СветРусија ја зајакнува поддршката за ИранДодека Иран е под зголемен меѓународен притисок поради спорот околу неговата нуклеарна програма, Москва истовремено ја продлабочува својата соработка со Техеран.Сепак, минатите искуства јасно покажуваат дека Иран не може да се потпре на Русија во клучни моменти, и покрај формалните договори и јавните ветувања, пишува ДВ. На 20 ноември, Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) усвои резолуција со која го повикува Иран на „целосна и непосредна“ соработка. Агенцијата бара разјаснување на судбината на околу 400 килограми ураниум збогатен до 60 проценти, кој сè уште се наоѓа на иранска територија. По 12-дневната војна меѓу Израел и Иран во јуни, Техеран не им дозволи на инспекторите на МААЕ пристап до нападнатите нуклеарни објекти за да утврдат што е уништено, а што останало недопрено. Москва нуди соработка Во средината на тој спор, Русија дополнително ја зајакна својата соработка со Иран. „Нашата соработка достигна невидено ниво“, рече рускиот амбасадор во Техеран, Алексеј Дедов, кон средината на ноември. Според иранската новинска агенција ИСНА, Дедов рече дека Москва му помага на Техеран да „најде решенија“ за проблемите поврзани со неговата нуклеарна програма и дека ќе продолжи да дава таква поддршка. Кон крајот на септември, Русија и Иран потпишаа меморандум за намера за изградба на нови нуклеарни централи. Руската државна компанија „Росатом“ потпиша договор вреден 25 милијарди долари (21,4 милијарди евра) со иранската компанија „Иран Хормоз“ за изградба на четири нови нуклеарни централи во Иран. Многу ветувања, малку резултати „Русија е најважниот меѓународен партнер за нуклеарната програма на Иран“, изјави за ДВ експертот за Блискиот Исток, Дејвид Џалилванд. Но, тој веднаш додаде дека во пракса Москва честопати нудела повеќе отколку што била подготвена да испорача. Изградбата на втор реактор во нуклеарната централа Бушер беше најавена во 2016 година, но до денес овој проект не е реализиран. Џалилванд верува дека брзата имплементација на новиот меморандум е исто така малку веројатна. „Русија нема интерес да ја зајакне стратешката позиција на Иран на Блискиот Исток, првенствено поради нејзините односи со Израел, земјите од Заливот и Турција“, вели Џалилванд. Ова, додава тој, беше јасно демонстрирано за време на неодамнешниот конфликт меѓу Израел и Иран, кога Техеран доби само симболична поддршка од Москва, иако двете земји потпишаа договор за „стратешко партнерство“ на почетокот на годината, кој предвидува воена и економска соработка во следните 20 години. Иран ги исполнува своите обврски, Русија не Иран, за разлика од Русија, се држи до своите обврски. Техеран ѝ испорачуваше на Москва беспилотни летала и друго оружје за војната против Украина, што ја прави еден од клучните сојузници на Русија, но во тој процес дополнително ги затегнува односите со Европа. За возврат, Иран нарача борбени авиони Сухој Су-35 за модернизирање на своите воздухопловни сили. Но, до последниот конфликт со Израел, тие авиони не беа испорачани. Војната јасно ги разоткри слабостите на противвоздушната одбрана на Иран, која во голема мера се потпира на технологија стара со децении. Критики во Иран Во самиот Иран, критиките за соработката со Москва стануваат сè погласни. Мохамед Садр, член на Советот за утврдување на системските интереси, изјави дека „стратешкото партнерство со Русија се покажа како фарса“. „Русија не е сигурна. Да се верува дека тие ќе ни помогнат или ќе се судрат со Соединетите Американски Држави поради нас е сосема апсурдно“, рече Садр, обвинувајќи ја Москва дека му дава информации на Израел за иранските одбранбени објекти. Сличен став преовладува кај дел од иранската јавност. Професор од Универзитетот во Техеран за ДВ изјави дека граѓаните многу добро знаат како Русија го остава Иран на цедило во клучни моменти. „Многумина веруваат дека режимот се потпира на Москва единствено за да ја зачува власта, а не во интерес на народот“, рече тој. Конзервативците продолжуваат да се залагаат за соработка И покрај овие искуства, конзервативните сили во Иран продолжуваат да се залагаат за продлабочување на односите со Русија. „Влијанието на Русија во центрите на моќ на Иран е неоспорно“, изјави за ДВ поранешниот ирански амбасадор во Азербејџан, Афшар Солејмани. „Конзервативците ја поддржуваат Русија, испорачуваат ирански беспилотни летала во Москва и одржуваат затегнати односи со САД. Додека таа политичка струја останува на власт, малку ќе се промени, а населението ќе ги сноси последиците“, додаде тој. Одредени ирански политичари, како што е конзервативниот пратеник Камран Газанфарија, тврдат дека Русија е подготвена да го снабди Иран со нуклеарно оружје. Џалилванд ги отфрла ваквите тврдења како многу неверојатни. „Русија нема интерес да го прошири кругот на нуклеарните сили на веќе нестабилниот Блиски Исток“, истакнува тој. Москва, додава тој, би можела да испорача технологија што теоретски би можела да се користи за воени цели, но смета дека директната помош во развојот на нуклеарно оружје е малку веројатна. Според Џалилванд, Русија првенствено ја користи „картата на Иран“ во преговорите со Соединетите Американски Држави, обидувајќи се да се прикаже како конструктивен партнер во средината на војната во Украина, а во исто време да го продлабочи јазот меѓу Вашингтон и Европа.Тагови: Иран русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
ЕвропаМакрон повикува на „мир и ред“ по немирите низ ФранцијаФранцускиот претседател Емануел Макрон повика на „мир и ред“ откако големиот ден на протести се претвори во немири и грабежи во саботата, а некои нереди продолжија во Париз и во неделата.Во национално обраќање од Елисејската палата, тој ги предупреди оние кои учествува во нередите додавајќи: „Сите чувствуваме гнев и срам“. Околу 550.000 демонстранти излегоа на улиците на претежно мирни протести против зголемувањето на цените на горивата, трошоците за живот и влошувањето на јавните услуги, вклучително и училиштата, кои потоа се претворија во насилни. Макрон рече дека мора да се направи разлика помеѓу „Легитимните барања“ на демонстрантите и „оние кои уништуваа, кршеа и ограбуваа“. Полицијата уапси околу 2.400 лица, според министерството за внатрешни работи на Франција. Францускиот претседател рече дека „ништо не го оправдува“ виденото „неконтролирано“ насилство и рече дека вклучените ќе се соочат со правдата. Групи демонстранти, некои облечени во црно и со маски и фантомки на главите излегоа и во Париз, Марсеј и други градови и места, а некои палеа автомобили и згради. Во Лимож, украсното градско собрание од 19 век беше уништено од пожар предизвикан од демонстрантите во саботата, при што нејзината кула и покривот се урнаа, а пламенот се прошири.Сопстевниците на продавници вчера собираат големи парчиња стакло и остатоци од нивните дуќани во Париз, додека камионите за ѓубре ги чистеа остатоците од некои од поголемите улици. По најлошите сцени на јавно нарушување на редот во современата француска историја. .Тагови: Емануел Макрон Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
МакедонијаАХВ: Продолжуваат вонредните инспекциски контроли на зелените пазариАгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжува со спроведување на засилени вонредни инспекциски контроли на зелените пазари, со цел сузбивање на нелегалната трговија со овошје и зеленчук и продажбата на храна во несоодветни услови....Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжува со спроведување на засилени вонредни инспекциски контроли на зелените пазари, со цел сузбивање на нелегалната трговија со овошје и зеленчук и продажбата на храна во несоодветни услови, без потекло, најчесто од страна на препродавачи кои тргуваат надвор од организираните пазарни простори. Минатата недела, во рамки на акциите спроведени на скопскиот Зелен пазар и на пазарот во населбата Ѓорче Петров, запленети и уништени се над 5 тони небезбедна храна. Станува збор главно за овошје и зеленчук кои нелегално се продавале, надвор од пазарот, со што директно ја загрозуваат безбедноста на потрошувачите, но и ја нарушуваат конкуренцијата на пазарот, на штета на примарните земјоделски производители и легалните трговци. Контролите се спроведуваат во координација со комуналната инспекција на Град Скопје, Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат, со цел спречување на нелегалната трговија и обезбедување законски услови за продажба на храна. Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со спроведување на засилените контроли и во наредниот период, на различни локации во Скопје и низ државата. Целта е заштита на здравјето на потрошувачите, спречување на прометот со небезбедна храна и создавање фер услови за работа на легалните трговци и примарните земјоделски производителиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија16 уапсени во голема полициска акција на повеќе локации – запленети дрога, оружје и муниција16 лица се приведени во обемна полициска акција која два дена се одвиваше на повеќе локации во земјава.. Во рамки на акцијата биле извршени 47 претреси во домови и други помошни простории.. Пронајдени и одземени биле поголема количина марихуана, повеќе пакувања со кокаин, како и помали пакувања со кокаин подготвени за понатамошна продажба. Исто така, пронајдени и одземени биле огнено оружје – пиштоли и пушки, разновидна муниција, парични средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела Од МВР информираат дека се поденесени 11 кривични пријави за кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook