РСБСП:Не користи мобилен телефон додека возиш!

Современото живеење не може да се замисли без користење на мобилен телефон. Но, наспроти предностите и функционалноста, неговата употреба додека сте вклучени во сообраќајот на патиштата може да биде причина за несакани ситуации.

Користењето на мобилен телефон додека управувате со моторно возило во прв ред го одвлекува вниманието (зборувањето на телефон одвлекува внимание, додека пишувањето пораки на телефон е двојно поопасно затоа што не само што го одвлекува вниманието, туку на момент возачот воопшто не го гледа патот и сообраќајот во кој е вклучен).

Според статистички податоци од релевантни институции од САД, возачите кои користат мобилен телефон додека возат имаат 23 отсто поголеми шанси да бидат вклучени во сообраќајна несреќа отколку другите возачи, додека истражувањата на СЗО покажуваат дека користењето на мобилен телефон за време на возење ја зголемува опасноста од сообраќајна незгода за 4 до 9 пати.

Студија од Универзитетот во Јута, САД, покажува дека времето на реакција на млад возач кој користи мобилен телефон е исто како и на 70-годишен возач кој не користи мобилен телефон, додека според транспортниот институт на Вирџинија испраќањето пораки за време на возење е шест пати поверојатно да предизвика сообраќајна несреќа отколку возењето во алкохолизирана состојба.

Употребата на мобилен телефон додека се управува со моторно возило е ризично, опасно, но и спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Но, и покрај тоа, голем број возачи користат мобилен телефон додека управуваат возило со што го прекршуваат Законот и ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот на патиштата.

РСБСП апелира: Не користете мобилен телефон додека возите! Секој повик може да почека. Покажете грижа за вашата и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

ЈО: Поднесено обвинение за загрозување на сигурноста на новинарка

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави Обвинителен предлог против 31-годишен жител на селото Грчец за кривично дело – Загрозување на сигурноста.

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави Обвинителен предлог против 31-годишен жител на селото Грчец за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 во врска со став 4, како и ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик.

Обвинетиот по пат на информатички систем сериозно и се заканувал на една оштетена дека кон неа ќе изврши кривично дело за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна. Заканите ги упатувал поради нејзиниот општествен статус како новинарка, а во врска со вршењето на нејзините професионални задачи кои ги презела во рамките на своите овластувања.

Со намера да ја вознемири и исплаши, тој упатувал заканувачки пораки кон новинарката преку лажен профил на една социјална мрежа, барајќи од неа да избрише текст што го напишала и објавила, со што кај оштетената предизвикал чувство на загрозување, несигурност и страв.

По издадени наредби на јавен обвинител, МВР го идентификуваше сторителот на кривичното дело, за кое согласно Кривичниот законик е запретена затворска казна од една до пет години. Со ова, од вкупно пет регистрирани напади врз новинари и медиумски работници во текот на 2023 година за кои алармираше Здружението на новинари на Македонија, во три случаи сторителот е идентификуван и е поведена постапка. Од нив, во два предмети, врз основа на поднесените обвиненија, веќе е изречена и пресуда против сторителите на кривичното дело.

Отворен 63. Балкански фестивал на народни песни и игри во Охрид

Со традиционално дефиле на учесниците и целовечерен концерт на Националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“ синоќа во Охрид беше отворено 63. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.

Со традиционално дефиле на учесниците и целовечерен концерт на Националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“ синоќа во Охрид беше отворено 63. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, една од најстарите и најреномираните манифестации од тој вид во земјава.

Фестивалот за отворен го прогласи Антонио Милошовски, потпретседателот на Собранието што е генерален покровител на манифестацијата.

- Секоја држава освен тоа што има класична дипломатија, влада, министерство за надворешни работи и други институции е многу добро кога има и културна дипломатија во своето функционирање, затоа што преку културната дипломатија како што е овој Балкански фестивал се создаваат уште поцврсти врски и на мнбогу подобар начин се претставуваат културното богатство и особеностите на една држава како што е Македонија, но и на сите држави коишто биле и ќе бидат дел од овој меѓународен фестивал на народни игри и песни, рече Милошовски пред публиката во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Од има на градот Охрид учесниците на Балканскиот фестивал и посетителите ги поздрави Перчо Божиновски, претседателот на Советот на Општина Охрид.

- Во Охрид оваа вечер го славиме 63 издание на најстариот Меѓународен фолклорен фестивал – Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Овој настан е од огромно значење за одржувањето на фолклорните, обичајните, етнолошките, културните и над се пријателските врски со сите земји на Балканот чии што играорци ќе продефилираат овие денови низ охридската чаршија и низ древнината на нашиот град, рече Божиновски.

Во рамки на манифестацијата денеска на програмата се настапите на „Севернашки ансамбл“ од Република Бугарија, КУД „Илинден“ од Битола со музичко-сценскиот проект „На Панигир“ – ора и песни од Јужномакедонска етнографска целина и Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, што ќе настапи со сплет на ора од Осоговијата.

На „Долни Сарај“ утре ќе настапат „Севернашки ансамбл“ од Бугарија, Фолклорното студио „Блажески“ од Скопје, Фолклорниот ансамбл „Бисери“ од Охрид, КУД „Круг“ од Сиднеј и КУД „Бенџо“ од Мелбурн, Австралија.

Влезот за сите настани е слободен, а aлтернативна сцена на „Долни Сарај“ е големата сала во НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид.

Балканскиот фестивал на народни песни и игри е меѓународна фолкорна манифестација, основана 1962 година. Првобитното име на фестивалот е „Охридски фестивал на аматерските ансамбли на народни песни и ора“. Свеченото отворање се одржа на 20 јули 1962 година на Градскиот плоштад. Од 1967 година Фестивалот добива концепција на него да учествуваат вокално-инструментални состави и солисти кои ќе го презентираат автентичното народно творештво и традиционалната култура низ ората, игрите, песните, обредите, обичаите, народните носии, инструментите што се употребуваат во музиката и ракотворбите.

Над дваесеттина години Балканскиот фестивал на народни песни и игри е член на двете асоцијации во рамките на УНЕСКО - Интернационалниот совет на организациите за фолкорни фестивали и фолкорна уметност и Меѓународната организација за фолкорна уметност.

На 12 јули свечено отворање на 64-то издание на фестивалот „Охридско Лето”

На 12. јули  на Античкиот театар во Охрид со почеток од 21 часот  започнува церемонината на Свеченото отворање на 64. издание на фестивалот „Охридско Лето”.

Свеченото отворање на 64. издание на фестивалот „Охридско Лето”

На 12. јули на Античкиот театар во Охрид со почеток од 21 часот, Фестивалот ќе биде отворен со концерт на виолинистот Џулијан Рахлин- Литванија и оркестарот на Филхармонија .

притисни ентер