Роналдо објави фотографија од ќеркичките и за еден час доби два милиони лајкови (ФОТО)

Еден од најпознатите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо, на својот Инстаграм профил објави фотографија од своите ќерки Алана и Ева Марија.

„Се вљубувам секогаш кога ќе ги видам“, напиша Роналдо до фотографијата на близнаците кои се гушкаат.

Алана и Ева се родени пред скоро три години, а Роналдо и неговата девојка, Георгина Родригез, не престанаа да покажуваат колку се гордеат со нив на социјалните мрежи. Постот собра два милиони лајкови за само еден час, а бројни обожаватели признаа дека сцената ги стопила.

„Симпатични“, „Грижете се за семејството“, „Сакам вакви фотографии“, напишале фановите.

УХМР: Врнежите нема да предизвикаат излевање на поголемите реки, на удар градските средини

Најавеното нестабилно време со локални поројни врнежи дожд нема да предизвика излевање на поголемите реки во земјата, но можно е слевање вода во градските урбани средини, соопшти УХМР.

Според Управата, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците.

-Во текот на денешниот и утрешниот ден ќе продолжи да преовладува нестабилно време локално со појава на поројни врнежи, грмежи и засилен ветер. Ваквите временски услови нема да претставуваат опасност за излевање на поголемите реки во земјата. Доколку на одредени места врнежите бидат поинтензивни и паднат за кратко време и ако бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер (кој се очекува во текот на утрешниот ден) можна е појава на слевање вода во градските урбани средини поради неможноста за нејзино одведување за толку кратко време. Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава, наведува УХМР.

Арсовски: СДСМ стана мафијашка партија, Република Македонија стана мафијашка држава

СДСМ стана мафијашка партија, Република Македонија стана мафијашка држава, а кланот Заеви изминативе три години се на врвот на мафијата во државата.

Тоа сите го знаат, го слушаат, го гледаат. И она што е најважно на сето тоа мора да се стави крај.

Од снимката која излезе низ медиумите, гледаме дека Вице Заев директно нарачувал палење на автомобили преку нивни член на подземјето од Битола, Горан Димовски, Тушникот.

Не ни очекуваме дека Вице Заев и Зоран Заев да се дружат со професори и академци, но затоа си имаат работа и се дружат со луѓе кои имаат досиеја, дебели досиеја во полициските документации.

Секој се дружи со своите, во овој случај, криминалците се дружат со криминалците.

Горан Димовски Тушникот – првиот човек на Вице Заев, Зоран Заев и Стојан Чифлигароски од СВ Инвест бизнис кој инаку е бизнис партнер на Вице Заев е човек со сомнително портфолио, кој во МВР има досие за неколку сериозни кражби на автомобили и тешки кражби од затворени објекти. Ова е кругот на најблиските луѓе на Зоран и Вице Заеви.

Горан Димовски Тушникот е човекот кој палел, се заканувал и вршел притисоци по нарачка на Вице и Зоран Заеви.

Јасно се гледа односот на Заеви кон државата и граѓаните. Тоа е мафијашко-пазарџиски однос за жал.

Доволно беше. И ова ќе прекине уште веднаш после изборите на 15 јули. Почитувани господа од кланот Заеви, никој повеќе не ви се плаши и ќе одговарате за се што сте направиле изминативе три години.

Граѓаните додека не можат да врзат крај со крај, додека ја опустошивте државата, Вице, Зоран и останатите изрекетираа и украдоа милиони евра од Република Македонија.

Затоа на овие избори Обновата ќе победи, а криминалците како вас ќе одат во затвор по изборите преку транспарентна постапка во судството кое што ќе ги тргнат канџите од кланот Заеви.

На 15-ти јули ставаме крај на мафијата во Република Македонија и СДСМ ќе паѓа од власт. А, ден потоа одговорност за сите криминали на кланот Заеви и оваа влада на СДСМ.

Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Обвинителот Бубевски заразен со корона вирус, откажано утрешното рочиште за „Монструм“

Јавниот обвинител Гаврил Бубевски поранешен член на СЈО, а сега дел од скопското јавно обвинителство е заразен со коронавирус.

Во известувањето од судот велат дека заради најавено отсуство на надлежниот обвинител утрешното судење за случајот „монструм“ ќе биде одложено, а следната расправа е закажана за крајот на август за што странките ќе бидат своевремено известени.

Бубевски минатата недела имаше две судење со обвинителката Фатиме Фетаи, па во следниот период таа ќе биде во изолација.

И во Апелациониот суд има одложување на судски процеси поради заразени со коронавирус на неколку судии и технички персонал.

притисни ентер