Русија најави преместување на системите Искандер на финската граница, НАТО со одговор - Канал 5

Русија најави преместување на системите Искандер на финската граница, НАТО со одговор

Русија најави дека ќе ги премести ракетните системи способни да носат нуклеарно оружје на границата со Финска.

Русија најави преместување на системите Искандер на финската граница, НАТО со одговор

Прокремљскиот весник „Известија“ минатата недела објави дека руското Министерство за одбрана формирало посебна ракетна бригада во руската република Карелија со системи „Искандер-М“, кои можат да лансираат конвенционални и нуклеарни ракети.

Русија ја нарече провокативна одлуката на Финска за влез во НАТО, а потоа и приемот на Шведска. Искандерите се сметаат за централен дел на новоформираниот руски воен округ Ленинград (ЛМД), кој беше создаден како одговор на пристапувањето на Хелсинки во НАТО.

Генерал-мајор Хари Ора-ахо, поранешен директор на финската воена разузнавачка агенција, го коментираше овој потег.

„Ако ова се оствари, нема да промени ништо“, напиша тој на X. „Во секој случај, ние треба да се браниме од ракетите Искандер“, рече тој, додавајќи дека такви проектили веќе се распоредени јужно од Санкт Петербург.

„Оперативно изгледа апсурдно ракетните системи со толку голем дострел да се приближуваат до нашата граница, тие се лесни цели за нас“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за здравство го осудува насилството врз здравствените работници

Министерството за здравство најостро го осудува инцидентот пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, при кој се нападнати здравствени работници додека ја извршувале својата професионална должност.

Министерството за здравство го осудува насилството врз здравствените работници

Секој облик на насилство, закани или попречување на здравствените работници во извршувањето на нивните работни задачи е недозволив и мора да биде соодветно санкциониран.

Напоменуваме дека напад врз здравствен работник и здравствен соработник претставува кривично дело . Согласно член 304-г од Законот за здравствената заштита, за напад или сериозна закана кон здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност е предвидена парична казна или казна затвор, а во зависност од околностите и последиците од нападот, и построги казни.

Здравствените работници секојдневно се на првата линија во грижата за здравјето и животот на граѓаните. Насилството нема место во здравствените установи. Почитувањето и заштитата на здравствените работници мора да бидат заеднички приоритет, реагираат од МЗ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски бродови погодени од украински беспилотни летала покрај брегот на Либија, Москва најави одговор

Украина стои зад нападот во кој потона рускиот брод „Меркури“ во близина на либискиот брег, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Руски бродови погодени од украински беспилотни летала покрај брегот на Либија, Москва најави одговор

Тој ја опиша операцијата како пример за украински одговор на руската војна, а во официјална изјава наведе дека украинските сили погодиле и втора цел, рускиот товарен брод, кој русија го користела за транспорт на оружје. Според Зеленски, руската корвета „Меркури“, еден од поновите бродови во флотата на Москва потонала по напад изведен од седум поморски дронови од украинско производство. И властите во источна Либија потврдија дека дошло до експлозија на руски брод кој бил застанат во поморска база во градот бенгази за да наполни гориво и да се врати кон Русија. Засега не е позната судбината на екипажот. Портпаролот на Кремљ, Песков изјави дека овие акции ќе резултираат со многу болни последици за режимот во Киев. Потонувањето на руски воен брод крај брегот на Либија претставува голем удар за путин и значително проширување на конфликтот, со оглед дека украина е оддалечена 1.600 милји од Бенгази.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Анима бара итна истрага: Во Бутел пронајдени повеќе мртви кучиња, кои веројатно биле отруени

Над осум тела на мртви кучиња биле пронајдени на јавен простор во скопската населба Бутел. 

„Анима бара итна истрага: Во Бутел пронајдени повеќе мртви  кучиња, кои веројатно биле отруени

Од здружението „Анима Мунди“ се сомневаат дека кучињата биле отруени и дека станува збор за кучиња од исто леглно и се пронајдени на исто место. Од здружението бараат поведување на истрага за овој случај и веруваат дека убиените кучиња имаат и сопственик.

Од полицијата за Канал 5 потврдија дека нема официјлна потврда за овој случај, исто и од Агенцијата за храна и ветеринарство. По објавувањето на снимките инспектори од АХВ излегле на терен да го проверат целиот случај. Но, мртвите тела на кучињата ги нема, а засега не потврди ниту една институции дека ги тргнала кучињата од местото каде биле најдени мртви. Од Анима Мунди објаснуваат дека најголем проблем со негрижата кон милениците води кон создавање на улични кучиња, а труењето е проблем и за луѓето, особено за децата.

Според, Член 233 од Кривичниот законик се предвидува парична казна или затвор до три години за неоправдано усмртување, грубо злоупотребување или мачење животно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер