Русија изврши напади врз енергетската инфраструктура што ја снабдува украинската армија - Канал 5

Русија изврши напади врз енергетската инфраструктура што ја снабдува украинската армија

Руските вооружени сили извршија напади врз енергетски објекти што го обезбедуваат работењето на украинскиот воено-индустриски комплекс, објави денеска руското Министерство за одбрана.

Русија изврши напади врз енергетската инфраструктура што ја снабдува украинската армија

Според соопштението, нападите биле извршени од оперативно-тактичка авијација, ударни беспилотни летала, ракетни сили и артилерија на различни групи на руската армија.

Руското министерство додаде дека биле нападнати и складишта за гориво, како и привремени контролни пунктови на вооружените сили на Украина.

Според украинската јавна служба Суспилне, руските сили утрово извршиле напад врз индустриската инфраструктура во Одеса, објави регионалната воена администрација на Одеса.

Украинските медиуми ноќеска известија за експлозии во Киев, Криви Рих, Харков и Днепропетровск, каде што, според извештаите, биле регистрирани прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)

Скриено во северна Италија, недалеку од швајцарската граница и езерото Маџоре, селото Куриља кон Монтевијаско се чини дека било „заробено“ во друго време.

Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)

Сместено во долината Ведаска, во областа Варезе, ова необично планинско гратче нема пат низ кој поминуваат автомобили. До него се стигнува пеш - преку 1.400 камени скали.

Ситуацијата се промени во 1989 година.

За локалното население, стрмната патека беше главната врска со остатокот од светот со векови. Сепак, ситуацијата значително се промени во 1989 година, кога беше изградена жичарница што го поврзуваше селото со долината.

Сепак, по сериозна несреќа, жичарницата престана да работи во 2018 година, објавува Дневни аваз.

Монтевијаско потоа беше практично „отсечен од светот“ речиси седум години, а до селото главно се стигнуваше пеш.

Зачуван е автентичниот изглед

Жичарницата повторно се отвори во 2025 година, што повторно им овозможи на жителите и посетителите многу полесен пристап до селото.

Денес, во Монтевиаско живеат само околу десетина луѓе, додека историскиот комплекс го зачувал својот автентичен изглед. Камени куќи, дрвени балкони, тесни улички и традиционални камени покриви му даваат на селото изглед што е тешко да се најде во модерна Европа.

На крајот од големото скалиште се наоѓа светилиштето на Мадона дела Серта.

YouTube video

Сите посетители имаат избор

Иако искачувањето од 1.400 скали е физички напорно, токму поради оваа причина Монтевиаско привлекува ентузијасти за планинарење и туристи кои сакаат да видат едно од најнеобичните села во Италија.

Денес, посетителите имаат избор - можат да се качат на старата камена патека и да се искачат речиси 1.400 скали или да ја користат жичарницата што стигнува до селото од Понте ди Пјеро за неколку минути. Монтевиаско сè уште го зачувува она што го прави посебен - неговата изолација, камената архитектура и чувството дека влегувањето во селото ве враќа неколку векови назад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС против дата-центрите, дури и кога нивни сопартијци ја препознаваат нивната корист

Веќе е јасно дека за се што е во интерес на граѓаните и за секој проект што носи развој и инвестиции, талогот на СДС предводен од Венко Филипче е против.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС против дата-центрите, дури и кога нивни сопартијци ја препознаваат нивната корист

И во контекст на дата-центрите, односно центрите за податоци, Филипче повторно се обидува да ја спинува темата и да создава неоправдана загриженост кај граѓаните, наместо да ги согледа придобивките.

Развојот на дата-центрите е можност за привлекување инвестиции, развој на нова индустрија, отворање нови работни места и напредок на државата.

Јасно е кажано дека електричната енергија ќе се набавува на пазар или од обновливи извори, додека за ладењето на дата-центрите постојат повеќе различни решенија. Тоа значи дека манипулациите со наводна опасност за водните ресурси не ја кажуваат целата слика.

Сегашен пратеник и поранешен премиер од редовите на СДС, Димитар Ковачевски, јавно кажа дека не го дели ставот на Филипче за ова прашање.

Значи, Филипче не само што е против проектите на Владата, туку е против секој па дури и сопартијци кои препознаваат дека развојот на оваа индустрија може да биде од корист за државата.

Филипче зборува за цената на електричната енергија и за користењето на водата, но кога веќе се дадени конкретни објаснувања за овие прашања, останува впечатокот дека неговата цел не е да понуди решение, туку по секоја цена да биде против.

Граѓаните заслужуваат политика што ќе поддржува инвестиции, нови индустрии и економски развој, а не политика на постојано кочење од страна на опозицијата и политички спинови, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Клековски и Мицкоски не менаџираат со кризата - се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска: 56 случаи, 7 починати

Во Македонија до 1 септември годинава се регистрирани вкупно 56 случаи на западнонилска треска, има и 7 починати. 

СДСМ: Клековски и Мицкоски не менаџираат со кризата - се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска: 56 случаи, 7 починати

Македонија е на првото место во Европа по бројот на заболени во однос на бројот на жители, пред земји како Италија, Грција, Романија.

Повторно, исто како и здравствената криза со труењето во Гостивар, здравствените институции на Мицкоски закаснија со реакцијата.

Владата на Мицкоски нема капацитет да превенира и да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира дури откако кризата ќе ескалира.

Дури ниту против комарци не прскаат навреме, и со тоа задоцни Орце Ѓорѓиевски.

Не функционира системот за превенција, заштита и контрола на вектор-преносливи болести.

Не функцираат градоначалниците на ВМРО-ОКГ.

Не фукционираат здравствените институции.

Државата не менаџира со епидемијата – туку само реагира на нејзините последици.

Цената ја плаќаат граѓаните, со своето здравје, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер