Ревизијата утврди неправилности и неусогласености во работењето на ТИРЗ - Канал 5

Ревизијата утврди неправилности и неусогласености во работењето на ТИРЗ

287 хектари од индустриските развојни зони низ државава стојат празни и неискористени  - тие воопшто не се дадени под закуп иако е отпочната постапка за формирање на две нови зони, утврди Државната ревизија во извештајот за ТИРЗ за 2024та.

Ревизијата утврди неправилности и неусогласености во работењето на ТИРЗ

-Седум од вкупно 16-те зони и една индустриска зона не се ставени во функција. Констатирани се состојби во работењето кои влијаат на изразување на неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година. - бележи извештајот. - Државен завод за ревизија.

Освен функционалната неискористеност на зоните, државниот ревизор констатираше и неправилно спроведени јавни набавки и слабости во склучени договори во ТИРЗ Скопје 1 и 2 , Штип, Прилеп и Гевгелија. Поради неисполнетост на условите за добивање одобренија за употреба, тековните инвестициите во зоните во 2024та, во износ од речиси 69 милиони евра се водат како материјални средства во подготовка и за нив не се пресметува амортизација, посочува ревизорскиот извештај.

За да се привлечат странските инвеститори пак, ресорното министерство вчера најави отпочнување на трговски мисии и како што рече министерот, нов „сет на услуги„ а први ќе се посетат Мароко и Саудиска Арабија, за кои министерот Муцунски рече дека имаат сериозен потенцијал за соработка.

-Во текот на 2026та имаме намера да отпочнеме со т.н трговски мисии каде што претседателката, премиерот и јас како министер, на наши билатерални посети во одредени таргетирани земји ќе носиме со нас претставници на деловната заедница,- -Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија.

Според ревизорскитот извештај, во 2024 година, државната помош за странските инвестиции во зоните изнесувала скоро 30 милиони евра, за 16 склучени договори.

Сепак, со законската регулатива согласно која се доделува индивидуалната помош на корисниците на ТИРЗ, не се утврдени транспарентни и јасни критериуми за висината на доделување на државната помош – забележуваат ревизорите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влада донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата.

Влада донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Владата на денешната седница, донесе Одлука со која ДДВ се намалува од 18% на 10%, со цел директно да се ублажи ценовниот удар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба поради можноста за нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата.

Кај нафтата, наместо редовното очекувано зголемување од околу 5 денари, со оваа мерка се очекува намалување од околу 2 денари. Тоа значи вкупно ублажување на ценовниот удар од околу 7 денари, при што новата цена би изнесувала околу 99 денари за литар.

Кај бензините, согласно пресметките, се очекува зголемување од околу 3,5 денари, што значи дека новата цена би изнесувала околу 100,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, односно 102,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98.

Повластената даночна стапка од 10% ќе се применува од 00:01 часот на 15 септември 2026 година до 24:00 часот на 28 септември 2026 година.

Со оваа одлука Владата презема конкретна и навремена мерка за заштита на животниот стандард на граѓаните, намалување на финансискиот товар и поддршка на стопанството во услови на кризна состојба.

Владата продолжува внимателно да ги следи состојбите на пазарот на нафтени деривати и да презема мерки во интерес на граѓаните и економијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска во понеделник ќе се сретнат во Кардиф, каде што треба да потпишат заедничка декларација со која ќе го потврдат правото на нивните нации на самоопределување и ќе побараат можност граѓаните на референдуми да одлучуваат за својата иднина.

Според „Телеграф“, ова ќе биде прв заеднички настап на тројца лидери на Шкотска, Велс и Северна Ирска кои отворено се залагаат за промена на сегашниот уставен статус во рамките на Обединетото Кралство.

По состанокот се очекува нивните партии да потпишат и меморандум за соработка во четири области – економијата, енергетиката, европа и меѓународната соработка и самоопределувањето.

Сите три политички опции имаат и европска агенда. Шкотската национална партија и Плајд Камри се залагаат независните Шкотска и Велс во иднина да станат членки на Европската Унија, додека Шин Фејн бара обединување на Северна Ирска со Република Ирска.

Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот – кој утрово исчезна откако беше изгубен контактот со него во Јаванското Море поради лошите временски услови – при што едно лице загина, а друго е повредено, изјави Дани Рахмат, портпарол на пристанишниот оператор „Пелиндо“.

Претходно, државната агенција за потрага и спасување на индонезија соопшти дека бродот Virgo Transport 8, испловил во саботата од градот Сурабаја во Источна Јава кон Банџармасин во Јужен Калимантан, потоа бил изгубен контактот, што ги поттикнало спасувачите да започнат потрага и да испратат тим на последната позната локација на бродот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер