РКЕ: Парното во Скопје од 1 јануари поскапо за 14%

Прес-конференција на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на која ќе биде соопштена одлуката за цената на топлинската енрегија.

Од 1 јануари 2022 година парното во Скопје поскапува за 14% , соопшти првиот човек на Регулаторна Марко Бислимовски.

Цената на парното греење што ќе важи од утре, 1 јануари ќе се зголеми за 14,05 отсто за сите корисници во Градот Скопје, односно и за трите компании кои ги снабдуваат граѓаните – Балкан енерџи груп (БЕГ), ЕСМ Енергетика и Скопје Север, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, основен критериум за формирање на цената на парното греење е цената на природниот гас која лани просечно се движела околу 240 долари за нормален кубен метар, а годинава на БЕГ производство му е понудена цена од 1480 долари.

„Со денешната одлука цената на парното практично се враќа на ниво од јули 2018 година. РКЕ во последните 9 години носеше одлуки со кои сметките за парно континуирано се намалуваат, освен една година кога останаа на исто ниво. Природниот гас е енергенс кој државата го увезува и неговите високи цени влијаат во цела Европа. Ги уверувам граѓаните дека во моментот штом се стабилизира цената на природниот гас одлуката ќе биде ревидирана. До тогаш, упатувам апел до Град Скопје и општините да излезат во пресрет на најранливите категории со финансиска помош. Во исто време Ве информирам дека и Владата ќе преземе соодветни мерки со кои ќе се обезбеди стабилност во снабдувањето со топлинска енергија. По две години откако РКЕ иницираше проширување на листата на ранливи категории со лица кои имаат ниски примања, Владата се одважи да донесе одлука по моделот кој го предложивме. По истиот пример бараме и Градот Скопје да делува. Во време на енергетска криза сите мора да се солидаризираме. “ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Посочи дека вообичаено БЕГ давал по два милиони евра во јануари за набавка на гас, а годинава ќе треба да де 13,8 милиони евра. Разликата во цена, како што кажа, ќе ја надополнат Владата и општините на Град Скопје.

Нагласи дека е набавен гас за ЕСМ Енергетика и за топланата Скопје Север, како и за првите 15 дена од работењето на БЕГ.

Како опција, која не ја препорачува од еколошки аспекти, сите топлани можат да се префрлат на работа на мазут за само неколку дена, а БЕГ како најголем снабдувач е должен да има резерви од мазут за 15-дневно работење.

Пахор подготвува предлог за дијалог меѓу Белград и Приштина

Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, денеска соопшти дека подготвува нацрт за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, денеска соопшти дека подготвува нацрт за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој, како што наведе, сака прво да го координира со високиот комесар на ЕУ за надворешни работи и безбедност. Политика, Жосеп Борел.

„Поранешниот претседател Пахор подготвува нацрт и рамка за продолжување на дијалогот, но тој сака прво да го усогласи со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел и земјите-членки на ЕУ, особено со земјите од Квинта“, објави на профилот на X.

Пахор нема да одговара на новинарски прашања и барања за интервјуа што ги добива во пресрет на улогата на кандидат за специјален претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања.

Шкријељ: Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме

Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме, европска иднина.

Санела Шкријељ, кандидат за пратеник во ИЕ2

Пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ по повод 27 април, годишнината од крвавиот четврток во Собранието, во својата изјава пред Собранието изјави:

Собранието е претставнички дом на граѓаните и место каде треба да се натпреваруваме со идеите за подобар квалитет на животот на сите граѓани, а не со насилство. Можеме да имаме различни ставови по секое едно прашање и да ги спротивставуваме своите аргументи за тоа, но никогаш повеќе не смееме да дозволиме пратениците, собраниските служби, новинарите и медиуските работници на најбрутален и насилнички начин да бидат нападнати и да им биде загрозен животот токму тука, во она што треба да биде храмот на демократијата.

Како пратеници, треба да покажеме дека државата ја сакаме со ум, а не со насилство. Да се спротивставиме на политиките на делби и ширење омраза, да не дозволиме повторно газење врз слободата, врз демократијата, пресметување со неистомисленици, напади врз новинари. Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме, европска иднина!

Нема откажување од иднината!

СДСМ

Левица со антикорупциска платформа ќе се бори против неказнивоста на функционерите

Денес, носителот на листа од Левица - Јована Мојсоска ја презентираше предизборната програма меѓу жителите во Ресен.

Левица, како партија на нова генерација политичари без криминален багаж, на овие избори настапува со своја антикорупциска Платформа, како единствен механизам против корупцијата која го разјадува македонското општество.

Народот доволно беше сведок како политичките елити три децении се амнестираат, како што беше случајот со последните измени на Кривичниот Законик, каде беа амнестирани над 80 функционери од поранешната и актуелната власт!

Антикорупциската платформа на Левица се темели на неколку клучни точки:

- Итно носење на Закон за потекло на имот на сите носители на јавни функции, од осамостојувањето до денес (1991–2024) – како lex specialis;

- Незастарување на кривичните дела поврзани со т.н. економски криминалитет и корупција извршени од страна на јавните функционери;

- Трикратно зголемување на рокот на застареност во Кривичниот законик за делата сторени од носителите на јавни функции, поврзани со т.н. службенички криминалитет.

-Проширена конфискација (кривична или граѓанска) на нелегално стекнатиот имот на досегашните владејачки структури и олигарси – не само од нив лично, туку и од нивни блиски роднини, пријатели/партнери или трети лица.

- Разрешување на судија по сила на закон на кој му застареле три предмета во кариерата и поради кои Република Македонија ќе изгуби спор пред Судот во Стразбур со цел ставање крај на партизацијата на судството.

На криминалното и анти-македонско владеење на СДС и ДУИ ќе им пресуди народот на 8 Мај, а потоа мора да има ригорозна одговорност за економскиот, социјален и национален пустош кој го оставија во нивното катастрофално владеење!

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

притисни ентер