РКЕ: Цените на бензините и дизелот се зголемуваат за 1,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,22% во однос на одлуката од 25.03.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 1,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 87,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 3,00 ден/лит,

малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,140 ден/кг и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 84,00 ден/лит, додека на Мазутот М-1 НС изнесува 57,347 ден/кг.

Од 29.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 83,50 (денари/литар)

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 85,50 (денари/литар)

- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 87,50 (денари/литар)

- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 84,00 (денари/литар)

- Мазут М-1 НС - 57,347 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,788% или за 19,150 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 2,412% или за 28,700 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,184 % или за 24,450 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,268% или за 16,200 $/тон.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,0533 ден/$ и е за околу 0,133 % повисок од курсот на доларот (55,9790 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 29.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги фо

рмираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги

Вооружени напаѓачи пукале во фудбалери ан Марсеј- сакале да им ги украдат автомобилите

Фудбалерите на Марсеј, Бамо Меите (22), Фарис Мумбањ (23) и Жан Онана (24) биле жртви на обид за вооружен грабеж при враќањето дома по победата во лигата против Ле Авр (2:1).

Маскирани и вооружени напаѓачи ги пресретнале на излезот од тренинг центарот на клубот и се обиделе да им ги земат автомобилите.

Триото од Марсеј се обидело да побегне со своите автомобили, а потоа напаѓачите почнале да пукаат кон нив. За среќа никој не е повреден, повеќето куршуми ги промашиле не само играчите туку и болидите. Полицијата при вештачењето пронашла две дупки на возачката врата на едното возило и една дупка во багажникот на другото.

Обвинителството во Марсеј нареди истрага, а по непознатите напаѓачи се уште се трага. Да потсетиме, фудбалерите на Марсеј непосредно пред нападот завршија многу слаба сезона за својот клуб. Нивната позиција во шампионатот не обезбеди настап во Европа следната сезона, заостануваа само еден бод зад Ленс, кој ќе игра квалификации за Конференциската лига.

„Гугл“ ќе вложи една милијарда евра во проширување на центарот за податоци во Финска

„Алфабет“, матичната компанија на американската технолошка корпорација „Гугл“, денеска најави дека ќе вложи една милијарда евра во проширувањето на главниот центар за податоци во Финска.

Главната причина за проширувањето е лесниот пристап до зелената енергија на локацијата Хамина, јужна Финска. Претходно „Гугл“ се обврза дека до крајот на деценијата сите канцеларии и центри за податоци ќе се напојуваат од обновливи извори на енергија.

„Гугл“ исто така планира да работи со локална комунална компанија и вишокот топлина од центарот за податоци да го пренасочи во системот за загревање на домаќинствата во Финска.

Израелските лидери ја осудија одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху

Израелските лидери ја осудија одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да бара налог за апсење на премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант.

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотич рече дека сите Израелци треба да се чувствуваат како да е распишана потерница против нив и ги повика пријателските земји да преземат акција за распуштање на МКС.

Одлуката на МКС ја нарече „приказ на лицемерие и омраза кон Евреите“ што, како што тврди, наликува на нацистичка пропаганда.

Лидерот на опозицијата Жаир Лапид изјавата на МКС ја окарактеризира како „катастрофа“ и рече дека се надева оти Конгресот на САД ќе интервенира во ова прашање.

Министерот Бени Ганц ја осуди одлуката на МКС, нарекувајќи ја „злосторство од историски размери“, пренесува Ројтерс.

„Споредувањето на решеноста на лидерите на една демократска држава да се бранат од теророт на крволочната терористичка организација (Хамас) е длабоко кршење на правдата и очигледен морален банкрот“, рече Ганц.

Претходно денеска МКС побара потерница за Бенјамин Нетанјаху и Јоав Галант за наводни воени злосторства, како и за апсење на лидерот на Хамас.

Главниот обвинител на МКС, Карим Кан, рече дека Нетанјаху и Галант се обвинети за „поттикнување истребување, поттикнување гладување како метод на војна, вклучително и негирање на хуманитарна помош и намерно таргетирање на цивили во конфликтот“.

Лидерите на Хамас, Јахја Синвар, Мохамед Деиф и Исмаил Ханије се обвинети за истребување, убиства, земање заложници, силување и сексуален напад.

притисни ентер