3 Стравот од летање мачи милиони патници – Оваа едноставна техника помага да се намали анксиозноста за време на летот
ТенисРуд го откажа настапот во ВимблдонНорвешкиот тенисер Каспер Руд (АТП-16) го откажа настапот на овогодинешното издание на најголемиот турнир во светот, Вимблдон, кој започнува за осум денови, поради повреда на коленото.Руд, кој два пати играше грен слем финале на Ролан Гарос, веќе некое време се бори со повреда на коленото, која во голема мера беше причина за неговата рана елиминација во 2. коло во Париз минатиот месец. „За жал, Каспер сè уште не е подготвен за натпревари во три освоени сетови. Затоа, неговиот следен настап ќе биде во Гштад“, објави менаџерката на Руд, Тина Фалстер. Во својата досегашна кариера, Руд не остави длабока трага на Вимблдон и неговото најдобро достигнување на терените на Ол Ингланд Клубот е пласманот во 2 коло. /MИАТагови: Вимблдон Руд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗаседаваше кризниот штаб за надминување на состојбата во ГостиварКризниот штаб бара решение за обезбедување технички исправна вода во Гостивар. Водата и натаму е небезбедна за употреба, а залихи ќе се обезбедуваат со цистерни од околните општини, но и од Куманово, Кавадарци и Неготино. Кризниот штаб усвои и низа дополнителни мерки за заштита на здравјето на граѓаните на Гостивар. Во меѓувреме продолжува да се испитува квалитетот на водата, а на помош се испратени и екипи од скопскиот водовод.Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево со температура до 34 степени Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност.Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец, особено долж Повардарието и во источните делови од земјата. Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 Целзиусови степени, додека максималните ќе достигнат од 24 до 34 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утре под влијание на влажен бран се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар. Врнежите наместа ќе бидат проследени со грмежи и со засилен ветер, а температурите значително ќе опаднат.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минутиНа ГП „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути.Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата – информира АМСМ. Препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – ДелчевоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter