Роналдо дивеел во соблекувалната по победата на Јувентус

Газета Дело Спорт пишува дека иднината на Кристијано Роналдо (35) во Јувентус е сè уште неизвесна.

Португалецот по вчерашната победа над Џенова со 3: 1 во Серија А, најпрво луто го фрли дресот, а потоа дивееше во соблекувалната. Роналдо не успеа да погоди против Џенова, иако беше многу близу во 22-та минута.

Португалецот ја погоди стативата од еден метар далечина, а Алваро Мората ја смести топката во мрежа.

Роналдо беше толку лут по натпреварот што луто го напушти теренот за да замине во соблекувалната. Таму удирал во ѕидовите, се истуширал и си заминал дома во тишина, пишуваат Италијанците.

Газета додава дека Роналдо верува дека Јувентус нема доволно квалитет. Наводно, Роналдо побарал од клубот гаранции за следната сезона во форма на засилување што ќе му помогне на клубот, кој оваа сезона ќе остане без титулата италијански шампион, првпат по девет години.

Роналдо сака клубот да донесе неколку sвезди по негов вкус, но клубот не може да му го гарантира тоа во моментов.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина нема да остане втор мандат

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во април 2020 година.

Засега нема информации кој ќе го наследи Лајчак на оваа функција. Според извори на РСЕ, дискусиите на ниво на ЕУ почнале, но одлуката ќе биде донесена по европските избори во јуни годинава.

Оваа недела беа именувани 43 европски амбасадори во различни земји низ светот. Меѓу нив се и новите амбасадори во Босна и Херцеговина и Косово.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

По Mицкоски на средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија беше и преседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на која разговараа за приоритетите во економијата.

Захарова: Русија нема да учествува на конференцијата за Украина

Русија нема намера да учествува на конференцијата за Украина, чија можност ја спомена украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Претходно Кулеба изјави дека преговорите со Русија за решавање на вооружениот конфликт со Украина би можеле да се одржат меѓу првиот и вториот самит за „формулата за мир“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Русија нема намера да учествува на таква конференција. Формулата на Зеленски не е ништо друго освен алхемија“, истакна Захарова.

притисни ентер