм на кралицата Неарит, една од сопругите на кралот Тетис, првиот фараон на Шестата египетска династија. Откриле и 52 гробни места со повеќе од 50 дрвени саркофази. Овие дрвени ковчези се стари околу 3000 години и се најстарите саркофази пронајдени во Сакара.

"Овие се дрвени ковчези. Тие прикажуваат многу богови на кои што им се поклонувале во тоа време, заедно со разни упатства од Книгата на мртвите за кои се сметало дека им служи на мртвите за да го пронајдат вистинскиот пат кон другиот свет", се вели во соопштението на египетското министерство за туризам и антиквитети.

Археолозите пронашле стотици ковчези на разни високи функционери и свештеници во Сакара во изминатите неколку месеци, кои датираат од доцниот период на древен Египет и периодот на Птоломеидите, пишува ABC News.

Во најновото ископување биле пронајдени постари саркофази од периодот на Новото египетско кралство што траело од 16 век п.н.е. до 11 век п.н.е.

„Ова откритие потврди дека Сакара се користела како некропола и за време на Новото Кралство“, се вели во соопштението на Министерството.

Експертите пронашле уште едно светилиште направено од тули од кал на длабочина од 24 метри. Хавас вели дека работата ќе продолжи се додека не се достигне гробната комора.

„На гробните места, пронајдовме голем број археолошки артефакти и статуи што ги претставуваат боговите како Озирис и Птах-Сокар-Озирис“, додаде Министерството.

Сакара се наоѓа на околу 25 километри јужно од пирамидите на платото во Гиза, и таму е познатата скалестата пирамида на фараонот Џозер, прва од фараонската ера. Додека Мемфис бил главен град на древен Египет, Сакара служела како негова некропола.

Египќаните ги закопувале своите мртви пред 3000 години. Но, таму биле погребани не само благородниците, туку и граѓаните од средната и работничката класа.

Влада: Пензиите повисоки во просек за 185 денари, ќе се исплаќаат од 26 јануари

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година

Согласно законското усогласување што се врши според движењето на индексот на трошоците на животот, пензиите бидат повисоки и тоа најниските пензии за 134 денари, а просечната пензија ќе биде повисока за 185 денари и со нив ќе можат да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.01.2021 година.

– Пензиите за граѓаните кои не користат картички ќе бидат исплатени во четири групи според следниот распоред согласно висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.01.2021 година (вторник), за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплата да се изврши на 27.01.2021 година (среда), за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплата да се изврши на 28.01.2021 година (четврток), и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.01.2021 година (петок), соопштија од владината прес – служба.

Даниловски: За два месеца треба да имаме колективен имунитет

Во моментов имаме стагнација на кривата на заразени, но сепак нови поголеми пикови од продолжувањето на работното време на угостителските објекти не би требало да има, вели професор д-р Драган Даниловски.

Според него, за два месеца треба да имаме колективен имунитет на населението добиено по природен пат, но сепак, вакцините се добредојдени за намалување на смртноста. Според епидемиологот Даниловски нема простор за паника од новиот британски сој на вирусот....

Даниловски вели дека не се очекува, но може да има благи пикови поради продолженото работно време на кафеаните. Тој најавува дека за 100 дена би требало да го достигнеме прагот на природен колективен имунитет, но сепак со вакцината ќе се намали смртноста.

Доктор Даниловски вели дека во последните недели нема регистрирано нови мутации на коронавирусот и дека нема простор за паника од новиот британски мутиран сој на вирусот.

Со доктор Даниловски разговараше Сања Трајковска Ставров.

притисни ентер