3ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ЗабаваБекамови во ретро издание!!!Мегапопуларниот брачен пар Викторија и Дејвид Бекам објавија фотографија на Инстаграм пред 25-годишнината од бракот. Со оваа фотографија тие ја рекреираа својата многу позната виолетова свадбена облека. И двајцата се облечени во виолетова боја и седат на златен трон. – Погледнете што најдовме – стои во описот на објавата која има речиси милион лајкови на Инстаграм. Дејвид претходно се пошегуваше за модната комбинација на дисковите на пустинскиот остров на Радио 4 во 2017 година: „Имав дури и капа во виолетова боја, што мислев? Изгледав како момците од Dumb and Dumber“. Во коментарите на Инстаграм, мајката на Дејвид, Сандра напиша: „25 години и сè уште изгледаме неверојатно, посебни спомени“. View this post on Instagram A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) Неговата помлада сестра напиша: „Сега изгледате исто толку добро како тогаш. Ќе им кажам на моите деца дека ова е кралот и кралицата на Англија. Ова е моето кралско семејство“, се вели во коментарите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„На кавга со Иван“ - Петар БогојескиУтре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Петар БогојескиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПретежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилниСпоред УХМР времето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на циклонска активност од денес до вторник времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има во недела и во вторник. На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 l/m² за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 l/m². Од среда и во деновите потоа ќе се задржи стабилно време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 1. ноември 2026 година Дневен хороскоп за недела, 1. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Сеуште не сте се оладиле од бурното минато , а веќе ви се местат ситуации за нови љубовни предизвици.Бидете смирени. Кариера Денеска ќе ви се отвори шанса на релативно лесен и пријатен начин да ја зголемите својата заработувачка. Здравје и совет Чувствителност на грлото. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Своите лични односи денеска ќе ги градите на многу суптилни нивоа. Ќе ви биде важно она што е суптилно и нежно. Кариера Она што до сега го постигнавте , ќе ви донесе и некои исклучително интересни опции и идеи. Денеска ги анализирате. Здравје и совет Послушајте ја интуицијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во љубовни прашања денеска ќе го барате она скриеното , недопирливо , суптилно , а ќес е воддите од своето шесто чуло. Кариера Начинот на кој некому ќе може да помогнете , е исклучителен. Не очекувајте ништо конвенционално. Здравје и совет Здравјето ви е добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе успеете во целост да покажете што чувствувате. Ќе биде добро. Единсдтвено е важно да не зборувате премногу. Кариера Сите ситни работи кои денеска ги извршувате , ќе успеете да ги завршите со помош на вашиот шарм.Други ќе ви помиогнат. Здравје и совет Релаксирајте се ,вежбајте и истегнувајте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашата интуиција и фантазија деенсак сигурно ќе ви помогнат за да ги подобрите вашите лични односи. Потпрете се на внатрешниот глас. Кариера Ако имате некои интересни , уметнички или воопшто инвентивни идеи , сега е време да ги изразите или барем да ги ставите на хартија. Здравје и совет Некои делуваат прикриено. Овен 21.3-20.4. Љубов Партнерот ќеви покаже начин како подобро да ги искажувате емоциите. Со задоволство ќе го прифатите новиот стил. Кариера Збунетоста поради специфична задача денеска ќе достигне кулминација. Ќе се прашувате , зошто токму вие? Здравје и совет Прифатете ги предизвиците. Бик 21.4- 20.5. Љубов Рамнотежата која повторно ја чувствувате во врската ќе ве поттикне на похрабри љубовни потези. Кариера Ќе размислувате за барањата на шефовите . Сеуште не можете да ги согледате како реален факт. Здравје и совет Обидете се да се однесувате позрело. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со својата сентименталност ќе ја изненадите саканата личност.Таа овој пат ќе биде во улога на заштитиник.Добро е. Кариера Ќе бидете нервозни заштио една ситна работа никако не можете да ја пруиведете кон крај. Ќе морате повеќе да се потрудите. Здравје и совет Несоница. Рак 22.6-22.7. Љубов Она што моментално недостига во вашиот љубовен живот , денеска ќе го надоместите со својата фантазија. Кариера Големи се вашите очекување од другите , зашто вие работите предано и професионално. Но , не се сите како вас. Здравје и совет Бидете реални во своите проценки. Лав 23.7-22.8. Љубов Денот е добар за опуштени дружења со кафе. Може да прошетате и да се подружите со пријатели, додека љубовните односи се површни и на дистанца. Кариера Ќе успеете да се договорите за една креативна соработка.исто така , ќе успеете да пласирате некои ваши специфични идеи. Здравје и совет Следува нов козметички третман. Девица 23.8.-23.9. Љубов Пред вас е одличен ден за дружење од секаков вид , полно со добри намери и искреност.излезете, прошетајте и сакајте се. Кариера Многумина ќе успеат креативно да се изразат , а нивните уметнички идеи ќе бидат прифатени. Здравје и совет Ќе се чувствувате како риба во море. Вага 24.9.-23.10 Љубов Оние кои бараат сродна душа , денеска би можеле да забележат одредени емоции кон личност со која работат. Кариера Денот ќе ви донесе уживање , креативност, љубезност и нови атрактивни предизвици. работете што било , ќе се исплатува. Здравје и совет Здравјето ви е добро.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook