Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
2Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
Таа има 100, а тој 101 година! Во брак се осум децении, а секој петок наутро го прават истото – велат дека токму тоа им го одржува бракот!
1Таа има 100, а тој 101 година! Во брак се осум децении, а секој петок наутро го прават истото – велат дека токму тоа им го одржува бракот!
СветРоманскиот јавен долг ќе достигне 60 отсто од БДП, предупредува министерот за финансии Јавниот долг на Романија оваа година се очекува да достигне 60 проценти од бруто-домашниот производ (БДП), предупреди романскиот министер за финансии Александру Назаре во синоќешното интервју за телевизијата „Антена 3 СиЕнЕн“.Според него, во последните пет години јавниот долг на земјата пораснал од 570 милијарди леи на над 1,1 трилион леи, што претставува зголемување од 20 проценти. Назаре, кој ја презеде функцијата на крајот на јуни, призна дека Брисел континуирано барал од Романија да преземе корективни мерки за стабилизирање на јавните финансии, но тие не биле реализирани. – Овие барања се присутни веќе три години, особено интензивно во последната година и пол, но не презедовме ништо, изјави министерот. Во 2024 година, буџетскиот дефицит на Романија достигна 9,3 отсто од БДП, пораст од 6,6 отсто во 2023 година. Тоа доведе до зголемување на јавниот долг на 54,8 проценти од БДП во 2024, во споредба со 48,9 проценти претходната година. Европската комисија прогнозира буџетски дефицит од 8,6 проценти од БДП за 2025 година, доколку не се променат постојните политики. Истовремено, очекуваниот економски раст на Романија за оваа година е 1,4 проценти. Новата романска Влада, која стапи на должност во јуни, веќе изгласа пакет фискални и буџетски мерки во Парламентот со цел намалување на прекумерниот дефицит. Мерките вклучуваат зголемување на даноци и такси, меѓу кои и покачување на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 19 на 21 отсто почнувајќи од 1 август. Притоа, намалената стапка од 11 отсто ќе остане за основните прехранбени производи, лекови, огревно дрво, книги, водоснабдување, канализација, топлификација, како и за културни услуги и институции. Фискалната консолидација предизвика протести и незадоволство во јавноста. Синдикалната конфедерација „Картел Алфа“ денеска организира протестен марш околу Парламентот во поддршка на работниците и пензионерите. Министерот Назаре предупреди дека мерките ќе имаат негативно влијание врз животниот стандард и инфлацијата. - Треба јасно да кажеме дека овој пакет, иако ја стабилизира економијата и нѐ штити од губење на кредитниот рејтинг, ќе има неповолни ефекти. Тоа ќе се одрази врз инфлацијата, но е цена што мора да ја платиме за да избегнеме многу повисока, изјави тој за порталот News.ro. На прашањето колку е Романија блиску до губење на инвестициониот рејтинг, министерот одговори: Многу блиску. Никогаш не сме биле во полоша состојба од сегашната. Според податоците на Националниот завод за статистика, инфлацијата во Романија во јуни пораснала на највисоко ниво во последната година, достигнувајќи 5,7 проценти на годишно ниво, по 5,5 отсто во мај. Последен пат вакво ниво било забележано во април 2024 година, кога стапката изнесувала 5,9 отсто.Тагови: Романија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосле повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаОпштина Илинден со нова мерка за поддршка на најмладитеОпштина Илинден воведува субвенции за првачиња, мерка наменета за помош на семејствата во пресрет на почетокот на учебната година. За таа цел, објавен е Јавен повик за доделување еднократна финансиска помош за семејствата со деца кои во учебната 2026/2027 година ќе го започнат своето основно образование. Со новововедената мерка, секое дете запишано во прво одделение ќе добие еднократна финансиска помош во износ од 3.000 денари. Родителите или старателите кои сакаат да го остварат ова право потребно е да поднесат барање со соодветната документација преку Архивата на Општина Илинден. Деталите за условите, потребните документи и постапката за аплицирање се објавени на официјалната веб-страница на Општината. Новата мерка има за цел да им помогне на семејствата во подготовките за почетокот на учебната година и да обезбеди дополнителна поддршка за најмладите ученици при нивниот прв чекор во образовниот процес. Паралелно со финансиската помош, Општината ќе продолжи и со досегашната практика на обезбедување ранци со училишен прибор за првачињата. Финансиската поддршка е дел од Програмата за финансиска поддршка на жителите на Општина Илинден за 2026 година, преку која се спроведуваат повеќе мерки и активности наменети за поддршка на различни категории граѓани. Линк до повикот: https://ilinden.gov.mk/wp-content/uploads/2026/08/javen-povik-finansiska-pomosh-prvachinja.pdfКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФранција во потрага по пиромани: Уапсени 474 лица за предизвикување пожариВо Франција, од почетокот на јули, 474 лица се уапсени под сомнение дека предизвикале пожари, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на таа земја.Меѓу уапсените има 183 малолетници, односно речиси 39 отсто од вкупниот број, објавија порталите BFM TV и „Фигаро“. На почетокот на август, француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека две третини од апсењата биле поврзани со подметнување пожари. France: 420 arrested, 166 minors, over fires set during the worst wildfire season since WWII. pic.twitter.com/jqqkmUbtOh — Open Source Intel (@Osint613) August 9, 2026 Утрово избувна нов шумски пожар во департманот Ланд во југозападна Франција, каде што синоќа изгореа околу 600 хектари, а околу 500 луѓе беа евакуирани поради приближувањето на пожарот кон населени места. Франција сè уште е зафатена од топлотен бран. За денес се прогнозираат температури од 35 до 38 Целзиусови степени, а на места и до 40, додека ноќите ќе останат многу топли во голем дел од земјата, со температури меѓу 20 и 26 степени.Тагови: пожар Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАНБА се подготвува за историско проширувањеНајсилното свтеско кошаркарско првенство, мегапопуларната НБА лига се подготвува за историско проширување – познати се најважните чекори. НБА сериозно работи на проширување, а Лас Вегас во моментов има предност пред Сиетл во трката за нова франшиза, пренесува ESPN. Раководството на лигата сака прво да ја заврши работата во Лас Вегас и да постави рекордна цена за влез на нова франшиза во НБА, што потоа би претставувало основа за сите идни проширувања. Според претходните проценки, новите сопственици на клубот од Лас Вегас би можеле да платат меѓу 7,5 и 9 милијарди долари само за влез во лигата. Интересот на инвеститорите за Лас Вегас е значително поголем отколку за Сиетл. Боб Ајгер и Џош Кушнер беа меѓу потенцијалните купувачи, но се повлекоа од процесот откако одлучија да ги купат Лос Анџелес Лејкерс за рекордни 12,5 милијарди долари. Сепак, договорот за Лас Вегас сè уште не е блиску до конечно одобрување. „Ќе видиме што ќе се случи во септември . Ако се гласаше денес, предлогот немаше да помине. Сè се сведува на висината на надоместокот“, изјави извор од НБА за ESPN. Така, Сиетл останува сериозен кандидат за враќање во НБА, но неговата шанса можеби ќе мора да почека додека лигата прво не утврди рекордна пазарна цена преку случајот со Лас Вегас.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter