Ролан Гарос“ за потегот на Ѓоковиќ: Косово е срцето на Србија! Стоп за насилството! - Канал 5

Ролан Гарос“ за потегот на Ѓоковиќ: Косово е срцето на Србија! Стоп за насилството!

Организаторите на Грен слемот „Ролан Гарос“ излегоа со реакција на изјавата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по победата во првото коло со Александар Ковачевиќ (6:3, 6:2, 7:6 (7:1)).

Ролан Гарос“ за потегот на Ѓоковиќ: Косово е срцето на Србија! Стоп за насилството!

По натпреварот, Ѓоковиќ пред камера напиша: „Косово е срцето на Србија! Стоп за насилството“.

- Нема официјални грен слем правила за тоа што играчите можат или не можат да кажат. Француската тениска федерација нема да дава никакви изјави или да заземе став по ова прашање, се вели во соопштението на „Ролан Гарос“.

Самиот Ѓоковиќ, коментирајќи го неговиот чин, рече дека, повторно ќе го направи тоа и гпо цена да биде казнет.

- Не се сомневам дека би го направил тоа повторно, нагласи Ѓоковиќ.

Србинот во второто коло на „Ролан Гарос“ ќе игра со Унгарецот Мартон Фукович.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама: Ова не се и никогаш не можат да бидат раце на студенти

Премиерот Еди Рама реагираше од зградата на колеџот во Тирана, кojа беше  оштетена  од пожар, по актите на насилство за време вчерашните студентски протести. 

Рама: Ова не се и никогаш не можат да бидат раце на студенти

Преку порака од зградата, Рама го осуди демолирањето на институцијата, нагласувајќи дека студентите ја претставуваат иднината и дека насилството не може да ги претставува нивните аспирации.

„До вчера, ова беше канцеларијата на Колеџот на Европа, училиштето на обединета Европа, кое европските лидери заеднички го отворија во Албанија. Денес, ова е пропаст на раце кои не се и никогаш не можат да бидат раце на студенти“, рече Рама.

Студентските демонстрации во Тирана излегоа од контрола вчера откако демонстрантите се судираа со полицијата повеќе од 10 часа, при што палеа згради, влегуваа во владини институции и ограбуваа.Иако Албанија е сведок на секојдневни протести од крајот на мај, поттикнати од плановите за изградба на луксузно одморалиште на Јадранскиот брег, пред два дена и студентите излегоа на улиците за да протестираат против условите во универзитетите и студентските домови и трошоците за живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маск: Време е Зеленски да си оди!

Најбогатиот човек на светот и сопственик на платформата Икс (Икс/Твитер), милијардерот Илон Маск, упати директен и брутален повик за заминување на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Маск: Време е Зеленски да си оди!

Најбогатиот човек на светот и сопственик на платформата Икс (Икс/Твитер), милијардерот Илон Маск, упати директен и брутален повик за заминување на украинскиот претседател Володимир Зеленски, отворено порачувајќи дека е дојдено време тој да поднесе оставка за да запре крвопролевањето.

Маск жестоко реагираше на објава на социјалните мрежи во која се коментираше новото интервју на Зеленски за британскиот водител Пирс Морган, каде беше истакнато дека најголемиот страв на првиот човек на Украина е тоталниот крај на војната и одржувањето на претседателските избори.

– „И така крвопролевањето ќе продолжи. Време е Зеленски да си оди!“, напиша кратко и децидно Маск.

Оваа жестока реакција на Маск доаѓа во момент кога и американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон Киев. Трамп јавно порача дека Зеленски мора итно да организира нови претседателски избори и потсети дека украинскиот лидер пропуштил повеќе шанси да стави крај на судирот и да потпише мировен договор со Москва.

Инаку, претседателскиот мандат на Зеленски формално истече уште на 20 мај 2024 година, но властите во Киев одбиваат да организираат гласање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства

Во рамките на Форумот на идни глобални лидери организиран од Светскиот економски форум во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на сесијата „Trade in a Changing World“.

Муцунски: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства

Во своето обраќање, Муцунски се осврна на промените во глобалниот трговски систем, растечката геоекономска конкуренција и потребата постојната институционална архитектура на меѓународната трговија, создадена во 20 век, да се приспособи на реалностите на 21 век.

„Кога постојат оние што го доведуваат во прашање сегашниот модел, а ние сме загрижени поради тоа, мора да погледнеме и кон самите себе и да се запрашаме што можеме да направиме за да го модернизираме системот во наша заедничка корист“, истакна Муцунски.

Посебен акцент стави на односот меѓу отвореноста, безбедноста и отпорноста, нагласувајќи дека иднината на глобалната трговија не треба да се поставува како избор меѓу отвореност и безбедност.

„Мора да ја направиме отвореноста побезбедна. Отпорноста во никој случај не значи изолација“, порача Муцунски.

Во тој контекст, подвлече дека најуспешни ќе бидат државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства.

„Нашето цврсто уверување е дека државите што ќе успеат во следните пет, десет, петнаесет или дваесет години нема да бидат оние што ќе изградат најголеми ѕидови, туку оние што ќе изградат најотпорни мостови“, нагласи министерот.

Осврнувајќи се на позицијата на помалите економии во глобалната конкуренција, Муцунски истакна дека нивната сила не произлегува од големината, туку од способноста да бидат сигурни и предвидливи партнери.

„Големите економии се натпреваруваат преку обем. Малите економии се натпреваруваат преку доверливост“, истакна тој.

Муцунски се осврна и на економскиот суверенитет, нагласувајќи дека тој е тесно поврзан со инфраструктурната и енергетската поврзаност.

„За нас, економскиот суверенитет е длабоко поврзан со поврзаноста. Ако не сте добро поврзани, не можете истовремено да бидете и суверени“, посочи министерот.

Во таа насока, тој ги издвои инвестициите во Коридорите VIII и X, патната и железничката инфраструктура и енергетската диверзификација, додавајќи дека енергетската независност е неопходен предуслов за економски развој и инвестиции во индустриите на иднината.

Осврнувајќи се на економската меѓузависност и глобалните конфликти, тој истакна дека нивните последици одамна не се ограничени само на државите директно вклучени во нив.

„Првата жртва на секој конфликт е човечкиот живот. Втората жртва е економскиот просперитет – не само на државите вклучени во конфликтот, туку и пошироко, затоа што нашите синџири на снабдување и трговски рути се силно меѓусебно поврзани“, истакна Муцунски.

Тој нагласи дека во услови на глобални промени, одговорот не треба да биде изолација, туку поголема поврзаност, модернизација на меѓународниот систем, инвестиции во отпорност и поефикасна мултилатерална соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер