Русија ќе се обиде од Црното Море да го извади американскиот дрон - Канал 5

Русија ќе се обиде од Црното Море да го извади американскиот дрон

Русија ќе се обиде да ги извади остатоците од американското воено беспилотно летало кое се урна во Црното Море, изјави секретарот на Советот за национална безбедност на Русија Николај Петрушев.

Русија ќе се обиде од Црното Море да го извади американскиот дрон

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби изјави дека можеби никогаш нема да биде пронајден.

Патрушев изјави за ТВ каналот „Россија-1“: „Не знам дали ќе успееме или не, но, да, тоа мора да се направи. И ние секако ќе работиме на тоа. Се надевам, се разбира, успешно .

„Второ, во врска со дронот - Американците постојано велат дека не учествуваат во воени операции. Ова е најновата потврда дека директно учествуваат во овие активности - во војна“, рече тој.

Американската војска вчера објави дека руски борбен авион го погодил пропелерот на шпионски дрон, кој потоа паднал во Црното Море. Русија тоа го негира и тврди дека авионот паднал поради „остро маневрирање“.

Кирби вели дека не се пронајдени остатоци од дронот. „И не сум сигурен дека некогаш ќе има бидејќи падна во многу длабоко море. Сè уште анализираме дали има начин да го извадиме. Можеби нема да може“, изјави Кирби за Си-Ен-Ен.

Доколку биде извлечен од Русите, американските власти презеле мерки да ги спречат да извлечат корисни информации, додаде тој. „Тоа е наша сопственост“, додаде тој.

Кремљ претходно денеска соопшти дека односите со Соединетите Држави се во „очајна состојба“ и на најниско ниво по инцидентот.

Стејт департментот вчера го повика рускиот амбасадор Анатолиј Антонов за да ја изрази американската загриженост за инцидентот, прв од ваков вид од почетокот на војната во Украина пред повеќе од една година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Мини песочно торнадо „песочен ѓавол“ во Лондон?!

 Жителите и туристите во Лондон останаа вчудоневидени кога огромен ротирачки столб од прашина и трева ненадејно се издигна среде познатиот парк Гринич.

Видео: Мини песочно торнадо „песочен ѓавол“ во Лондон?!

Во еден момент сончање и уживање во природата, а во следниот – сцени како од филмови за катастрофи! Жителите и туристите во Лондон останаа вчудоневидени кога огромен ротирачки столб од прашина и трева ненадејно се издигна среде познатиот парк Гринич и со бучава мина покрај изненадените луѓе.

Иако изгледа како мини-торнадо, станува збор за метеоролошки феномен познат под морничавото име – „песочен ѓавол“.

Овој феномен е исклучително редок во Европа, но сушите и екстремните топлотни бранови буквално ја менуваат климатската слика на континентот и ни носат пустински сцени! Што точно претставува „песочниот ѓавол“?

„Песочниот ѓавол“, или песочниот вител, претставува ротирачки столб од воздух што од земјата крева прашина, песок, сува трева и ситни остатоци.

Иако по форма наликува на торнадо, тој настанува на сосема поинаков начин и во сосема поинакви временски услови! Торнадото настанува од буноносни облаци и е поврзано со лошо време, грмежи и дожд, додека „песочниот ѓавол“ се појавува под сосема ведро небо, за време на жешки и сончеви денови без ветер!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вонредна дезинсекција во Драчево: Денеска акција против ларви, во петок третман против возрасни комарци

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување.

Вонредна дезинсекција во Драчево: Денеска акција против ларви, во петок третман против возрасни комарци

Денешната акција е фокусирана на сузбивање на ларвите, при што специјализираните екипи на терен вршат прскање со соодветен ларвицид во сите критични точки, каналите, застоените води и влажните места каде што се собира вода и каде што постојат услови за развој на овие инсекти.

За дополнителна заштита и целосно намалување на бројноста на инсектите, акцијата ќе продолжи и во петок, кога ќе се изврши теренско прскање против возрасни комарци на територијата на овој дел од општината.

Општина Кисела Вода ги потсетува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на своите пчелни семејства поради најавеното прскање против возрасни комарци кое ќе се реализира во петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Браја Авиа со нов рекорд на Македонија во скок во далечина во младинска конкуренција

Македонскиот атлетичар Браја Авиа синоќа на Светското првенство во атлетика за младинци до 20 години постави нов државен рекорд во скок во далечина.

Браја Авиа со нов рекорд на Македонија во скок во далечина во младинска конкуренција

На шампионатот во Орегон младиот Авиа предводен од тренерот професор Ѓорги Вучков со скок од 7,04 метри што е негов личен рекорд го освои 24 место во конкуренција на 30 скокачи од целиот свет.

Македонската атлетика доби уште едно историско достигнување!

Со овој скок, Брајан го собори досегашниот младински национален рекорд од 7.05 метри, поставен од Славчо Мирчевски во 2010 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер