Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
1Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
СветРубио: САД сега подобро ги разбираат условите под кои Русија би била спремна да ја заврши војната во Украина-Можеби за прв пат во оваа администрација имаме конкретни примери за работите што Русија би ги побарала за да се заврши војната, рече Рубио во интервју за Фокс Бизнис Нетворк. САД подобро ги разбираат условите под кои Русија би била спремна да ја заврши војната во Украина откако претставникот на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. -Можеби за прв пат во оваа администрација имаме конкретни примери за работите што Русија би ги побарала за да се заврши војната, рече Рубио во интервју за Фокс Бизнис Нетворк. Тој додаде дека клучните елементи во секој договор би вклучувале територија. Рубио истакна дека останува уште многу работа да се направи пред евентуалната средба меѓу претседателот Трамп и неговиот руски колега Путин за да се стави крај на војната во Украина. -Денеска беше добар ден, но сè уште имаме многу работа. Има многу пречки што треба да се надминат, се надеваме дека ќе го постигнеме ова во наредните денови и часови, можеби и недели, истакна државниот секретар кратко откако Белата куќа ја потврди информацијата од „Њујорк тајмс“ дека Трамп „е отворен“ за лична средба со Путин, како и со Зеленски. Тагови: Доналд Трамп Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаССК го одржа годишното собраниеСојузот на стопански комори попладнево го одржа годишното собрание на кое беа сумирани активностите и резултатите од работењето во изминатиот период.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканОд март се враќа задолжителниот воен рок во Србија, најави ВучиќПретседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека во март следната година повторно ќе се воведе задолжителниот воен рок.Претходно, актуелната власт најави враќање на задолжителното служење на воениот рок во Србија во траење од 75 дена за мажи до 30 години. Армијата на Србија, со одлука на претходните власти, официјално стана професионална војска на 1 јануари 2011 година, кога стапи на сила собраниската одлука за укинување на обврската за служење воен рок. Редовното служење на воената обврска тогаш беше заменето со доброволно служење, а војската почна да се пополнува со професионални војници и офицери.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСАД и Иран се договориле да го прекинат последниот бран судири и да се вратат на преговарачка масаИран и Соединетите американски држави постигнале договор за прекин на последниот бран меѓусебни судири во Персискиот заливИран и Соединетите американски држави постигнале договор за прекин на последниот бран меѓусебни судири во Персискиот залив и да ги продолжат разговорите согласно меморандумот за разбирање што неодамна го потпишаа двете страни, потврдил американски функционер за неколку светски медиуми. Веста за постигната согласност за прекин на непријателствата, како што наведуваат медиумите, ги зголемува надежите дека привремениот мировен договор меѓу Вашингтон и Техеран може да опстане и покрај меѓусебните вооружени судири во последните денови. Американскиот новински портал „Аксиос“, повикувајќи се на неименуван висок американски функционер, објави дека разговорите меѓу претставиците на Вашингтон и Техеран треба да продолжат утре, во главниот град на Катар, Доха. Засега не е познат ставот на Техеран во врска со наводите кои доаѓаат од страна на извори од американската администрација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook