Роби Вилијамс поради семејството се согласил во филм неговиот лик да го игра мајмун (ВИДЕО) - Канал 5

Роби Вилијамс поради семејството се согласил во филм неговиот лик да го игра мајмун (ВИДЕО)

Пејачот Роби Вилијамс (50) моментално е една од главните теми на медиумите.

Роби Вилијамс поради семејството се согласил во филм неговиот лик да го игра мајмун (ВИДЕО)

Во полуавтобиографскиот филм Better Man го глуми мајмунот CGI, а Роби за Би-Би-Си откри зошто одбил да се игра себеси.

"Сакав, но поради тоа ќе морав да бидам одвоен од семејството неколку месеци. Не можев да ја поднесам помислата на тоа", рекол пејачот, кој со сопругата Ајда Филд има четири деца.

YouTube video

„Има еден куп работи што сакам да ги направам, а тоа е подобро само како идеја. Беше кул да се каже на вечера дека се играм себеси во филм. Но, кога дојде време да го направам тоа, ми здодеа идејата“, додаде Роби.

Мајмунот, поточно шимпанзото, кој го игра во филмот е создаден од компанијата Вета. Тие нормално стојат зад ликот на Голум во серијата Господар на прстените, но и еден друг мајмун, Цезар во Планетата на мајмуните. За говорот е одговорен 32-годишниот актер Џоно Дејвис.

Режисерот Мајкл Грејси, кој го режираше и филмот „Најголемиот шоумен“, добил идеја шимпанзо да го игра пејачот. „Сакав да го гледам филмот од поинаков агол“, рече тој.

„Роб често вели: „Јас сум исто како мајмун изведувач“. “, заклучил Грејси.

Неодамна Роб се појави на премиерата на овој филм во Лондон. Таму беше во друштво на својата 45-годишна сопруга, актерката Ајда Филд, со која насмеано им позираше на фотографите. Двојката има четири заеднички деца - ќерките Теди (12) и Коко (6) и синовите Чарли (10) и Бо (4).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германските власти идентификуваа двајца осомничени за нападот на аеродромот во Лајпциг

Германските власти идентификуваа двајца осомничени во врска со обидот за напад со беспилотно летало на аеродромот во Лајпциг, но веројатно нема да ги уапсат, објави денес весникот „Зидојче цајтунг“ (SZ).

Германските власти идентификуваа двајца осомничени за нападот на аеродромот во Лајпциг

Весникот наведува дека истрагата за двајцата мажи, едниот латвиски државјанин роден во Русија, а другиот руски државјанин од Белорусија, ја поддржува тврдењето на германската влада дека Русија стои зад инцидентот, објави „Ројтерс“.

Дрон полн со експлозив беше пронајден на аеродромот Лајпциг-Хале на 4 август, но подоцна беше деактивиран. Неколку украински товарни авиони беа во близина, а аеродромот е еден од центрите за транспорт на воена помош за Украина.

Според претходните информации, траги од воен експлозиви беа пронајдени и во близина на аеродромот, додека барем уште едно беспилотно летало беше вклучено во инцидентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијата

Тој им е познат на властите и живее во близина на железничката станица во италијанскиот град Белуно, каде што поставил шатор. 

Бездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијата

Сепак, во последните денови се најде во центарот на вниманието од многу необична причина.

Бездомник од Ирак, познат на граѓаните како Хајдер, се појавил со куфер полн со пари и почнал да им ги дели на минувачите, објавува „Кориере дел Венето“.

Не зборува италијански

„Некои ги зедоа банкнотите и ги ставија во џебовите, додека други мислеа дека е шега“, вели Марко Дал Понт, градски советник за социјални прашања.

Други реагираа поинаку - со тоа што ја повикаа полицијата, која кај бездомникот пронашла 4.390 евра. Парите биле предадени на градската администрација, во исчекување на деталите од необичната приказна.

Хајдер е познат на социјалните служби и живее во Белуно веќе неколку месеци. Тој не зборува италијански и не одговара на луѓето што му пристапуваат.

Локалните медиуми објавуваат дека не можел или не сакал да објасни од каде се парите што ги носел во куферот. По краток разговор со властите, тој се вратил во својот шатор.

„Целиот случај е необичен“

„Сите го познаваат и морам да кажам дека е добро примен од луѓето. Многумина се обиделе да му помогнат, нудејќи му храна и сместување, што тој го одбил“, додаде Дал Понт.

Социјалните служби го познаваат и ги следат неговите движења и постапки.

„Сепак, целиот случај е навистина необичен“, рече градскиот советник.

Банкноти од 50 евра беа пронајдени во куферот и на улицата, а засега се шпекулира од каде доаѓаат.

„Мора да одлучиме што да правиме со парите што ги најдовме, но само по консултација со властите“, заклучи Дал Понт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

10 исчезнати при судир на два трговски брода во Мраморното море

Турските спасувачи трагаат по 10-член екипаж, откако два трговски брода се судрија во Мраморното море, во близина на Истанбул.

10 исчезнати при судир на два трговски брода во Мраморното море

Инцидентот се случил рано утрината кај истанбулската крајбрежна општина Сили-Ври, кога надлежните целосно го изгубиле радио и техничкиот контакт со еден од двата брода, кој потонал во морето. На еден од танкерите немало видливи оштетувања и екипажот бил безбедно евакуиран, но судбината на десетте морнари од вториот товарен брод засега останува непозната. Веднаш по поморскиот инцидент, турската крајбрежна стража упати спасувачки патролни бродови и специјални хеликоптерски екипи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер