ЗдравјеРетки бубрежни болести: Примарна хипероксалурија тип 1Примарна хипероксалурија тип 1 (ПХ1) е најчеста форма на примарна хипероксалурија. Како дел од активностите за одбележување на 12 Март - Светскиот ден на бубрежното здравје, Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ објавувава серија текстови посветени на ретките бубрежни заболувања, како исклучително комплексни болести што често тешко се дијагностицираат, а бараат специфичен, доживотен третман. Текстовите се изработени од страна на еминентни експерти по медицина, а со цел подобра едукација на јавноста и рана дијагностика што спасува животи. Примарна хипероксалурија тип 1/Primary hyperoxaluria type 1 МКБ: E 72. 53 Инциденца/зачестеност: 1 / 120 000 годишно Примарна хипероксалурија тип 1 (ПХ1) е најчеста форма на примарна хипероксалурија. Тоа е ретка наследна болест што главно ги зафаќа бубрезите. ПХ1 се јавува кај едно на 120 000 раѓања и се пренесува автосомно рецесивно. Неодамнешните генетски истражуцања во Америка укажуваат дека болеста е многу почеста. Последица е на натрупување на супстанција наречена оксалат, која нормално се филтрира преку бубрезите и се отстранува преку урината. Кај пациентите со ПХ1, акумулираниот оксалат се таложи во бубрезите и уринарниот тракт, се врзува со калциум и формира нерастворливо соединение наречено калциум оксалат. Ова соединение создава камчиња во бубрезите и уринарниот тракт. Симптоми ПХ1 може да се појави на која било возраст, а симптомите и тежината на болеста се различни. Околу 20 % од пациентите со ПХ1 имаат тешка форма на болеста која започнува на возраст помала од една година. Спротивно, пак, некои пациенти со ПХ1 живеат без никакви симптоми, сè до возраст од 50 години. Просечна возраст при која почнува болеста е околу 5 години. Знаците на бубрежно засегање можат да варираат од нефрокалциноза (состојба на таложење на калциумови соли во бубрежното ткиво) и развој на бубрежна слабост уште во возраста на доење, па сè до повремени симптоми на камчиња во бубрезите при возрасна доба. Бубрежните камчиња најчесто се првиот знак на ПХ1. Симптоми на постоење на бубрежните камчиња се ненадејна појава на стомачна или слабинска болка, крв во урината, често и болно мокрење, покачена температура и треска. Нелекуваната ПХ1 води кон бубрежна слабост која е живото-загрозувачка состојба. Бидејќи симптомите на болеста можат да се јават релативно доцна, а да се асоцирани со сериозни компликации, тогаш сите педијатриски пациенти кои имаат бубрежни камчиња треба да бидат тестирани за ПХ1. Други чести симптоми на ПХ1 предизвикани од натрупување на соединението оксалат во други органи, можат да бидат бавен раст и развој, таложење на калциум во ѕидот на крвните садови во кожата и мускулите со последователна гангрена, нарушување на срцевиот ритам и ризик од ненадејна смрт, срцева слабост, проблеми со видот, намалена функција на тироидната жлезда, воспаление на зглобовите, натрупување во коските со појава на фрактури и анемија. Доколку не се лекуваат, животниот век кај овие пациенти е околу 20 години, а главна причина за смртност е крајната фаза на бубрежна слабост и таложење на оксалатот во гореспомантите органи и ткаења наречено системска окалоза. Се смета дека во голем број на случаеви болеста е субдијагностицира или касно дијагностицирана на пример заради откажување на бубрезите заради таложење на кристалитре на калциум оксалат во истите. Причина Примарна хипероксалурија тип 1 се наследува автозомно рецесивно и е предизвикана од мутација на генот АГКСТ, лоциран на хромозом 2q37.3. Ова значи дека за еден човек да заболи, мора да има мутации на двете копии на генот АГКСТ, кои ги наследил од двата родитела. Овој ген е одговорен за производство на ензим наречен аланин-глиоксалат аминотрансфераза, кој се наоѓа во клетките на црниот дроб во клеточните структури наречени пероксизоми. Ензимот е задолжен за конверзија на соединението глиоксалат во аминокиселината глицин, а како кофактор неопходен е Б6-витамин (пиридоксин). Мутациите во генот АГКСТ водат до намалено ниво или нарушена функција на ензимот, со што се оневозможува разложување на глиоксалатот. Ова резултира со натрупување на глиоксалат, кој потоа се конвертира во оксалат, наместо во глицин. Вишокот на оксалат кој не се отстранува од телото, подоцна се врзува за калциум и формира калциум оксалат, главна компонента на бубрежните камчиња. Дијагноза Поставувањето на дијагноза за генетска или ретка болест често е предизвик. Дијагнозата се поставува според историјата на пациентот, клиничкиот преглед, лабораториските и радиолошките испитувања и генетската анализа. Најзначаен лабораториски наод е значително зголемената елиминација на соединениата оксалат и гликолат преку урината. Специфични радиолошки анализи за детекција на хипероксалурија не постојат, но калциум оксалатните камења во бубрезите или уринарните патишта лесно се детектираат со компјутерска томографија. Радионуклидните студии даваат информација за добро ниво на зачувување на бубрежната функција. Прецизна дијагноза за ПХ1 може да се постави само со генетска потврда за мутација во генот АГКСТ или преку анализа на ензимската активност во примерокот од биопсијата на црниот дроб. Третман Третманот на ПХ1 е насочен кон намалување на производството на оксалат и зголемување на елиминацијата на калциум оксалат. Кај 30 % од пациентите, терапија со Б6-витамин го намалува нивото на оксалат во плазмата. Со цел да се спречи создавање на камења во бубрезите и уринарните патишта, потребен е внес на големо количество течности, терапија со калиум цитрат, алкализација на урината, суплементација со фосфати, ограничен внес на Ц-витамин и Д-витамин и избегнување на некои лекови (пр. диуретици на Хенлеова петелка). Уринарните камења треба да се третираат од искусни уролози. Дијализа е потребна кај пациенти со ПХ1 и со поразвиена бубрежна, но истата е неефикасна во отрсанување на оксалатот, што по извесен период води до системска оксалоза Изолираната бубрешна трансплантација има лош исход, бидејки доагја до натрупуванје на оксалатот во графотот и неговата дисфунцкија. Комбинираната трансплантацијата на бубрег и црн дроб е дефинитивен третман кај пациенти со ПХ1, особено кај деца со рана форма на болеста. Лекот Лумасиран е современа генска терапија и е одобрен за третман на пациенти со ПХ1 од Американската агенција за лекови во 2020 година. Резултатите се охрабрувачки и прелиминарните резултати укажуваат дека изолирана трансплнтација на бубрег има добар исход. Покрај лумасиран уште еден лек е одобрен за лекување на ПХ1, а тоа е недосиран и истиот е индициран кај пациенти постари од 12 години. Изјава на Проф. Д-р Велибор Тасиќ и Д-р Нора Абази Емини ( педијатриски нефролози ЈЗУ Клиника за детски болести) Каква е ситуација со ПХ1 во Македонија? Без оглед што метаболичката дијагностика во Македонија не е достапна болеста ефектно се дијагностицира во педијатриската популација благодарејќи на соработката со центрите во Цириџ, Келн и Бон. За жал исходот на болеста е лош заради неможност на комбинирана бубрежна и црнодробна трансплантација во Македонија. Благодарејки на програмата за ретки болести, кај последните три новодијагностицирани педијатриски пациенти со ПХ1 беше применета современата генетска терапија Лумасиран. Ефектот на терапијатра е очигледен, кај сите три пацинти нема создавање на нови камчиња и нивната бубрежна функција е стабилна. Разочарувачката е најавата во медиумите дека буџетот за ретки заболувања ке се скрати, а ова ке се одрази на континуирано снабдување на лекот за овие три паиценти и евентуално новодијагностициреаните пациенти бидејки во акцијата за дијагностика на оваа фатална болест активно се вклучените и колегите адултни нефролози.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
БизарноБосанката Мирнеса украла над милион евра од фирма во Германија, па ја пуштиле на слобода- парите не се пронајдени Мирнеса С, попозната по прекарот Мики, која украла дури 1,25 милиони евра од германска компанија за готовински трансфер во Штутгарт, повторно е во центарот на вниманието. Откако отслужила дел од тригодишната затворска казна, таа била ослободена на почетокот на 2025 година, но најголемата мистерија во случајот останува нерешена - каде завршиле парите што исчезнале пред повеќе од четири години? Кражбата се случила на 14 октомври 2022 година, кога Мирнеса, која во тоа време била вработена во компанијата за готовински трансфер, однела огромна сума пари од просториите на компанијата, објави 24 сата. Според информациите што подоцна ги објавија медиумите, таа ги ставила парите во спортска торба, ја покрила со крпи и го напуштила своето работно место. Бидејќи имала пристап до парите како вработена, кражбата била извршена без класичен грабеж или употреба на сила. Нејзиното исчезнување предизвикало обемна потрага од страна на германската полиција, која понудила награда од 37.500 евра за информации што довеле до нејзино апсење. Мирнеса, сепак, доброволно се предаде на властите во Германија на почетокот на 2023 година, откако преку својот адвокат го најави своето пристигнување на аеродромот во Штутгарт. Во јули истата година, таа беше осудена на три години затвор за кражба, а за време на постапката тврдеше дека нејзиниот тогашен партнер Роберт С. го смислил целиот план и ја убедил да учествува во кражбата. Според неа, таа добила само 20.000 евра од вкупната сума. Нејзиниот поранешен партнер, од друга страна, ги негираше обвинувањата дека ја организирал кражбата и тврдеше дека само играл улога на возач. Случајот достигна нов епилог во февруари 2026 година, кога Роберт С. беше осуден на три години и девет месеци затвор за учество во кражбата. Судот, исто така, нареди конфискација на приносите од криминал во износ од 1,25 милиони евра, но парите не беа пронајдени ни тогаш. Пресудата не беше конечна во времето на објавувањето на извештајот. Мирнеса се појави и како сведок на судењето на нејзиниот поранешен партнер, каде што зборуваше за желбата да започне нов живот. Иако е повторно слободна, прашањето за судбината на парите останува неодговорено. Во последните месеци, таа привлече внимание и на социјалните мрежи, каде што се појавува во хумористични видеа со босанскиот инфлуенсер Сермед Мактоуф. Иако двајцата поминаа низ судски процес и добија затворски казни, повеќе од еден милион евра сè уште не се пронајдени, а останува непознато кој во моментов ги контролира парите од една од најпознатите кражби во Германија.Тагови: Германија парите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаХоланѓанец си го убил таткото и го исекол телото на 238 парчиња, а потоа направил нешто пострашно Холандските обвинители побараа 12-годишна затворска казна за маж кој го убил својот татко, а потоа го исекол неговото тело на 238 парчиња!Осомничениот ги ставил останките од својот татко во 19 вреќи за ѓубре, кои ги чувал во два замрзнувачи и кутија за складирање повеќе од три години. „Тој го отстранил телото и ги лажел полицијата и луѓето околу него со години“, изјавил јавниот обвинител пред судот, објави Сан. Тајмен В., 33, е обвинет за убиство на својот татко на 10 јануари 2021 година. Полицијата ги пронашла останките во куќата на осомничениот повеќе од три и пол години подоцна, во ноември 2024 година. Обвинителството изнесе тврдења пред судот во Алкмар дека таткото и синот биле во насилен конфликт. Жртвата била удирана во главата осум пати со тврд предмет, можеби статуа на Буда, што самиот осомничен го споменал. Според патолог од Холандскиот форензички институт (NFI), постои и можност жртвата да била задавена. Осомничениот тврди дека дејствувал во самоодбрана откако неговиот татко го нападнал со нож. Обвинителството ја отфрли оваа верзија на настаните, нагласувајќи дека осомничениот не контактирал со полицијата по смртта на неговиот татко, туку им кажал на луѓето околу него дека заминал во странство. Son, 33, ‘chopped dad into 238 pieces & hid body in freezer over poison plot' https://t.co/BRh99bhBrf — The US Sun (@TheSunUS) November 3, 2026 Обвинителот посочи дека осомничениот се однесувал кон својот татко „на ужасен и крајно дехуманизирачки начин“. Психијатар и психолог процениле дека имал благо нарушен ментален капацитет, констатација што обвинителството ја прифатило. Обвинетиот изјавил дека целосно го потиснал и самото убиство и криењето на телото, и дека неговите сеќавања за настанот се појавиле дури околу еден месец по неговото апсење. Меѓу другото, му е дијагностицирано гранично растројство на личноста. Неговиот адвокат изјавил дека физичкото насилство се случило меѓу татко и син во неколку наврати и дека било взаемно. Тој додаде дека неговиот клиент ја изгубил довербата во полицијата по претходен инцидент, кога неговиот татко го нападнал со секира, а полицајците не пристигнале веднаш на местото на настанот.Тагови: татко телото Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаБран штрајкови се најавени во Италија за овој месец- запираат возовите, автобусите и авионите Италијанските синдикати повикаа на национален штрајк во железничкиот, автобускиот и воздушниот транспорт за 20 и 21 ноември, на кој ќе му претходат неколку прекини на работата и протести на локално ниво.Генералниот штрајк, свикан од Италијанската општа конфедерација на трудот (CGIL), ќе ги опфати сите транспортни сектори, и јавни и приватни, во текот на целиот ден на 20 ноември, објави денеска ADNkronos. Во исто време, неколку закажани протести и локални штрајкови од следната недела се закануваат да го нарушат транспортот, создавајќи тешкотии за жителите на неколку италијански градови. Утре Џенова ќе биде погодена од штрајк во транспортот организиран од синдикатот Cub Trasporti, додека синдикален протест ќе се одржи во Козенца на 10 ноември, што ќе го наруши и јавниот превоз. Во Милано, штрајк на групацијата ATM е свикан за 13 ноември, што ќе доведе до прекини во јавниот превоз во тој град, како и во Монца и Бријанца, а истиот ден, јавниот превоз во Венеција исто така ќе биде засегнат во текот на целиот ден поради прекин на работата. Штрајкови се планирани и во транспортниот сектор во Бари и Неапол во текот на ноември, соопшти агенцијата. На национално ниво, критични денови за транспортот, од јавниот превоз до железницата, ќе бидат 20 и 21 ноември, кога штрајкот ќе влијае на железничкиот товарен транспорт, локалниот јавен превоз и железничкиот патнички транспорт, од 21 часот на 20 ноември до 20 часот на 21 ноември. Што се однесува до секторот за воздушен транспорт, се очекуваат прекини за патниците што летаат на 22 ноември, кога вработените во неколку компании во Фиренца и Пиза ќе штрајкуваат, додека работниците во компанијата Енав во Варезе исто така ќе штрајкуваат. Покрај транспортниот сектор, прекин на работата е повикан и за италијанските работници во кол-центрите да штрајкуваат на 11 ноември. Синдикатите заеднички ја повикуваат владата да „обезбеди сериозна индустриска политика за секторот, како и да ги заштити работните места и приходите на работниците“. Национален штрајк е закажан и за 16 ноември за приватните даватели на здравствени услуги, социјалните претпријатија, како и за регионалните и локалните власти, потсети агенцијата. Во исто време, училиштата и универзитетите ќе бидат во центарот на широк протест во текот на денот на 20 ноември, свикан од синдикатите и здруженијата на работници во образованието на Италија.Тагови: италија штрајкови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter