Ромео и Јулија од Корешница, љубовна приказна со среќен крај - Канал 5

Ромео и Јулија од Корешница, љубовна приказна со среќен крај

 Тоа беше забранета, ама вистинска љубов. Тој Турчин, јас Србинка по националност. Бидејќи не ни дозволуваа да се сакаме, решив да одам бегалка за него. 

Ромео и Јулија од Корешница, љубовна приказна со среќен крај

Ја продадовте ќерката за злато, ако не е така, земете ја назад, ете така им велеле луѓе од селото на моите родители и блиски родини. По околу две седмици, многу роднини дојдоа и насила ме зедоа назад. Со клоци низ цело село ме влечеа, некои ме плукаа. Косата ми ја кубеа, забот напред ми го искршија. Во милиција ме однесоа. Ми нагласија, ќе кажеш дека доброволно сама се враќаш. На мојот сакан му рекоа сама се врати. Тој не веруваше, бараше да ме види, да се увери. Велеше, ако не дадете да ја видам, до Скопје ќе одам да се жалам. Кога ме зеде, имаше што да види. Никого не тужев, ниту за навредите, ниту за тепањето. Само сакав да се вратам кај избраникот. Велат, секое чудо за три дена. Сите заборавија на тие моменти, но јас не.

Ова не е извадок од текст или сцена од филм. Ова е вистинска емотивна животна приказна за своевидни Ромео и Јулија и нивната забранета љубов во селото Корешница, Општина Демир Капија. Заедно со двете ќерки тие сега живеат во Измир, Турција.

Тоа што е забрането е слатко

Ленче Сулејманова, порано Богдановиќ, е родена во Неготино. Израснала во селото Корешница, покрај реката Вардар.

-Нашата љубов почна на мали години. Имав 15 години, а Дахил беше седумнаесетгодишен. Бевме деца во исто село пораснати, во школо заедно, во детството, младоста. Заедно почнавме да се збираме во друштво. Се засакавме, иако знаевме дека таквата љубов е забранета, особено во една таква мала средина. Ние сме доказ дека тоа што е забрането е слатко. Умот во тоа ти е. Ти викаат не, ама џабе. Кој да помисли дека такво нешто ќе се случи, никому ни на памет да му падне такво нешто, ама, ете, судбина е. Три години ни траеше флертот. Во почетокот, кога никој сè уште не знаеше за нас, слободно се дружевме. Во селото има амбуланта, таму се збиравме младите. Седевме, музика си слушавме, од милина. Ама кога се дозна за нас, колку и да не признавав дека не е точно дека сме нешто повеќе од пријатели, веќе не бев толку слободна во движењето, ми дадоа некои ограничувања. Некои од моите роднини дури од школо кога излегував пред врата ме чекаа, за да си одам право дома. Тогаш Дахил беше вработен во градежна фирма, па знаеше да ме пречека од школо, но ми забранија. Затоа почнавме подоцна да се наоѓаме, ми раскажа Ленче за почетокот на искрите во нивните срца, кои пламтат и денес.

Станала полнолетна, го завршила средното школо во татковината. А Дахил, 20 години.

-Деца сè уште, што се вели, ама полнолетни веќе. Така што и чинот на бегање така непланирано дојде една вечер. На полноќ бевме двајцата во нашиот двор. Немаше осветлување, темница, ништо не се гледаше. Едно време го забележав татко ми како станува, забележува дека не сум дома, ме бара. Тогаш одлучив да си заминам со саканиот, немав храброст да излезам пред мојот татко. Решив да одам бегалка за Дахил. А баш манастирска вечер во Неготино, кога сите одат во манастир, цел ден спремавме со мајка ми роденден за сестра ми. Ама тој ден во шок ги оставив, избегав. До ден-денес немам храброст да ја прашам сестра ми дали го славеше роденденот. Стапив во брак и таму во родниот крај ќе живеевме. Ама тогаш, тие години, за ваков мешан брак многу лоши мислења и провокации имаше. Ее, откако избегав, почнаа уште поголеми проблеми. Секоја вечер им досадуваа на моите на врата. Ме прашуваш како се чувствував кога ми ја бранеа љубовта и кога морав да одам бегалка за саканиот. Како се чувствував? Виновна спрема родителите во секој поглед. Се извинував, не заслужуваа да ги потресам, си мислев нема ни да ме разберат ни да ми простат. Бев во безизлезна состојба, без чаре. Заљубена, сè на него мислев. Ама не можевме слободно да се најдеме ние заљубените, бевме како во слепа улица, без излез. Еве и сега кога со мислите се навратив на тоа време, солзите не можам да ги сопрам, со многу емоции ми кажуваше Ленче.

Заљубени како и пред три децении

Една година не ѝ зборувале родителите, додека со сопругот живееле во родното село. Трудна заминала и се породила во Турција во 1990 година. Таму живееле една година. Втората ќерка ја родила во 1993 година во Неготино. Следната година пак заминале во Турција, но веќе немала проблем со родителите. Во 1995 година мајка ѝ била кај неа на гости во втората татковина.

-Жални разделби со моите, многу жални. Како да знаеле дека по десет години ќе можам да дојдам назад. Затоа што заминав со југословенски пасош како турист, а во меѓувреме се растури Југославија и не можев да се вратам, дури не добијам турски пасош. Стариот не важеше повеќе. Тие како поминаа во мојата Корешница не знам, ама сакани мои кои живи ги оставив кога заминав, на гробишта ги посетив кога дојдов, се сеќава Сулејманова.

Со многу топлина раскажува за страста што ги споила и трае сите овие години.

-Среќна сум што и по три децении во основата на нашиот брак е љубовта. Јас и Дахил не можеме еден без друг, додека сме на работа по неколку пати се бараме. Онака, без причина, колку да се слушнеме. Верувам дека е тоа од Господа подарена љубов. Среќна сум што моите многу го сакаат Дахил, како да им е роден син. Никогаш не се покајав што своевремено им се спротивставив на сите и ја избрав љубовта. Главата горе и тогаш и сега, горди сме и двајцата на нашата љубов, на двете ќерки, на нашата фамилија. Не ми се верува, поминаа 30 години во брак. Ама поминаа како вода, дали што е со љубов бракот и не се чувствуваат поминатите години, не знам. Но кога ќе ги погледнам ќерките, ах, многу бргу отишле годините. Но за ништо не жалам, рече оваа пријатна жена во разговор за МИА.

Дваесет и пет години си го бара македонското државјанство

Веќе 25 години си го бара македонското државјанство, но засега без успех. Тврди дека се изнадавала пари за документи, но залудно. Децидна е дека никогаш не се откажала од македонското државјанство.

-Само не знам до ден-денес зошто ми го одзедоа македонското државјанство. Заради ваков брак или некој закон што никој не може да ми го објасни. Никогаш не сум се откажала од тоа државјанство. Дедо, татко, мајка, сите имаат македонско државјанство, само јас не. Од каде сум дојдена јас, од небото ли сум падната? Судбината така сакала, со години не можев да си ги видам своите блиски. Со години моите мораа да појдат до Демир Капија во пошта, за да можев барем гласот да им го слушнам по телефон. Подоцна, благодарение на другарот на мојата помлада сестра Светомир Милошевиќ, кој ми е како брат што го немам, имавме позачестена комуникација преку СМС-пораки, колку да знаеме дека сме здрави и живи. Не знам колку солзи имаат истечено. Ем мои ем на мојата мајка, рече мојата нова пријателка.

Додаде дека не се откажува, па и понатаму ќе се бори и ќе бара македонско државјанство.

-Во Турција живееме, ама таму во родниот крај ни се мислите. Постојано наши песни слушаме. Јас се чувствувам како Македонка. Јас вера не сменив, сите празници си ги славам, ем моите ем на сопругот ги почитувам. Девојчињата исто така, знаат македонски, дури и кирилица научија да пишуваат. И тие се заљубени во Македонија. Традицијата не си ја изгубив, им ја пренесов на ќерките. Да не се чувствувам како Македонка, сигурно не би ги терала нашите македонски адети. Зборот Македонка е многу значаен за мене. Затоа со плачење го дочекувам секое одбивање на моето барање за државјанство, нагласи таа.

Кога ја запознав, разбрав дека и селото Корешница има своја бегалка. Фрли му пепел, така ѝ рекле постарите, за да заборави на сите трауми што ги доживеала само заради тоа што невино и искрено љубела.

-Фрлив пепел што се вели, на многумина им простив за тоа што ми го направија. Но одвреме-навреме ветерот во мојата душа ја разнесува пепелта и спомените одново и одново излегуваат на површина, призна таа.

Со Ленче сме речиси врснички. Сме оделе и во иста гимназија. Тоа што не се познававме досега е можеби само чиста случајност, најверојатно сме биле во различни смени. Но затоа на социјалните мрежи комуницираме како да се знаеме со години. Ветив дека ќе се распрашам на сите можни места зошто не може да добие македонско државјанство. Се договоривме и да се видиме кога ќе има прва можност за тоа. А има и што да си кажеме. Со нетрпение очекувам да слушнам уште детали од најголемата вистинска љубов. За приказната за Ромео и Јулија со среќен крај./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Човекојадец убил и изел 38 луѓе- го уапсиле во Уганда

Наводен канибал обвинет за убиство и јадење на речиси 40 луѓе е уапсен во Уганда и може да се соочи со егзекуција!

Човекојадец убил и изел 38 луѓе- го уапсиле во Уганда

Во период од 15 години помеѓу 2010 и 2025 година, „злиот“ Муџуризи Мосес е осомничен за убиство и распарчување на 38 лица. Највисокиот полициски службеник на Уганда го опиша Мосес како најлошиот сериски убиец.

Генералот Мухози Каинеругаба, началник на одбранбените сили на Уганда, изјави дека Мосес е најлошиот сериски убиец во историјата на земјата:

„Со задоволство ги информирам нашите сограѓани дека безбедносните сили го уапсија злиот Муџуризи Мосес. Најлошиот сериски убиец и канибал во историјата на Уганда. Тој убил и изел 38 луѓе помеѓу 2010 и 2025 година во Масака, Ибанда и Каз. Ќе го судиме јавно и дефинитивно ќе го егзекутираме“, рече тој.

Според Метро, ​​Мосес наводно нападнал цели семејства, провалувајќи во нивните домови и убивајќи ги.

Весникот, повикувајќи се на локални истражители, објави дека Мојсеј дупчел дупки низ ѕидовите на домовите на своите жртви, а потоа ги сечел до смрт со мачета. Меѓу неговите жртви наводно бил и Стивен Мугамбе, пентекостален пастор.

Тврдењата дека тој бил убиец и човекојадец првпат излегле на виделина кога жителите на Уганда контактирале со полицијата тврдејќи дека Мојсеј ги убил членовите на нивното семејство.

Истражниот извештај што го доби Метро вели дека 35 лица биле убиени во слични напади во пошироката област Масака во јужна Уганда.

Мојсеј наводно бил уапсен од властите неколку пати, но тој или избегал или бил ослободен под спорни околности.

На 16 октомври, радио мрежа од Уганда објави дека осомничениот се соочува со обвиненија за убиство и трговија со луѓе откако една жена била убиена во Голема Масака на 28 септември. Жртвата била намамена во „ритуално убиство“ со ветување за врска, според истражителите.

Уганданските власти сега истражуваат стари случаи на исчезнати лица, за да видат дали има некакви врски со Мојсеј.

Неговото апсење привлече внимание кон неколку наводни убиства помеѓу 2010 и 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тригодишно дете ги надигра сите на теренот, а потоа интервенира полицијата (ВИДЕО)

Тригодишно фудбалско чудо од дете и неговите родители од Винтер Парк, Флорида, станаа вирални .

Тригодишно дете ги надигра сите на теренот, а потоа интервенира полицијата (ВИДЕО)

Тригодишно фудбалско чудо од дете и неговите родители од Винтер Парк, Флорида, станаа вирални откако беше објавено видео во кое семејството тврди дека им било кажано да „го напуштат теренот“ за време на натпреварот затоа што момчето „играло премногу добро“.

Видеото, снимено во саботата, го прикажува младиот фудбалер од Невада како постигнува голови. Неговите родители, Мартасија и Дон, го бодрат, пред видеото да се префрли на нивниот разговор со службениците на полициската управа во Винтер Парк кои биле повикани на теренот.

Полицијата објави видео

„Ја повикаа полицијата за тригодишното дете затоа што беше премногу добро“, може да се слушне како Дон вели во видеото. „Ја повикаа полицијата за тригодишното дете затоа што ја држеше топката предолго“.

Yahoo.com објави дека снимката од полициската камера покажува претставник од младинската фудбалска лига i9 Sports како им кажува на полицајците дека тој е „добар играч“, но дека „премногу ги турка противниците“.

Тој тврдеше дека таткото и мајката на момчето „направиле сцена, расправајќи се со други родители“, откако тој се обидел да интервенира. Тој исто така рече дека родителите го нарекле „неук“ неколку недели претходно затоа што го извадил нивниот син од играта за, како што рече, другите деца да можат да играат.

@nevadaney10

This is the full game no cut no edit where is the pushing ? ⚽️

♬ original sound - Nevadaney10

Во повик на 911, снимен од полицијата во Винтер Парк, може да се слушне претставник на лигата како вели дека ситуацијата „не е навистина итна“, туку дека сака да пријави родител кој „се однесувал многу несоодветно и го нарушувал настанот“. Претставникот рече дека тој „го следел низ теренот и бил навредлив“.

По инцидентот, i9 Sports ја исклучи Невада од лигата и ја врати таксата за есенска регистрација.

„Ги молам спортските ѕвезди да…“

Виралното видео го привлече вниманието на Рејчел Грифин-Акурс, активистка и едукаторка за деца позната како г-ѓа Рејчел. Таа објави порака на Инстаграм во понеделник, повикувајќи ги „познатите фудбалери“ да ја поддржат Невада.

Во објава, таа го осуди инцидентот.

„Бесна сум! Ги молам спортските ѕвезди да му го дадат целото искуство и љубов што можат да ја добијат. @nevadaney10 Би сакале да го имаме во нашето шоу за да ги покаже неговите неверојатни вештини. Ми требаат луѓе од спортскиот свет да застанат покрај него“, напиша таа.

Во изјава за медиумите, i9 Sports изјави дека е „свесен за загриженоста покрената во врска со инцидентот во една од неговите локални програми на i9 Sports“ и дека ги сфаќа „многу сериозно“.

„Почитта кон секое дете и семејство, како и нивната благосостојба, е од најголема важност за нас. Контактиравме со семејството и започнавме истрага за инцидентот, што вклучува разговор со сите вклучени. Додека се обидуваме да ги утврдиме околностите, нема да шпекулираме или да даваме непроверени информации. Благодарни сме на сите што ни ги посочија своите загрижености“, се вели во соопштението.

„Семејството соработуваше со полицајците“

Полициската управа на Винтер Парк издаде посебна изјава во која го опишува начинот на кој се справил со спорот. Се вели дека бил контактиран од „претставник на лигата“ по „конфронтација меѓу службените лица на лигата и родителите на еден играч“.

„Лигата го замоли семејството да си замине и понуди да ја врати членарината на лигата. Кратко откако пристигнаа полицајците, претставникот на лигата ги замоли да разговараат со семејството, бидејќи не сакаше дополнително да го поттикнува конфликтот. Семејството рече дека натпреварот завршил и дека тие си заминуваат“, се вели во соопштението.

„Семејството соработуваше со полицајците. Не беа извршени апсења, на никој не му беше забрането во паркот и никој не беше принуден да го напушти паркот. Снимките од камерата што се носи на телото ја потврдуваат оваа информација“, се додава во соопштението.

Мајката подоцна рече дека инцидентот „ја трауматизирал Невада“. Иако сака да продолжи да игра фудбал, „не сака да се врати на тоа место“, додаде таа.

„Не мислам дека треба да размислува така, како да направил нешто погрешно кога имал само три години. Ми го крши срцето затоа што сега вели дека не сака да оди таму“, рече Мартазија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крис Браун е осуден поради напад на продуцент- пејачот ја призна вината и ќе оди во затвор

Американскиот Р&Б пејач Крис Браун беше осуден вчера, 26 октомври, во лондонски суд на осум месеци затвор за неговата улога во инцидент во ноќен клуб што се случил во февруари 2023 година. 

Крис Браун е осуден поради напад на продуцент- пејачот ја призна вината и ќе оди во затвор

Во таа прилика, Крис Браун наводно повеќе пати го удрил музичкиот продуцент Абрахам Диау со тешко стаклено шише текила.

Иако нема веднаш да оди во затвор, пресудата претставува нов правен удар за музичарот кој со години се соочува со контроверзии и судски постапки, објавува Ројтерс.

Инцидентот се случил во клубот

За потсетување, инцидентот се случил во февруари 2023 година, околу 3 часот наутро, на подиумот за танцување на приватниот клуб „Тејп“ во лондонската населба Мејфер. Снимките од безбедносните камери го покажуваат Крис Браун, заедно со неговиот пријател и вокален тренер Омолулу Акинлолу (40), како го напаѓаат продуцентот и го бркаат низ клубот.

Браун беше осуден на осум месеци затвор, условно на една година, вчера во Крунскиот суд во Саутерк, откако се изјасни за виновен за насилниот инцидент во јули.

На Акинлолу му беше изречена затворска казна од четири месеци, исто така условна од 12 месеци. И двајцата беа осудени да платат 1.500 фунти за судски трошоци.

Обожавателите чекаа пред судницата

Крис Браун беше пречекан со гласни извици пред судницата, а пејачот застана за да потпише автограм за обожавател и да му испрати бакнеж.

Судијата Тони Баумгартнер му рече на Браун дека неговата успешна музичка кариера не му дава право на посебен третман.

- Повторната употреба на стаклено шише на овој начин, особено кога е насочено кон главата, беше очигледно опасна. Постоеше ризик повредите да бидат многу посериозни од оние што на крајот се здобиле - рече судијата.

Сепак, при одредувањето на казната, тој ги зеде предвид семејните обврски на Браун, како и доказите за неговата хуманитарна работа и финансиски придонеси.

Пејачот претходно осуден за насилство

За време на судењето, беше наведено дека Браун има претходни пресуди за две насилни кривични дела, од 2009 и 2013 година.

Неговата одбрана ги опиша тие случаи како „кратки и изолирани“ инциденти извршени во младоста, за кои пејачот длабоко жали.

Во 2009 година, Браун се изјасни за виновен за кривично дело напад откако физички ја нападнал својата тогашна девојка, пејачката Ријана, во Лос Анџелес, кратко пред доделувањето на Греми наградите.

Беше осуден на пет години условна казна, 180 дена општествено корисна работа и една година советување за семејно насилство.

Тој беше осуден и за полесно кривично дело напад по конфронтација пред хотелот V во Вашингтон, во октомври 2013 година.

Според полицискиот извештај од тоа време, Браун изговорил хомофобична навреда, а потоа удрил маж кој се обидел да се придружи на фотосесијата со пејачката.

Браун се здоби со слава како тинејџер во 2005 година, а неговите најпознати хитови се „Run It!“, „Loyal“ и „Under the Influence“.

Тој има освоено две Греми награди за најдобар R&B албум. Првата ја освои во 2012 година за неговиот албум „F.A.M.E.“, а втората во 2025 година за издавањето „11:11 (Deluxe)“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер