КултураРетроспективна изложба на карикатури од Делчо МихајловВо Музеј на Град Скопје вечер ќе биде отворена ретроспективна изложба на карикатури од Делчо Михајлов (1947–2010), еден од најреномираните македонски карикатуристи. Со изложбата ќе бидат одбележени 50 години од објавувањето на неговата прва карикатура.Ќе бидат изложени педесетина карикатури од речиси сите фази на неговото творештво работени во техниките во кои Михајлов најчесто се изразувал – туш и акварел на хартија. - Карикатурите на Михајлов се некоја „порака во шише“, некој изразен концепт, одреден вредносен модел, некаков однос со светот кој е пуштен или е фрлен во непредвидливите струи на идните времиња. Тие се и некаква наша надеж дека тој збир од вредности на идните генерации ќе може да им пренесе доволно поттик за пронаоѓање на натамошни патишта темелени на комичкиот израз. Овие карикатури се сведоштво за остварливоста на идејата за креативноста во сферата на масовното, соопшти организаторот на изложбата. Михајлов редовно објавувал карикатури од 1963 година, а од 1970-тите ги публикувал во различни дневни весници и списанија во земјата и во странство. Од 1973 учествувал на над 250 конкурси, изложби и фестивали на карикатурата (Париз, Монтреал, Токио, Рим, Рио де Жанеиро, Франкфурт, Техеран, Отава ...) каде што освоил и значајни награди. Дипломирал во 1974 на Архитектонскиот факултет во Скопје, работел во „Нова Македонија“, „Остен“, во студиото за анимиран филм во „Вардар филм“, во одделот за маркетинг при „Металски завод Тито“, а од 1993 година имаше статус на слободен уметник. Од 1995 до 2000 беше директор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, а во 2008-2009 го водеше самостојниот проект „Анте портас“, презентиран во Музејот на град Скопје и во седиштето на ЕУ во Брисел. Изработол шест краткометражни анимирани филмови и графички дизајнирал и илустрирал книги. Бил меѓу иницијаторите за прием на македонските аниматори во Меѓународната аниматорска асоцијација АСИФА. Неколку негови карикатури се во колекциите на музеите на карикатурата во Толентино (Италија), Монтреал (Канада) и во Измир (Турција). Во 1994 му е доделена највисоката награда на Република Македонија „11 Октомври“ за 30 години творештво во областа на карикатурата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
ТехнологијаПакистански астронаут ќе биде првиот странец на кинеската вселенска станица Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг.Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг, објавија кинеските државни медиуми во саботата. Првиот странски посетител на вселенската станица ќе учествува во мисијата како специјалист за товар, објави CCTV, повикувајќи се на Кинеската агенција за вселенски летови со екипаж. Идентитетот е непознат Кина не го откри идентитетот на астронаутите, но функционер во вселенската агенција на Пакистан изјави за Ројтерс во септември дека пилотите Зишан Али и Курам Дауд поминале месеци обука во Кинескиот центар за истражување и обука на астронаути во Пекинг, подготвувајќи се за мисијата. Пекинг сè уште не го објавил датумот на мисијата. Историското значење на летот CCTV известува дека астронаутот, по завршувањето на краткорочниот лет во орбитата, ќе се врати на Земјата со вселенското летало Шенжоу-23. Ова е првиот заеднички вселенски лет во кој учествуваат кинески и странски астронаути во историјата на кинеската програма за вселенски летови со екипаж, и сè се одвива во рамките на „вселенската дипломатија“ на Пекинг.Тагови: вселенска станица астронаут Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Со Дреново и Возарци ги заокружуваме средбите со граѓаните во урбаните и месните заеднициПоследните средби на терен ги посветивме на разговори со жителите на овие две населени места, нивните потреби, предлози и конкретни иницијативи за подобрување на секојдневното живеење. Со завршувањето на посетите, добиваме јасна слика за приоритетите во сите урбани и месни заедници, кои ќе бидат земени предвид при креирањето на Програмата за работа за 2027 година. Нашата определба останува иста – развој со јасна визија, конкретни планови и еднаков пристап кон секое населено место. Кавадарци го градиме заедно, со граѓаните и за граѓаните, објави на ФБ градоначалникот на кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПетмина руски функционери се во делегацијата за преговори за Украина во Абу Даби Русија на претстојните трилатерални разговори со САД и Украина во Абу Даби ќе биде претставена од помошникот на претседателот Владимир Медински, заменик-министрите за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија на претстојните трилатерални разговори со САД и Украина во Абу Даби ќе биде претставена од помошникот на претседателот Владимир Медински, заменик-министрите за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин, како и претставници на Генералштабот Игор Костјуков и Јуриј Жигарловски. Тие присуствуваа на состанокот на рускиот претседател Владимир Путин со постојаните членови на Советот за безбедност во петокот, на кој разговараа за претстојните разговори закажани за вторник, објави Интерфакс. Песков потврди дека споменатите функционери ќе учествуваат во разговорите, додека помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, кој исто така присуствуваше на состанокот, ќе ги надгледува преговорите во својство на помошник на Путин за меѓународни работи. Путин претходно изјави дека ги поканил на состанокот функционерите кои ќе учествуваат во претстојните трилатерални разговори, кои вчера објави дека ќе се одржат на 10 ноември во Абу Даби.Тагови: Абу Даби украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter