Андоновски од Сеул: Пристапот до вештачката интелигенција ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
2Андоновски од Сеул: Пристапот до вештачката интелигенција ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
СветИран заплени танкер во водите на Оманскиот залив и приведоа 18 членови на екипажотИранските власти приведоа 18 членови на екипажот на странски танкер запленет синоќа во Оманскиот Залив, за кој рекоа дека превезувал 6 милиони литри шверцувано гориво.Иранските власти приведоа 18 членови на екипажот на странски танкер запленет синоќа во Оманскиот Залив, за кој рекоа дека превезувал 6 милиони литри шверцувано гориво, објавија иранските медиуми, повикувајќи се на судството во покраината Хормозган. Се вели дека капетанот на танкерот е меѓу приведените како дел од истрагата. Екипажот е од Индија? Полуофицијалната новинска агенција Фарс објави дека екипажот е од Индија, Шри Ланка и Бангладеш. Властите соопштија дека танкерот направил повеќекратни прекршоци, вклучително и „игнорирање на наредбите за запирање, обид за бегство (и) недостаток на навигациска и товарна документација“. Иран, кој има едни од најниските цени на горивото во светот поради големите субвенции и падот на валутата, се бори со широко распространетиот шверц на гориво по копно до соседните земји и по море до арапските земји од Заливот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Ќофтиња од компир и тунаВо понеделник (12.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Дамјан Стојаноски.Состојки за денешниот рецепт: 3 компири 3 јајца 1 главица кромид половина морков половина страк праз 1 голема конзерва туна 3 - 4 чешниња лук половина китка копар или магдонос 5 лажици лебни трошки масло сол, бибер и др. зачини по избор Прилог шери домати млади кромитчиња соја сос Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење во Скопје ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 13.10.2026 до 16.10.2026 зема 160 примероци за физичко-хемиска и 160 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: ЈП Водовод и канализација – Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАндоновски од Сеул: Пристапот до вештачката интелигенција ќе го дефинира напредокот на поединецот и општествотоМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја предводи македонската делегација на Глобалниот Самит за вештачка интелигенција во Сеул, Република Кореја. Андоновски се обрати на Министерскиот состанок во рамки на Глобалниот самит и повика владите да обезбедат основно ниво на бесплатен пристап до корисни алатки за вештачка интелигенција, почнувајќи од образованието, развојот на вештини и пристапот до јавни услуги. Во своето обраќање, Андоновски предупреди дека постои ризик вештачката интелигенција да го продлабочи јазот меѓу побогатите земји и економиите во развој, како и меѓу граѓаните со различни приходи. „Земјите што имаат средства да вложуваат во напредни алатки, пресметковни капацитети и вештини можат забрзано да напредуваат, додека економиите во развој дополнително да заостануваат. Талент постои во секоја држава, но можноста да се пристапи до вештачка интелигенција не е еднаква за сите“, истакна Андоновски. Министерот нагласи дека достапноста на вештачката интелигенција мора да стане јасен развоен приоритет, а како можни механизми ги посочи заедничкото користење пресметковни ресурси, регионалниот пристап и националните програми за развој. Во тој контекст, Андоновски го претстави значењето на „Везилка“, македонската антена поврзана со европските фабрики за вештачка интелигенција. Преку неа, компаниите и јавните институции се поврзуваат со европски суперкомпјутерски ресурси, добиваат поддршка за развој на практични решенија и се создаваат јазични модели и податочни збирки на македонски јазик. Осврнувајќи се на суверенитетот на податоците, министерот истакна дека тој подразбира способност државата да ги развива и проширува сопствените дигитални решенија, да ги заштитува информациите на граѓаните и со доверба да соработува со меѓународните партнери. „Можноста да се користат придобивките од вештачката интелигенција не смее да зависи од богатството на една држава или од приходите на едно семејство“, заклучи Андоновски. На маргините на самитот, министерот Андоновски ќе оствари и билатерални средби со заминикот претседател на Светска банка, претставници на Република Кореја и колеги министри, на кои ќе разговара за продлабочување на соработката во дигиталната трансформација и вештачката интелигенција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter