Емотивни сцени по елиминацијата на Англија: Дејвид Бекам не можеше да ги сокрие солзите и разочарувањето
1Емотивни сцени по елиминацијата на Англија: Дејвид Бекам не можеше да ги сокрие солзите и разочарувањето
3Видео: Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка
ЖивотНа длабочина од 1.000 метри е снимено страшно суштество- има светлечки пипала (ВИДЕО)Многу луѓе се плашат од морињата и океаните поради суштествата кои демнат во длабочините, од кои некои се навистина морничави.Истражувачите од Универзитетот во Западна Австралија и организацијата „Kelpie Geosciences“ објавија видео снимено во јужниот дел на Пацификот на 8 мај, кое го одзема здивот. Суштеството снимено на 1.026 метри длабочина изгледа како да „излегло“ од нечиј кошмар, а научниците наведуваат дека „ретко се гледа“. Тие ги истражувале темните длабочини, користејќи подморница, кога џиновската лигња, позната како Taningia danae, се нафрлила на камерата. Ги рашири пипалата, веројатно мислејќи дека го обезбедила ручекот. Овој вид, инаку, е познат по двете големи фотофори на крајот од пипалата кои произведуваат биолуминисценција, пренесува LadBible. Па така, лигњата која достигнува максимална должина од 2,3 метри и тешка до 160 килограми, има „фарови“ за полесно движење во мрак! Во исто време, тие служат за да го збунат и измамат пленот. „Додека го гледавме видеото, сфативме дека камерата е „нападната“ од Taningia danae“, велат истражувачите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизСе породи Анастасија Ражнатовиќ – ќерката на Цеца Ражнатовиќ го роди својот синАнастасија Гудељ, ќерката на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, вчера се породи и на свет донесе машко дете. Анастасија девет месеци ја чуваше бременоста во тајност и не се огласуваше на социјалните мрежи. Како што се дознава, породувањето поминало во најдобар ред, а мајката и бебето се чувствуваат добро. Анастасија се породи во приватна клиника во Севиља, каде што семејството има куќа и каде таа се пресели откако се омажи за фудбалерот Немања Гудељ. Со раѓањето на синот, семејството Гудељ го доби својот најмлад член, а нивниот живот започна ново поглавје исполнето со љубов, радост и спомени кои допрва доаѓаат. На својот профил на Инстаграм, Анастасија објави дека на синот му го дале името Илијан – име кое не е многу често на овие простори, но зад себе носи силна симболика и богата традиција. Фото: Инстаграм/raznatovicanastasija Се смета дека името Илијан потекнува од името Илија, кое има длабоки библиски корени. Изведено е од хебрејското име Eliyahu, чие значење најчесто се толкува како „Бог е мој Господ“ или „оној што му припаѓа на Бог“. Во некои култури, Илијан се толкува и како име што симболизира сила, светлина, вера и заштита.Тагови: Цеца Ражнатовиќ Анастасија Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураИталијанското трио „Кимера“ со целовечерен концерт на „Охридско лето“Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концертот на триото „Кимера“ од Италија што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Триото го сочинуваат пијанистката Марта Черета, виолинистот Стефано Ракањи и виолончелистот Џорџо Лукини. „Кимера“ е оформено под менторство на Патрик Јуед на Високата школа за уметности во Берн и неговите членови се здобиваат со магистериум по камерна музика во 2023 година. Во Италија студираат со квартетот „Кремона“ во Центарот за гудачки инструменти „Стауфер“, а постдипломските студии ги завршуваат на Конзерваториумот „А. Боито“ во Парма под стручно менторство на квартетот „Парма“. Инспирација и искуство црпат од соработките со Миша Мајски, Амирам Ганц од триото „Алтенберг“, од Антонио Менезес и од Екарт Рунге кој е член на квартетот „Артемис“. Триото е официјален член на Европската академија за камерна музика. Во 2022 година ја добива наградата „Најдобар италијански ансамбл“ на натпреварот за камерна музика „Филипо Никозија“, потоа во 2023 и 2024 година добиваат втори нагаради и награди за најдобра изведба на современо дело на натпреварот „Луиџи Ноно“ и прва награда на натпреварот во Ланкастер. Во 2025 година се закитуваат со прва награда на натпреварот во Бусан во Јужна Кореја, и на натпреварот „Алберто Бури“ во Кастело. Настапуваат во повеќе концертни сали низ Европа во Барселона, Мадрид, Будимпешта, Вилнус и Париз, а во 2023 година настапуваат во Адис Абеба со Симоне Грамаљија со кој одржуваат и семинар за студентите на Универзитетот „Јаред“. Во 2024 година дебитираат на турнеја во САД каде одржуваат повеќе концерти во Вашингтон и во други градови. Во Италија настапуваат во Сполето, Милано, Виченца, Јеси, Верчели и др. Во 2022 година на покана на Универзитетот во Тирана одржуваат 2 концерти и семинар заедно со Јоханес Крец, Јана Андреевска и Анелис ван Парис. Во 2023 година се резидентен ансамбл за Натпреварот за композиција на Академијата „Финци“ во Милано, а во 2025 година за нив пишува дело композиторот Фабио Ваки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
СветУжасни бројки од Венецуела: Скоро 5.000 загинати Бројот на загинати во двата земјотреси во Венецуела минатиот месец се искачи на 4.829, соопшти претседателот на Националното собрание на земјата, Хорхе Родригез.Тој изјави дека бројот на повредени во земјотресите што се случија на 24 јуни останал непроменет и изнесува 16.740, пренесе Ројтерс. Родригез наведе дека 17.907 лица останале без дом. Два силни земјотреса ја погодија Венецуела на 24 јуни – првиот, со јачина од 7,2 степени, погоди област на околу 160 километри западно од Каракас, а по 39 секунди уследи уште посилен земјотрес со јачина од 7,5 степени.Тагови: Венецуела Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook