Демонстрантите запалија полицаец во Тирана- летаат молотови коктели, солзавец, пиротехника... (ВИДЕО)
1Демонстрантите запалија полицаец во Тирана- летаат молотови коктели, солзавец, пиротехника... (ВИДЕО)
3Србија гласа утре: Неизвесна трка и високи тензии меѓу СНС и студентите – „Канал 5“ во живо од Белград
СветРусија обвинува дека Украина произведува и користи бојни отровиСериозна загриженост предизвикува ситуацијата околу употребата на хемиско оружје во Украина. Русија регистрира случаи на користење токсични хемикалии и бојни отрови од страна на Украина, како и постоење на систем за нивно масовно производство, изјави постојаниот претставник на Русија во Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО), Владимир Тарабрин. - Сериозна загриженост предизвикува ситуацијата околу употребата на хемиско оружје во Украина. Руската страна продолжува да документира не само случаи на употреба на токсични хемикалии и бојни отрови од страна на украинските националисти, туку и постоење на развиен систем за нивно масовно производство, изјави Тарабрин на 109. седница на Извршниот совет на ОЗХО, што се одржува во Хаг од 7 до 11 јули. Според него, Русија побарала техничка помош од организацијата поради пронајдени комплети со импровизирани експлозивни направи што содржеле токсични хемикалии, на територии кои, како што рече, биле „ослободени од украинските формации“. Тарабрин ја критикуваше и работата на Техничкиот секретаријат на ОЗХО, особено формирањето на нов Оддел за специјални мисии без одобрение од Конференцијата на земјите-членки. Како што истакна тој, користењето на ОЗХО како лост за притисок и произволно толкување на одредбите од Конвенцијата за хемиско оружје е апсолутно неприфатливо. „На пример, како да се толкува изјавата на ЕУ од 25 мај 2025 година, која повикува на примена на механизмот за атрибуција во врска со наводно докажаната употреба на хемиски агенси што се користат за разбивање на демонстрации (HSBB)? Или изјавата на Министерството за одбрана на Холандија, која е дистрибуирана во западните медиуми, и се базира на (холандски и германски) разузнавачки информации, за употребата на хемиско оружје од страна на Русија во Украина, додаде постојаниот претставник. Тој додаде дека Русија ги поддржува напорите за ефикасно спроведување на одредбите од членот XI од Конвенцијата за забрана на хемиско оружје, кој се однесува на меѓународна соработка за мирољубиви цели. Но, предупреди дека воведувањето еднострани ограничувања под изговор на извозна контрола е спротивно на духот и текстот на Конвенцијата.Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
БалканДемонстрантите запалија полицаец во Тирана- летаат молотови коктели, солзавец, пиротехника... (ВИДЕО)Демонстрантите фрлаа молотови коктели врз полицајците за време на протестот во Тирана.Во таа прилика, еден полицаец се запали, а неговите колеги веднаш истрчаа да му помогнат и да го изгаснат пожарот, објавува Топ ченел. Исто така, за време на фрлањето молотови коктели, јакната на еден млад човек се запали, но тој успеа самиот да го изгасне пожарот. View this post on Instagram A post shared by Vizion Plus (@vizionplustv) Инцидентот се случи додека протестите сè уште траеја во атмосфера на тензии и конфликти, со фрлање пиротехнички средства и употреба на солзавец. Тагови: Молотови коктели Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска Давкова: Унгарската револуција е траен симбол на храбростВо Будимпешта, присуствував на гала свеченоста во Унгарската државна опера и на приемот во Музејот на ликовните уметности, чијшто домаќин беше премиерот на Унгарија, Петер Маѓар.Чест е да се присуствува и да се оддаде признание на овој значаен историски настан, не само за Унгарија, туку и за Европа. Унгарската револуција е траен симбол на храброст, слободољубивост и достоинство на еден народ, објави на ФБ претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
БалканСрбија гласа утре: Неизвесна трка и високи тензии меѓу СНС и студентите – „Канал 5“ во живо од БелградАлександар Вучиќ прв пат по 14 години власт, е исправен пред сериозен испит – утрешните вонредни парламентарни избори.... Во Белград е Михаило Донев.. Михаило, каква е атмосферата на нешто повеќе од 12 часа до отворањето на избирачките места? Се чувствува ли некаква тензија на улиците? Србите ќе избираат меѓу 18 листи, но веќе е јасно дека главната битка ќе се води меѓу владејачката Српска напредна странка и Студентската листа.. Кој од нив повеќе може да се надева на победа? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook