РСБСП: Новини во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата

Законот за безбеденост на сообраќајот на патиштата, како и секој друг закон е жива материја која постојано се менува и дополнува согласно новонастанатите услови и утврдените фактички состојби и потреби при неговата секојдневна примена.

Со цел информирање на учесниците во сообраќајот РСБСП со појаснување на најновите измени на ЗБСП кои веќе стапија во сила.

Во прв план, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се усогласува со Законот за прекршоци со што во голем дел се намалува висината на предвидените парични санкции за сторен сообраќаен прекршок. Притоа важно е да се потенцира дека за оние сообраќајни прекршоци кои спаѓаат во групата на животозагрозувачки, (возење под дејство на алкохол, непочитување на правилата за ограничување на брзината, итн.) висината на предвидените парични санкции за сторен прекршок останува непроменета. Согласно тоа, освен наведените прекршоци дефинирани како животозагрозувачи, за останатите прекршоци, највисока парична санкција за физичко лице, за сторен сообраќаен прекршок, изнесува 250 евра во денарска противвредност.

Новина во делот на санкционирањето е и тоа што се укинуваат таканаречените „негативни поени“ кои досега се впишуваа како замена за изречена парична санкција за сторен сообраќаен прекршок.

Покрај тоа, измените на ЗБСП предвидуваат и низа други новини од кои посебно се издвојува тоа што се регулира учеството во сообраќај со електричен тротинет. Како поважни одредби со кои се регулира учеството во сообраќај со електричен тротинет се издвојуваат:

• Возачот на електричен тротинет е должен да го управува тротинетот по

велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени,

по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци.

( се забранува движење со тротинет на коловоз)

• Возачот на електричен тротинет, не смее да се движи по велосипедска патека

односно лента со брзина поголема од 25 km/h., додека по тротоар, пешачка патека

или друга површина наменета за движење на пешаци, не смее да се движи со

брзина поголема од 6 km/h.

• Електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години возраст.

• Возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време

на управувањето на возилото. ( треба, но нема санкција за не носење)

• Возачот на електричен тротинет, од првиот самрак до потполно разденување, како

и во услови на намалена видливост, е должен да носи рефлектирачки елек за време

на управувањето на возилото.

• На електричниот тротинет задолжително треба да има светло во бела боја на

предната страна и светло со црвена боја на задната страна.“

Друга новина во ЗБСП е тоа што возрасната граница за издавање на возачи дозволи изнесува 75 години, наместо 70 како што беше досега со тоа што возач на моторно возило кој наполнил 75 години возраст, задолжително подлежи на контролен здравствен преглед во временски интервали кои не можат да бидат подолги од пет години.

Исто така, Законот предвидува и можност за одземање на возилото до 90 дена.

Според измените на ЗБСП, полициски службеник може да исклучи возило од сообраќај и привремено да го одземе возилото, до утврдување на техничка исправност, но не подолго од три работни дена.

Доколку биде утврдена техничка неисправност на возилото, која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење од 90 дена.

Друга важна новина е тоа што според измените на ЗБСП, доколку возачот во период од една година, откако му е изречена санкција - забрана за управување на моторно возило од определена категорија, стори друг сообраќаен прекршок за кој е предвидена прекршочна санкција - забрана на управување со моторно возило, тогаш ќе му биде изречена прекршочна санкција - престанок на важење на возачката дозвола за истата категоријата за која му била изречена прекршочната санкција – забрана за управување.

Со други зборови доколку еден возач за иста категорија на возачка дозвола, за период од една година од изречувањето на првата санкција, стори друг прекршок за кој е предвидена санкција забрана за управување на моторно возило, тогаш на тој возач трајно му се одзема возачката дозвола за таа категорија.

Потсетување дека санкцијата забрана за управување на моторно возило се однесува за сторени потешки сообраќајни прекршоци – возење под дејство на алкохол и психотропни супстанции, возење во населено место со брзина поголема од 30 километри на час над дозволената, итн.)

РСБСП со апел: Возете одговорно и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи!

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер