Рокас за Канал 5: Позицијата на ЕУ е јасна, подготвени сме за брз почеток на преговорите по уставните измени - Канал 5

Рокас за Канал 5: Позицијата на ЕУ е јасна, подготвени сме за брз почеток на преговорите по уставните измени

Позицијата на Европската унија е јасна и ако се исполнат преземените обврски подготвени сме за брз почеток на преговорите – вели во интервју за Канал 5 евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас.

Рокас за Канал 5: Позицијата на ЕУ е јасна, подготвени сме за брз почеток на преговорите по уставните измени

Додава дека Унијата е свесна за разочарувањата на македонските граѓани на патот кон членство, а основата за градење доверба меѓу Скопје и Софија ја гледа во билатералниот ангажман од двете страни.

Во видеото погледнете кратко парче од интервјуто на Јован Ѓорговски, со Михалис Рокас – евроамбасадор

Кое во целост погледнете го во вестите во 18 часот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре облачно и постудено време со температура до 18 степени- разведрување за викендот

Утре времето ќе биде променливо облачно и постудено, информира УХМР.

Утре облачно и постудено време со температура до 18 степени- разведрување за викендот

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

4 Попова Шапка, 5 Крушево, Маврови Анови, 9 Берово, Прилеп, 10 Претор, Крива Паланка, Битола, 11 Охрид, 12 Тетово, Зајчев Рид, Виница, Кавадарци, Штип, 13 Демир Капија, Струмица, Велес, Скопје Петровец, 15 Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2)

8 Кавадарци, 6 Берово, Прилеп, 5 Битола, Демир Капија, 4 Виница, 3 Штип, Гевгелија, Претор, Охрид, 2 Велес, Крушево, 1 Маврови Анови, Крива Паланка.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно и посвежо. Наместа имаше повремени локални врнежи од дожд. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно и постудено. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно и постудено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 15 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До петок ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Денес и во петок ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 km/h. За време на викендот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Итно се повлекуваат возила на Форд- причината е ризик од пожар

Патничкото возило Ford, Transit Custom, Tourneo Custom е предмет на отповикување поради идентификуван ризик за потрошувачите.

Итно се повлекуваат возила на Форд- причината е ризик од пожар

Повлекувањето се однесува на Transit Custom, Tourneo Custom модел или модели, а видот на ризик е: Ризик од пожар.

Овој случај е заведен под отповикување број 130/2026, од 13.10.2026 година. Категоријата на случај е отповикување на производи за потрошувачи.

На потрошувачите кои го поседуваат овој производ им се препорачува да проверат дали нивната копија е покриена со повлекувањето и да ги следат упатствата на производителот, дистрибутерот на Форд или надлежните органи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива

Министерството за внатрешни работи распиша потерница по Михаилова Ива (23) од Кочани, од татко Симеон и мајка Христина двајцата од Кочани. 

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива

Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на Основен суд Кочани за кривично дело по член 300 став 4 и член 297 став 3 од Кривичниот законик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер