Роналдо на прес конференција здогледа Кока-Кола и направи шоу (ВИДЕО) - Канал 5

Роналдо на прес конференција здогледа Кока-Кола и направи шоу (ВИДЕО)

Актуелниот европски шампион Португалија утре го отвора Европското првенство. Негов прв противник е Унгарија, која ќе ги пречека Кристијано Роналдо и Португалија во преполната Арена „Пушкаш“ во Будимпешта.

Роналдо на прес конференција здогледа Кока-Кола и направи шоу (ВИДЕО)

Унгарија е единствената од сите организатори на ова евро што дозволува целосен капацитет на стадионот, па од 60 до 65 илјади луѓе ќе бидат присутни на овој натпревар.

Во пресрет на мечот, Кристијано Роналдо имаше прес-конференција на која веднаш направи мало шоу. Португалскиот капитен седна на своето место и виде пред себе две шишиња Кока-Кола, официјалниот спонзор на натпреварот.

Ова му пречело на Роналдо, па ја тргнал Кока-Кола на страна. Потоа зел шише вода и гласно рекол:

"Пијте вода!"

Познато е дека Роналдо не сака газирани пијалоци, особено Кока-Кола. Роналдо има десетгодишен син Кристијано Џуниор, кој игра фудбал во Академијата на Јувентус. На доделувањето на Глоуб Фудбалските награди кон крајот на декември 2020 година, Роналдо опиша дека сака да му всади здрави навики на неговиот син.

„Ќе видиме дали и мојот син ќе стане одличен фудбалер“, изјави за португалските медиуми. "Понекогаш пие Кока-Кола и јаде чипс што многу ме нервира и тој го знае тоа. Понекогаш му велам да скокне во ладна вода по трчањето за да се опорави подобро. Тој вели дека е премногу ладно. Во ред е, има само десет години “, додаде Роналдо.

Франција и Германија се исто така во групата со Португалија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Австралија нареди отстрел на ајкула поради напад, потрагата по телото на пливачот продолжува

Мажот кој вчера наутро загина во напад од ајкула на плажата Соренто во Перт, Австралија, е идентификуван како 63-годишниот Грег О'Нил. 

Австралија нареди отстрел на ајкула поради напад, потрагата по телото на пливачот продолжува

Тој пливал близу до брегот кога бил нападнат од голема бела ајкула. ​​

Неговото семејство го опиша како посветен татко и сопруг и голем љубител на океанот, пренесува ABC News.

„Нашето семејство е длабоко потресено и скршено од ужасната трагедија во која животот го загуби еден татко, иден дедо, брат, вујко, сопруг и пријател – Грег Џејмс О'Нил“, се вели во соопштението на семејството.

„Тој беше великодушен и посветен семеен човек кој на своите деца им пружаше огромна љубов, внимание и можности. Грег го сакаше океанот и беше страстен пливач, љубител на спортот, посветен работник и, пред сè, великодушен и духовит човек. Длабоко сме благодарни за сите изрази на сочувство и поддршка што ги добивме.“

Министерката за рибарство на Западна Австралија, Џеки Џарвис, издаде налог за фаќање и убивање на ајкулата. Сепак, таа нагласи дека не смета оти е соодветно да се спроведе поширока акција за нивно истребување по овој инцидент.

Плажите во северните предградија на Перт и денес остануваат затворени додека продолжува потрагата по ајкулата и по телото на жртвата, О'Нил.

Министерката Џарвис објаснила дека одлучила да издаде налог за уништување откако полицијата успеала да ја идентификува ајкулата пред таа да отплива.

„Ја донесов одлуката земајќи ги предвид вонредните околности на нападот, опасноста што ја претставуваше таа ајкула и можноста за прибирање докази за истрагата на судскиот вештак“, изјави Џарвис.

Џарвис забележува дека ова е првпат по десет години во Западна Австралија да се издаде налог за фаќање и убивање ајкула, но нагласува дека масовното истребување на големите бели ајкули не е решение во овие околности. „Големите бели ајкули се меѓународно заштитеен вид. Тоа не значи дека ќе ги истребиме сите грабливци во океанот. Не сакам да им давам на луѓето лажно чувство на сигурност, бидејќи е невозможно целосно да се елиминира секој ризик“, изјави таа.

Досегашната стратегија на Западна Австралија се потпираше на обележување и следење на ајкулите, апликации за предупредување, сирени, заштитни мрежи и лични уреди за одвраќање на ајкули. Министерката најави дека владата ќе ги преиспита постоечките мерки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин: Русија нема агресивни намери кон Европа

Русија нема агресивни намери кон Европа и е подготвена да ги обнови односите и да соработува со своите европски соседи, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Путин: Русија нема агресивни намери кон Европа

Говорејќи на состанокот на Воено-индустриската комисија во петокот, Путин обвини одредени европски лидери дека се подготвуваат за војна со Русија и тврдеше дека тие ги користат конфликтот во Украина и наводната руска закана за да ги оправдаат своите политики.

„Сакам уште еднаш да нагласам: Русија нема агресивни намери кон Европа или кон европските земји“, истакнал Путин. „За тоа едноставно нема никаква основа. Подготвени сме за соработка и за обновување на односите со нашите европски соседи.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Работни средби во Вашингтон.

-Работни средби во Вашингтон.

Мицкоски: Работни средби во Вашингтон.

Со јасен план за посилна и просперитетна Македонија, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски кој со владина делегација е на работни средби во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер