Макрон воведува забрана за социјални мрежи за помлади од 15 години- го бара истото за сите земји во ЕУ
1Макрон воведува забрана за социјални мрежи за помлади од 15 години- го бара истото за сите земји во ЕУ
3Потпишан Договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив во Загреб
ТехнологијаРусија и Кина планираат да постават нуклеарен реактор на МесечинатаРусија започна со развој на нуклеарна централа за планираната заедничка лунарна станица со Кина, изјави Јуриј Борисов, шеф на руската вселенска агенција Роскосмос.Борисов, поранешен заменик-министер за одбрана, во март изјави дека Москва ја разгледува идејата за напојување на електраната со нуклеарна енергија. „Русија и Кина ја разгледуваат можноста за поставување нуклеарен реактор на Месечината во периодот од 2033 до 2035 година, што еден ден ќе овозможи изградба на лунарна населба“, изјави тогаш Борисов. „Сериозно го разгледуваме проектот за испорака и инсталирање енергетски реактор на површината на Месечината заедно со кинеските колеги“, изјави Борисов. Во Русија моментално се активни 11 нуклеарни централи, додека во Кина се активни 55 нуклеарни реактори. Борисов во март рече дека соларните панели нема да можат да произведат доволно електрична енергија за напојување на идните населби на Месечината, додека нуклеарната енергија би можела. Тој додаде дека тоа е голем предизвик и треба да се направи без човечко присуство. Борисов потврди и дека Русија планира да изгради товарен вселенски брод на нуклеарен погон. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМакрон воведува забрана за социјални мрежи за помлади од 15 години- го бара истото за сите земји во ЕУ Францускиот претседател Емануел Макрон побара од Европската комисија да ја поддржи забраната на социјалните мрежи за деца под 15 години во ЕУ. Неговата канцеларија објави дека тој се одлучил за тој потег откако Франција не успеа да воведе свој закон, пишува Ројтерс. Писмо до Урсула фон дер Лајен Во писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, од 29 август, Макрон изјави дека воведувањето забрана на ниво на целата Унија станало итно. Тој нагласи дека новото законодавство на ЕУ е неопходно бидејќи францускиот Уставен совет го отфрли националниот закон ова лето, непосредно пред да стапи на сила во септември. „Верувам дека сега е потребно да се оди чекор понатаму и да се воведе единствена забрана за пристап до социјалните мрежи за лица под 15 години преку новата европска законска рамка. На тој начин би ги заштитиле сите деца во Унијата“, напиша Макрон во писмо до кое дошле Ројтерс и други медиуми. Поделени ставови во Европа Откако Австралија воведе таква забрана минатата година, неколку европски земји размислуваат за слични ограничувања. Причината е растечката загриженост за влијанието на овие платформи врз менталното здравје и безбедноста на младите луѓе. Сепак, некои земји, особено оние во Скандинавија, веруваат дека одлуката треба да ја донесат родителите. Приоритетот на Макрон и плановите на Комисијата За Макрон, ова прашање стана приоритет во последната година од неговиот претседателски мандат, пред изборите во 2027 година. Тој веќе некое време лобира кај другите влади на ЕУ да ги поддржат овие ограничувања. Тој исто така најави дека, без оглед на исходот на европско ниво, Франција ќе го финализира законот што Уставниот совет го поништи, иако политичката фрагментација во парламентот и тешките преговори за буџетот би можеле да го отежнат неговото усвојување. Фон дер Лајен уште во јули изјави дека Европската унија ќе преземе чекори за ограничување на пристапот до социјалните мрежи за најмладите во сите 27 земји-членки. Таа се осврна на предлозите на двајца автори кои препорачуваат воведување систем по возрасни групи. Според тој модел, децата под 13 години би имале само ограничен надгледуван пристап, додека ограничувањата постепено би се ублажувале со возраста. Макрон, од друга страна, се залага за построг пристап и повикува на целосна забрана за користење на социјалните мрежи до 15-годишна возраст. Тој го испраќа своето барање пред говорот за состојбата на Унијата што Фон дер Лајен ќе го одржи во Европскиот парламент на крајот од овој месец.Тагови: Емануел Макрон социјални мрежи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПожар прави пустош низ Црна Гора- од чадот, не се гледа патот (ВИДЕО)Возач кој вчера се враќал од Жабљак испратил на познатата Инстаграм страница „Подгорица Тајм Машин“ загрижувачки информации за пожарите во областа Шавник.Како што наведува, активни пожари може да се видат на неколку локации низ Цена Гора, додека голем дел од теренот веќе е зафатен од пламен и претрпел значителна штета. „Оган гори насекаде. Огромни пожари, а голем дел од областа веќе е изгорен. Она што најмногу ме вознемирува е што не видов ниту едно противпожарно возило по целиот пат, ниту пак некоја сериозна акција за ставање на пожарот под контрола и спречување на уште поголема штета“, наведува читателот. View this post on Instagram A post shared by Подгорички времеплов (@podgoricki_vremeplov) Тој додава дека сцените на кои наишол се многу вознемирувачки и дека е тажно да се гледа како пожарот ги проголтува шумата и природните пејзажи. Апелираме до сите граѓани да бидат внимателни, да не палат оган на отворено и веднаш да пријават секој пожар што ќе го забележат кај надлежните служби.Тагови: пожар Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПотпишан Договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив во ЗагребВчера, во Загреб, директорот на Државниот архив на Македонија, м-р Димитар Богески, и директорот на Хрватскиот државен архив, д-р Динко Чутура, свечено потпишаа Договор за соработка меѓу двете институции. На настанот присуствуваше и амбасадорот на Република Македонија во Република Хрватска, д-р Драган Ѓурчевски. Со овој договор се отвора широк простор за реализација на заеднички изложби, стручни работилници, предавања, како и за непосредна размена на кадри и искуства. Посебен акцент е ставен врз процесите на дигитализација, заштита, обработка, конзервација и реставрација на архивскиот материјал. Размената на искуства во областа на дигитализацијата е од особено значење за модернизација на архивската дејност, овозможувајќи современо чување и поголема достапност на историското и културното наследство за пошироката јавност. Државниот архив упатува посебна благодарност до амбасадорот д-р Драган Ѓурчевски за неговото несебично залагање и поддршка во успешната реализација на оваа значајна иницијатива. Државен Архив на МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12