Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски
2Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски
3МОН: Се доградуваат училници во ОУ „Александар Македонски“ во Аеродром, инвестицијата ќе овозможи едносменска настава
СветРусија го нападна Киев со дронови и ракети, прекин на водата и електричната енергијаРуските сили започнаа комбиниран напад со дронови и ракети врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, прекинувајќи го снабдувањето со вода и електрична енергија, изјави градоначалникот на градот Виталиј Кличко.Напад на источниот брег на реката Днепар го прекина снабдувањето со електрична енергија и вода. Погодена е зграда, а едно лице е повредено, изјави Кличко на Телеграм. Неофицијалните новински канали на Телеграм објавија фотографии од големи станбени згради без светла. Тимур Ткаченко, началник на воената администрација на украинскиот главен град, изјави дека е оштетен магацин и дека неколку автомобили се запалени. Тагови: дронови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСеверна Кореја со осуда за воените вежби на САД и Јужна КорејаСеверна Кореја ги осуди воените вежби на САД и Јужна Кореја и изјави дека ќе продолжи да го користи своето право на самоодбрана, објавија севернокорејските државни медиуми.Повикувајќи се на севернокорејската новинска агенција „KCNA“, Ројтерс објави дека Пјонгјанг изјавил дека Северна Кореја ќе продолжи да го користи своето право на самоодбрана за да се спротивстави на „воените закани од американските и јужнокорејските сили“. Соопштението на „KCNA“ ги осуди воените вежби, велејќи дека тие придонесуваат за зголемување на тензиите на Корејскиот Полуостров. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во вторникот дека му наредил на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет „значително да ги намали заедничките воени вежби“ со Јужна Кореја затоа што земјата не сака да им се придружи на САД во „денуклеаризацијата“ на Иран. „Врз основа на мојот многу добар однос со претседателот Ким од Северна Кореја, не сум задоволен од фактот што САД одамна се согласија да учествуваат во заеднички воени вежби со Јужна Кореја. Овие вежби не само што се скапи за САД, кои ги сносат поголемиот дел од трошоците (како и обично!), туку испраќаат сигнал кој е целосно несоодветен и непријателски настроен кон земја која, сè додека Доналд Џ. Трамп е претседател, не претставува никаква закана“, рече Трамп во претходна објава на социјалната мрежа „Truth Social“.Тагови: Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
ФудбалПрвиот Јапонец во Астон Вила – голман, засилување и на бековската позиција Поранешниот голман на Парма и јапонски репрезентативец, Зион Сузуки, потпиша договор со Астон Вила, соопшти англискиот фудбалски клуб.Деталите од договорот не се објавени, но британските медиуми пренесуваат дека Астон Вила потрошила околу 35 милиони евра за трансферот на јапонскиот голман. Сузуки (23) е член на Парма од 2024 година и има одиграно вкупно 59 натпревари. Пред Парма, тој бранел за Сент Труден и Урава. За јапонската репрезентација има одиграно 28 натпревари. Денес Астон Вила се засили и со досегашниот бек на Атлетико Мадрид, Матео Руџери кој пристигна во Бирмингем за 25 милиони евра плус бонус од 1,5 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска СтрезоскиНа средбата се разговараше за актуелните состојби и предизвици со кои се соочува Академијата, како и за новиот Закон за Академијата за судии и јавни обвинители, кој е во владина процедура. Со предложеното законско решение ќе се создадат услови за непречено функционирање на Академијата, вклучително и за надминување на досегашниот застој и продолжување на процесот за прием и обука на новата генерација слушатели на Академијата. Предложениот закон предвидува унапредување на нормативната рамка за функционирање на Академијата, со цел поефикасно спроведување на постапките за прием, обука и практична подготовка на идните судии и јавни обвинители, како и обезбедување континуитет во спроведувањето на програмите за почетна и континуирана обука. Посебно внимание на средбата беше посветено на просторните и техничките услови за работа на Академијата, како и на потребата од зајакнување на нејзините капацитети, имајќи го предвид обемот на активностите што следуваат. Министерството за правда и Академијата продолжуваат со заедничка работа за унапредување на квалитетот на обуките и зајакнување на капацитетите на правосудството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter