Ријана влезе во историјата со настапот на Супер Боул (ВИДЕО) - Канал 5

Ријана влезе во историјата со настапот на Супер Боул (ВИДЕО)

Ријана влезе во историјата со својот настап на полувремето во Супер Боул.

Ријана влезе во историјата со настапот на Супер Боул (ВИДЕО)

Пејачката од Барбадос е првата милијардерка и првата позната трудница која настапила на полувремето на најгледаниот спортски настан во САД. Последниот милијардер кој настапил на Супер Боул беше Др. Дре, но Ријана е првата жена вредна повеќе од милијарда долари која го краси овој спортски настан.

Минатата година Ријана беше на листата на Форбс за 100 најбогати само создадени Американки. Или поточно, само-создадени богати жени. Пејачката го зазеде 21-то место, а воедно е и најмладата жена на листата на Форбс.

Богатството на Ријана се проценува на 1,4 милијарди долари, а главни извори на приходи се заработката од музика и козметика. Ријана е косопственик на козметичката линија Fenty Beauty, од која доаѓа најголемиот дел од приходите на пејачката. Исто така, Форбс наведува дека Ријана има 30 отсто удел во брендот Savage x Fenty, што ѝ носи многу пари.

Потсетуваме, пејачката по настапот потврди дека е бремена по втор пат, а за време на настапот неколку пати го допирала нејзиниот стомак.

Ријана настапи со пеење и танцување на пловечки платформи, кои полека се спуштаа кон тревникот каде Канзас Сити Чифс и Филаделфија Иглс се бореа за титулата најдобар НФЛ тим оваа сезона.

Таа беше облечена во црвен падобрански костим, а во настапот кој траеше околу 15 минути изведе делови од нејзините најголеми хитови во придружба на десетици танчери облечени во бели тренерки.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин му беше домаќин на африкански претседател, висок 204 сантиметри- сите му се смеат (ФОТО)

Фотографијата од рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Мозамбик, Даниел Чапо, привлече внимание на социјалните мрежи поради големата разлика во нивната висина.

Путин му беше домаќин на африкански претседател, висок 204 сантиметри- сите му се смеат (ФОТО)

Двајцата лидери се сретнаа во вторник во Москва, каде што Русија беше домаќин на осмиот самит на Форумот на земјите извознички на гас (GECF).

Речиси 35 сантиметри разлика

Даниел Чапо, според медиумските извештаи, е висок 204 сантиметри, додека висината на Путин се проценува на околу 170 сантиметри. Разликата меѓу двајцата е речиси 35 сантиметри, што е особено впечатливо на заедничките фотографии.

На фотографијата, Чапо стои до Путин и, поради неговата висина, значително се извишува над рускиот претседател, па токму оваа сцена го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи.

Шеги на X

Социјалната мрежа X беше преплавена со коментари за висината на Путин, а имаше и неколку добри шеги.

„Гуливеровите патувања во Москва“ и „Не пропуштајте го фактот дека овој хобит дури носи и штикли“, напишаа корисниците на X.

„Џуџе“ и „Џуџе во високи потпетици“, се некои од коментарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роналдо е најдобрата „Златна топка“ на сите времиња, Меси е втор

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, ја освои наградата за најдобрата Златна топка во историјата - BOAT, како што одлучи гласањето на навивачите на веб-страницата.

Роналдо е најдобрата „Златна топка“ на сите времиња, Меси е втор

По гласањето за најдобар играч во светот за 2026 година, каде што наградата ја освои Хари Кејн, играч на Баерн Минхен и капитен на репрезентацијата на Англија, беше доделена наградата за најдобрата „Златна топка“ во историјата.

Тука се избрани сите добитници на Златната топка откако е доделена оваа најважна индивидуална награда.

Роналдо ја освои Златната топка вкупно пет пати, а онаа ја освои во 2008 година, кога играше за Манчестер Јунајтед, со кого ја освои Лигата на шампионите таа година и имаше неверојатна сезона, по што се пресели во Реал Мадрид во најголемиот трансфер на сите времиња во тоа време, првиот што надмина 100.000.000 евра.

Второто место го освои Лионел Меси со Златната топка во 2012 година.

Колку се доминантни Роналдо и Меси над другите фудбалери во историјата, покажува фактот дека секој од нив ги освоил првите 12 места, секој за различна сезона.

Првиот фудбалер и добитник на Златната топка што се нашол на листата, а не е Роналдо или Меси, е Роналдо Назарио, кој е на 13-то место за 2002 година. Потоа тука се Кевин Киган во 1979 година, Јохан Кројф во 1974 година, Мишел Платини во 1984 година, Франц Бекенбауер во 1976 година...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филмски грабеж во центарот на Виена: Со џип упаднале во луксузна златарница, украле скапоцен накит и избегале

Драма утрово во центарот на Виена! 

Филмски грабеж во центарот на Виена: Со џип упаднале во луксузна златарница, украле скапоцен накит и избегале

Банда вандали провали во позната луксузна златарница на улицата Грабен. Во раните утрински часови, сторителите удрија со теренец „Лексус“ во излогот на продавницата и насилно влегоа внатре.

Излогот беше целосно уништен во бруталниот напад

Сторителите потоа украдоа накит. Вредноста на украдените предмети сè уште не е позната. Сепак, станува збор за една од најскапите златарници во Виена, каде што ѓерданите вредни до 175.000 евра не се невообичаени, пишува весникот „Хојте“.

Местото на злосторството беше целосно уништено. Тешко оштетениот теренец остана заглавен во скршениот излог на златарницата по провалата. Полицијата пристигна во голем број, го блокираше просторот и го обезбеди местото на злосторството. Истрагата е во тек.

Сè уште не е познато колку сторители учествувале во спектакуларната провала, ниту во кој правец избегале со пленот.

Информации за висината на материјалната штета исто така сè уште не се достапни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер