РСБСП: Сообрајните незгоди не се случуваат, сообраќајните незгоди се предизвикуваат! - Канал 5

РСБСП: Сообрајните незгоди не се случуваат, сообраќајните незгоди се предизвикуваат!

Сообраќајните незгоди не се случуваат, сообраќајните незгоди се  предизвикуваат  со неодговорно учество во сообраќајот!

РСБСП: Сообрајните незгоди не се случуваат, сообраќајните незгоди се предизвикуваат!

По повод 15 ноември, Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајните незгоди, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги потсетува учесниците во сообраќајот дека сообраќајните незгоди не се случајни, туку се предизвикани од невнимателно и неодговорно учество во сообраќајот.

Сообраќајните незгоди, за жал, се сериозен проблем на сите современи општества. Трогателните слики со смрт и крв на патиштата, кои секојдневно се случуваат на патиштата ширум светот, се тешки и мачни за гледање, но уште потешко е директно да се сочите со нив и со нивните последици.

Секој загубен човечки живот носи тага, болка, празнина и тежина на душата за членовите на семејството, роднините и пријателите на починатото лице. Загубените животи во сообраќајни незгоди носат дополнителна болка, дополнителна тага и тежина затоа што загубите и повредите во сообраќајот се неочекувани, насилни, трауматски, трагични настани.

Товарот на тага и болка што го доживуваат огромен број луѓе како последица на сообраќајните незгоди е уште поголем ако се има во предвид фактот дека голем дел од жртвите и повредените лица во сообраќајни незгоди се деца и млади.

За жал, црната светска и домашна статистика и понатаму покажува дека сообраќајните незгоди се причина за голем број на загубени човечки животи, голем број на загинати лица и уште поголем број на повредени лица со трајни телесни повреди, уништени семејства и огромни материјални загуби.

Според СЗО, годишно, во светот 1.3 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, а 20 до 50 милиони лица се повредени. Тоа значи дека над 3.500 лица умираат дневно, како последица од сообраќајни незгоди, односно на секои 24 секунди, едно лице, – нечие дете, брат, сестра, родител, роднина, пријател.... го губи животот во сообраќајна незгода.

Според статистиката, во 2019 година , во Република Македонија , 132 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди, а 5164 лица се повредени.

Да кажеме стоп за смртта на патишта! Сега и веднаш! Време е секој да сфати дека сообраќајните незгоди на бираат време, место и личности. Сите сме потенцијални жртви! Многу човечки судбини денес ќе беа различни, многу семејства кои денес се обвиткани во црно, ќе беа посреќни и повесели, многу детски или родителски солзи немаше да се пролеат, доколку сите учесници во сообраќајот покажат повисоко ниво на свест, совест, дициплина и одговорност во сообраќајот. Да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи!

Во таа насока, РСБСП со апел: Покажи грижа! Разбуди ја свеста! Вози совесно и одговорно! Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди има за цел да се потсетиме на оние кои го загубија животот во сообраќајни незгоди во минатото, да им оддадеме почит на загинатите, да дадеме поддршка на тие кои настрадале во сообраќајни незгоди и да извлечеме поука за сериозноста на последиците од сообраќајните незгоди.

# ВОЗИОДГОВОРНО!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува.

Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите.

Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто.

Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто.

Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови.

Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Во понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Состојки за денешниот рецепт:

1 помека тиква

2 главици кромид

2 моркови

4 чешниња лук

1 парче сирење

400 гр. шманд или кисела павлака

100 гр. печени семки

100 мл. маслиново масло

2 големи лажици сув зачин

2 големи лажици куркума

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ирачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку Ирак

Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп.

Ирачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку Ирак

Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидува влез на американските сили во јужен Иран преку Ирак.

Ова го пренесува весникот „Ал-Мада“, повикувајќи се на анонимни извори блиски до владата.

Според овие наводи, планот содржи три сценарија. Едното предвидува копнен упад на САД во Иран, додека другото вклучува можност Иран да изврши притисок врз Багдад за да дозволи влез на иранските сили во Кувајт преку ирачкиот град Басра. Третото сценарио не е опишано. Оваа информација не е независно потврдена, а ниту Белата куќа, ниту кабинетот на ирачкиот премиер не ја коментираа.

Според истиот извор, Ал-Заиди предупредил дека вооружените фракции ќе бидат уапсени доколку се вклучат во војната на страната на Иран. Наводно, Вашингтон бара од Багдад да преземе конкретни мерки во однос на групите блиски до Техеран, стравувајќи дека Ирак би можел да стане појдовна точка за напади или одмазда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер