Јаневска во Брисел: Ја стимулиравме националната научно – истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување
2Јаневска во Брисел: Ја стимулиравме националната научно – истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување
3Герасимовски: 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денари
Шоу бизРоби Вилијамс опиша инцидент на концерт: Никогаш не сум бил позасрамен (ВИДЕО)Роби Вилијамс неодамна се појави во ток-шоуто Watch What Happens Live with Andy Cohen.Во него тој открил кој го смета за најсрамен момент во неговата соло кариера. „На еден концерт помислив дека луѓето во инвалидски колички се всушност само луѓе кои не стојат и не уживаат во концертот. Ги критикував и ја натерав целата публика да покажува со прст кон нив и да ги исвиркува, а тие удираа со нозете и викаа „ надвор, надвор, надвор“, опиша тој. „Потоа го погледнав мојот менаџер на сцената, тој стоеше таму и мавташе со рацете за да застанам“, додал тој имитирајќи го менаџерот кој му гестикулирал дека се луѓе во инвалидски колички. Тој вели дека „излегол од тоа“ посветувајќи им ја песната Angels и признал дека му било драго што ситуацијата се случила пред луѓето да почнат да снимаат концерти со своите мобилни телефони. Да потсетиме дека овој 50-годишен пејач неодамна стана главна медиумска тема поради полуавтобиографскиот филм Better Man. Во него, го игра мајмун CGI со глас на Џоно Дејвис. Во изјава за Би-Би-Си, тој рече дека не сакал да се игра себеси бидејќи тоа би значело да биде одвоен од неговото семејство, сопругата Ајда Филд и нивните четири деца. View this post on Instagram A post shared by Better Man (@bettermanmovie) "Не можев да ја поднесам помислата на тоа. Има еден куп работи што сакам да ги направам, а кои се подобри само како идеја. Беше одлично да се каже на вечера дека се играм себеси во филм. Но, кога дојде време за тоа, ми здодеа идејата“, рече Роби кој присуствуваше на лондонската премиера на споменатиот филм со неговата сопруга на крајот на ноември минатата година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
ЕкономијаНиколоски: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилностНиколоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер- Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност.Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани геополитички случувања. И затоа стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност - ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер. “ Регионално, Македонија граничи со Европската Унија и на југ и на исток, околу нас се земји кандидати за членство во ЕУ, така што сме опкружени со Европската Унија и природно е да сакаме да соработуваме. 76% од извозот на Македонија оди кон земји членки на Европската Унија, 46% од увозот доаѓа од земји членки на Европската Унија и природно е да сакаме да ја искористиме поврзаноста. Македонија има уникатна географска положба која што ја нема ни една друга држава во регионот на Југоисточна Европа и тоа е нешто што може и мора да го искористиме. И затоа стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори” – се обрати Николоски. Говорејќи за развојот на коридирите, тој ги потенцира инвестициите што се реализраат во патната и железничката мрежа. “На коридорот 10 со поддршка на ЕУ работиме на модернизација на автопатот. Во рамки на Планот за раст, готови се 5 закони за Интелигентни транспортни системи, кои што покрај Министерството за транспорт ги работи и Министерството за локална самоуправа и Министерството за внатрешни работи, по што ќе одиме со имплементација. Тука е и реконструкцијата и надградбата на железничкиот коридор каде што треба да добиеме брза пруга за патнички од 160 до 200 км/ч и карго сообраќај од 120 км/ч. Во однос на коридорот 8, работиме и автопат и железница. Автопатски сме понапред, но има уште доста работа. Вчера бев во посета на автопатот Охрид-Кичево, таму одлично напредуваме. Исто така, се гради секцијата од Букојчани до Кичево, од Букојчани до Гостивар, од Гостивар до Тетово. А на источната страна, работевме со ЕУ во делот од Страцин до Крива Паланка и обиколница на Крива Паланка, а сега ќе работиме заедно на потегот од Страцин до Куманово, односно до Романовце. И заедно со Светска банка и Европска Унија работиме на модернизација и проширување на преминот Ќафасан и преминот Деве Баир, како би можеле да имаме еден поголем проток. Тука се и двата аеродроми кои што се лоцирани токму на коридорите. Оваа година очекувам да надминеме 4 милиони патници, нешто што беше незамисливо до пред две години. Јас кога бев избран, очекував некаде докај 2031-2032 година да стигнеме до 4 милиони патници, еве имаме среќа веќе во 2026 година ќе одиме на 4 милиони патници, што за држава од 1.800.000 жители е навистина една огромна бројка” – потенцира вицепремиерот Николоски во своето обраќање на панел дискусијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈаневска во Брисел: Ја стимулиравме националната научно – истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување Направивме многу за да ја раздвижиме научно – истражувачката дејност на национално ниво. Главно постигнување е тоа што од индивидуални иновациски иницијативи, направивме добро организиран национален иновациски екосистем. За краток период двојно го зголемивме буџетот за наука, воспоставивме нова стратешка рамка и подготвивме нови законски решенија, а ја модернизиравме и националната истражувачка инфраструктура. Сега сме ориентирани кон поврзување со регионалните и глобалните истражувачки мрежи. Ова го нагласи министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешниот министерски состанок на Управувачката платформа за истражување и иновации за Западен Балкан што се одржува во Брисел, во организација на Европската комисија. „Формиравме Национален совет за иновации, претприемништво и технолошки развој, кој е одговорен за координација на националните активности и иницијативи, а основавме и посебна Агенција за иновации, научно - технолошки развој и претприемништво, која ќе го олесни пристапот до средства и услуги за компаниите, истражувачите и иноваторите“, рече Јаневска. Информираше дека Македонија има 7 центри за трансфер на технологии, 5 технолошки инкубатори и еден приватен научно-технолошки парк, а во процес на основање се виртуелен научно – технолошки парк и првиот технолошки парк под целосна надлежност на државата. Јаневска додаде и дека проектот ВЕЗИЛКА пак е првата национална контактна точка во европската мрежа на фабрики за вештачка интелигенција. „Тековен главен фокус е намалување на одливот на мозоци и создавање услови за задржување на младите истражувачи во земјата каде се очекува да го реализираат својот личен потенцијал“, рече министерката, потенцирајќи дека земјите од Западен Балкан се соочуваат со слични предизвици во областа на науката и истражувањето и идентични можности за подеднакво да придонесат кон регионално справување со истите. „Имаме национални стратегии за паметна специјализација и заедно со Планот за раст и реформска агенда сметам дека се најважните документи чие исполнување дополнително во голема мера ќе ја стимулира науката и истражувачката дејност на регионот, но и ќе ја зголеми продуктивноста и економскиот раст на сите земји од Западен Балкан“, додаде Јаневска. Заедно со повеќе министри за образование и наука од регионот, Јаневска учествуваше во дебата за креирање политики насочени кон поддршка на иновации и дебата за добри практики во истражувањето, а подоцна во текот на денот ќе оствари и билатерална средба со европската комесарка за стартапи, истражување и иновации, Екатерина Захариева.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денариОпштина Центар ангажира 24 лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите“. Од оваа година, месечниот надоместок за нивниот ангажман се зголемува од 15.000 на 18.000 денари.Личните асистенти работат 20 часа неделно и им помагаат на учениците полесно да се приспособат на училишната средина и да учествуваат во образовниот процес. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, посочи дека инклузивното образование не смее да остане само на декларативни заложби, туку мора да се поткрепи со конкретна поддршка за децата на кои им е потребна. Тој нагласи дека, додека Министерството за образование се соочува со проблемот со недостигот од образовни асистенти, Центар продолжува самостојно, од сопствен буџет да вложува средства и обезбедува поддршка за учениците. „Не е доволно власта да зборува за инклузивно образование ако на терен сè уште има недостиг од стручни лица во оваа област Поддршката мора да биде реална, достапна и континуирана. Ние сме единствена општина што самостојно, од сопствениот буџет, го спроведува проектот „Образование за сите“. Не чекаме проблемите да се решат сами, туку преземаме конкретни чекори за учениците да ја добијат потребната поддршка. Годинава го зголемуваме и надоместокот за личните асистенти затоа што го цениме нивниот ангажман и значењето што го имаат за децата, родителите и наставниците“, порача Герасимовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook