Овој робот комбинира напредна вештачка интелигенција со врвна роботика, така што може да оди, да трча, да се врти, да танцува, па дури и да вози велосипед или скутер, објави Кликс.
Lingxi X2, висок 1,3 метри и тежок 33,8 килограми, се одликува со флексибилна надворешност и интегрирани клучни компоненти, што го прави исклучително агилен.
Според компанијата, поседува „супериорна интелигенција во движењето, интеракцијата и извршувањето на задачите“ и се тврди дека поставува нови стандарди во роботската мобилност и разновидност.
Благодарение на моделот Genie Operator-1 (GO-1) со вештачка интелигенција, Lingxi X2 може да анализира фотографии и видеа, овозможувајќи му да има подобри перформанси во реалниот свет и да ги толкува човечките активности.
Роботот е опремен со способност да ги анализира изразите на лицето и гласот, што би требало многу полесно да ги идентификува емоционалните состојби на соговорникот и соодветно да дава одговори.
Поради неговиот дизајн, велат неговите креатори, може дури и да симулира шеми на човечко дишење, тивко да ја набљудува околината и да прикажува суптилни движења на телото.