3Мицкоски добивал закани по живот, приведен 39 – годишник од Черкезе, Обвинителството поведе постапка и бара притвор
Боледувањето од матичен лекар да се намали од 7 на 5 дена, ќе се менува правилникот, ќе има построги контроли, предлага фондот
2Боледувањето од матичен лекар да се намали од 7 на 5 дена, ќе се менува правилникот, ќе има построги контроли, предлага фондот
3Министерството за здравство со внимание ги следи и сочувствува со наводите изнесени во јавноста од страна на медицинската сестра Љубица Шавреска
Шоу бизРоналдо во детството немал пари ниту за хамбургер!!!Интервјуто на еден од најбогатите и најдобри светски фудбалери Кристијано Роналдо со славниот Пирс Морган ја воодушеви светската јавност.Роналдо бил искрен, природен и отворен во разговорот при кој во еден миг дури и пуштил солзи. Морган го потсетил Кристијано на детството, кога како фудбалер на Спортинг одел на задната врата на локалниот Мек Доналдс со соиграчите за да ги добие преостанатите хамбургери. „Кога имав 11-12 години, немав пари. Живеев со другите деца од клубот, со месеци не го гледав семејството. Тоа беше многу тежок период. Доцна во ноќта знаевме да бидеме гладни. Покрај стадионот имаше Мек, ќе тропневме на задната врата и ќе прашавме дали им останал некој хамбургер. Тука беа Една и уште две девојки, кои подоцна никогаш не успеав да ги пронајдам. Се надевам дека ова интервју ќе ми помогне да ги пронајдам.Би сакал да ги повикам во Торино или Лисабон да дојдат во мојот дом на вечера. Сакам да им се заблагодарам за тоа што го правеа за мене како дете, никогаш нема да заборавам што направија тие за мене во тоа време, истакнал Роналдо. По интервјуто се јавила Паула , една од жените кои Кристијано ги споменува. -Ќе се појавеа во ресторанот кога ќе останеше некој хамбургер.Еден од нив беше и Кристијано Роналдо, кој сигурно беше најплашливото дете. Тие доаѓаа скоро секоја вечер, изјавила Паула. Ова се случувало на почетокот на 2000 години, кога Роналдо играше во младинските екипи на Спортинг Лисабон. „На синот му кажав , но тој прво не сакаше да ми верува, поради тоа што му е тешко да замисли дека неговата мајка му давала на Кристијано Роналдо хамбургери. Мојот сопруг веќе знае за ова , тој неколку пати кога доаѓаше по мене на работа знаеше да го види младиот Кристијано“ , раскажала Паула. Роналдо изразил желба сега жените да ги нагости на вечера во својот дом за да им се оддолжи се се што направиле тие за него. -Прва работа која ќе им кажам ќе биде едно големо фала, а потоа ќе разговараме и ќе се сеќаваме за изминатите времиња, истакнал Кристијано Ронадло во интервјуто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗасилен антикорупциски фронт, се следат случаи со сомнежи за поткуп во државните институцииДиректорот на Царинската управа Бобан Николовски не открива за каква јавна набавка станува збор во случајот со помошник-директорот на административен сектор Џевер ИмериДиректорот на Царинската управа Бобан Николовски не открива за каква јавна набавка станува збор во случајот со помошник-директорот на административен сектор Џевер Имери, но најави дека Царината ќе преземе сопствени мерки, откако ќе заврши постапката на надлежното обвинителство и полицијата. На Имери скопскиот Кривичен суд му определи 30 дена притвор. По пријава од граѓанин, ОЈО ГОКК го осомничи дека примил 17.500 евра од кои дел за веќе склучен договор да се реализира без пречки. -Ние како Царинска управа ќе преземеме се што е во наша надлежност меѓутоа оваа постапка ја води надлежното обвинителство, полицијата го изврши апсењето така да ќе чекаме во коминукација со нив и потоа ќе преземеме наши мерки како што преземавме за сите досега осомничени кои беа во нашите редови,- изјави – Бобан Николовски – Директор на Царинска управа на РМ. Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на граничниот премин Табановце на настанот по повод завршување на проектите реализирани во рамки на акцискиот документ – ЕУ против организираниот криминал со поддршка за трговијата, порача дека државата ќе продолжи да се бори против криминалните структури. -Мораме да покажеме дека да се биде криминалец и да се занимаваме со криминал е неисплатлива професија. Оваа Влада има сериозна намера да застане на патот на тие коишто одлучиле да бидат сојузници на криминалот и сакам јасно да кажам на македонската јавност дека тие ќе бидат фатени и изведени пред лицето на правдата,- изјави – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада. Во меѓувреме, Владата најавува и проект со Транспаренси Интернешнл – Македонија, со кој граѓаните треба да добијат дополнителен механизам за пријавување сомнежи за корупција, преку телефонска линија и други канали за пријавување. Од Транспаренси засега не откриваат многу детали за начинот на кој ќе функционира механизмот, со објаснување дека проектот е сè уште во зачеток и дека се работи на неговото прецизирање. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00
МакедонијаКамениот мост добива нов сјај – започнаа активностите за архитектонско и декоративно осветлувањеЗапочнаа активностите за архитектонско и декоративно осветлување на Камениот мост, еден од најзначајните симболи на Скопје и препознатливите обележја на градот.Проектот има за цел да ја истакне архитектонската убавина и историската вредност на Камениот мост, создавајќи впечатлива ноќна визура која ќе биде дел од препознатливата панорама на Скопје. Современото осветлување ќе биде внимателно усогласено со архитектонските карактеристики и автентичноста на мостот. Посебен акцент ќе биде ставен на неговите препознатливи камени сводови, со цел нивната форма и историска вредност да дојдат до израз, без да се наруши изгледот и карактерот на објектот. Камениот мост е сведок на историјата на Скопје и еден од најзначајните елементи на градскиот идентитет. Како врска меѓу двата брега на Вардар, мостот со векови е дел од животот на градот и неговите граѓани. Реализацијата на проектот е резултат на пријателството и добрата соработка со Општина Есенлер, Република Турција, потврдени преку неодамна потпишаниот Протокол за соработка. Од Градот Скопје изразуваат благодарност до Општина Есенлер за поддршката, како и до сите институции, стручни лица и поединци кои се вклучени во реализацијата на проектот. „Нашите симболи ја носат приказната за тоа кои сме. Наша обврска е да ги чуваме, да се грижиме за нив и достоинствено да им ги предадеме на идните генерации. Камениот мост е симбол на Скопје и заслужува да ја добие вистинската светлина и во ноќната панорама на градот“, порачаа од Градот Скопје. Со реализацијата на проектот, Камениот мост ќе добие нов визуелен идентитет во вечерните часови, со што дополнително ќе се збогати градскиот простор и туристичката понуда на Скопје. Град СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЦана: На Инфективна клиника се лекуваат седум пациенти, двајца се во критична состојбаНа Инфективната клиника во моментов се лекуваат седум пациенти од кои два се сеуште во критична состојба.Се намалува бројот на заболени, за само десет дена регистриран е само еден сомнителен случај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00