3Лишени од слобода 10 возачи, а со двајца е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
1Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ФудбалРоманија прв ривал на Македонија во квалификациите за СП 2022Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва во Букурешт ги започнува натпреварите за пласман на уште едно големо натпреварување. По обезбедениот историски пласман на Европскиот шампионат, сега македонските фудбалери со амбиции за висок пласман влегуваат во циклус квалификации за учество на Светското првенство во Катар во 2022. Црвено- жолтите мундијалските квалификации ги отвораат на гостување во Букурешт против еден од директните конкуренти за второто место во групата домаќинот Романија. Синоќа избраниците на Ангеловски на Националната арена во Букурешт го одработија последниот тренинг пред вечерашниот натпревар кој стартува во 20-45 часот. Македонскиот селектор вечерва на дуелот против незгодната Романија ќе може да смета на сите повикани фудбалери, единствено неизвесен е настапот на капитенот на Динамо Загреб Аријан Адеми кој се жали на повреда. -Ние имаме одредени проблеми со повредени и фудбалери кои недостасуваат, но за Македонија е најважно да функционираме како тим. Јас како селектор посакувам да ги имам најдобрите, но и во вакви околности ќе се обидеме да го извадиме максимумот од фудбалерите. Ја респектираме романската селекција, имаат одлични фудбалери, но ние повтрдивме и во Лига на нации и во претходните квалификации дека можеме да се носиме со силни противници и не гледам причина да не биде така и утре, изјави Ангеловски на синоќашната прес конференција во Букурешт. За одличниот Бобан Николов и бод во Букурешт ќе биде одличен резулат за македонската селекција на стартот на мундијалските квалификации. -Бод од утрешниот дуел не би бил лош резултат. Романија ја носи фаворитската улога, но ние имаме свои цели и секако дека одиме на позитивен старт на новиот квалификациски циклус, изјави Бобан Николов на прес конференцијата. Најдобрите фудбалери на Македонија битката за пласман на Светскиот шампионат во Катар ќе ја водат во групата Ј против селекциите на Германија, Исланд, Ерменија, Лихтенштајн и нашиот вечерашен притивник Романија. Само првопласираните репрезентации ќе обезбедат директно учество на Светското првенство, додека второпласираните ќе играат плеј-оф. Репрезентацијата на Македонија ќе игра во групата Ј со репрезентациите на Германија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаСДСМ: Цените на дизелот пораснаа на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати мерките - народот плаќаДизелот поскапе на 104,5 денари за литар. Нов удар врз семејните буџети, земјоделците, превозниците и целата економија.СДСМ навреме предложи конкретни мерки за намалување на цените на горивата и заштита на граѓаните. Укинување на акцизата, ДДВ намалѕвање на 5%, минимална плата од 600 евра. Арамијата Мицкоски ги одби. Последиците од неговите арамиски политики ги плаќаат граѓаните. Секое полнење резервоар е нов трошок за граѓаните. Поскапиот дизел значи поскап транспорт, поскапо земјоделско производство и нов бран поскапувања на храната и на сите основни производи. Има 5,5 милиони евра за DJ за една вечер, а нема пари за мерки за заштита на граѓаните. Има 200 милиони евра за криминални тендери а нема пари за земјоделците. Има пари за 50 члена делгација на Мицкоски и авион, нема за миниамална плата. Тоа е арамиска власт. Додека граѓаните преживуваат со плати што не стигнуваат ни за основните потреби, а потрошувачката кошничка достигна 90.000 денари, Владата профитира од секое ново поскапување. Ова е свесна одлука на организираната криминална група, да се богати а товарот од кризата да им го префрли на граѓаните. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваатМалопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,19% во однос на одлуката од 14.9.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 0,960%, кај дизелот за 6,772%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 5,960% и кај мазутот исто така има зголемување за 4,084%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,753%. Во Одлуката на РКЕ е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и е продолжен намалениот износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Во исто време е применет и намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% Од 22.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 99,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 101,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 104,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 114,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 50,078 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 5,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 5,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,835 ден/кг и сега ќе изнесува 50,078 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.9.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Тагови: РКЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи, а со двајца е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“Лишени од слобода 10 возачи, а со двајца е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“, еден возел под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а останатите без возачка дозвола.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, седуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: В.М.(19), Ѓ.Ј.(22), С.У.(36) и К.П.Т.(45), сите од Велес, 17-годишник од с.Морани, скопско, 16-годишник од Скопје и 15-годишник од с.Присојница, општина Маврово и Ростуше, кој предизивикал и сообраќајна незгода. Исто така, со двајца малолетници од Велес, во присуство на родител е извршен службен разговор, затоа што управувале мопеди без возачка дозвола. Двајца управувале возило со активна забрана за управување моторно возило и тоа: П.Р.(61) од с.Јакимово, виничко и Д.А.(33) од Скопје. Додека пак, под дејство на алкохол возел П.Л.(70) од Кавадарци. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter