Случај без преседан во САД: Осуденичка преживеа обид за погубување — по две смртоносни инјекции сè уште била жива - Канал 5

Случај без преседан во САД: Осуденичка преживеа обид за погубување — по две смртоносни инјекции сè уште била жива

Американската сојузна држава Тенеси не успеа да ја изврши смртната казна врз 50-годишната Криста Гејл Пајк, која остана жива и по примањето на две дози пентобарбитал.

Случај без преседан во САД: Осуденичка  преживеа обид за погубување — по две смртоносни инјекции сè уште била жива

Овој неуспешен обид за погубување сега покрена истрага и доведе до прекин на другите погубувања во државата.

Пајк, која беше осудена на смрт за убиство извршено кога имала 18 години, требаше да биде погубена на 30 септември во затворот со максимално обезбедување „Ривербенд“ во Нешвил.

Сепак, она што требаше да биде извршување на смртна казна се претвори во настан за кој експертите велат дека нема познат преседан во модерната историја на погубувања во САД.

Новинарите присутни на извршувањето на смртната казна ја видоа Пајк врзана за носилата во просторијата. Таа беше свесна и во еден момент ја крена главата и ги праша затворските службеници дали е нормално нејзината рака да има такво чувство.

Според извештајот на АП (AP), втората доза пентобарбитал била дадена до 20:26 часот по локално време. Но, Пајк не почина. Од зад повлечената завеса, новинарите сè уште можеа да слушнат како таа силно 'рчи.

Микрофонот беше исклучен во 20:53 часот, по што од сведоците беше побарано да ја напуштат просторијата.

Новинарката на АП, Ким Чендлер, која присуствуваше на обидот за извршување на казната, раскажа дека Пајк сè уште силно 'рчела и била очигледно жива во моментот кога новинарите биле изведени надвор.

Пајк потоа била пренесена во болница со возило на брза помош. Нејзините адвокати изјавија дека не добиле никакви информации за нејзината здравствена состојба.

Одделот за извршување на санкции на Тенеси потврди дека таа е префрлена во медицинска установа, при што тврдеше дека за време на обидот за извршување на казната бил испочитуван секој чекор од утврдениот протокол.

Засега нема официјален одговор на најважното прашање: зошто пентобарбиталот не предизвикал смрт. Протоколот на Тенеси предвидува резервен сет шприцеви за случај осуденикот да не почине по првичното давање на лекот. Токму тој резервен сет бил употребен во случајот на Пик.

Проблемот, според Асошиејтед прес (AP), е што протоколот не прецизира што треба да се направи доколку лицето остане живо и по второто давање на лекот.

Нејзините адвокати предупредувале на можни проблеми со вените пред извршувањето на смртната казна. По неуспешниот обид, тие истакнаа дека нивните стравувања во врска со тешкотиите при пристапот до вените, можното оштетување на вените и самиот пентобарбитал се оствариле. „Аксиос“ (Axios) исто така известува дека затворските службеници постојано ги затворале завесите за време на постапката, спречувајќи ги новинарите, кои присуствувале како официјални сведоци, да видат голем дел од она што се случувало внатре во просторијата.

Реакцијата уследи неколку часа подоцна. Гувернерот на Тенеси, Бил Ли, нареди сеопфатна независна истрага за да се утврди што се случило за време на обидот за извршување на смртната казна. Истовремено, тој ги стопираше преостанатите извршувања на смртни казни закажани во Тенеси за оваа година.

Дали некој претходно преживеал таков обид за извршување смртна казна?

Токму тој детал го прави овој случај исклучителен. Робин М. Махер, извршен директор на Центарот за информации за смртната казна (Death Penalty Information Center), она што ѝ се случило на Пик го опиша како „единствен и досега незабележан случај“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија го погоди Баерн пред натпреварот со Арсенал- тимот од Минхен ќе игра без капитенот

Капитенот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, нема да игра вечерва против Арсенал поради смртта на неговиот татко, објавија денес германските шампиони.

Трагедија го погоди Баерн пред натпреварот со Арсенал- тимот од Минхен ќе игра без капитенот

Таткото на Кимих, Бертолд, почина на 57-годишна возраст, па Баерн го ослободи капитенот од должностите до викендот.

- Поради загуба во неговото најблиско семејство, Кимих не е во составот за денешниот натпревар против Арсенал. Во име на семејството, ве молиме да се почитува неговата приватност и тага, и да се воздржи од понатамошни истраги и известувања. Им упатуваме најдлабоко сочувство на Кимих и неговите најблиски - се вели во соопштението на Баерн.

Баерн ќе биде домаќин на Арсенал во третото коло од Лигата на шампионите вечерва во 21 часот. Ова ќе биде голем удар за целиот тим, бидејќи Кимих е многу важен дел од тимот предводен од Винсент Компани. Кимих дефинитивно ќе го пропушти овој натпревар, а дали ќе игра во Бундеслигата овој викенд сè уште не е познато.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Латвија бара забрана за транзит на руско жито, додека самата увезува големи количества

Иран е најголемиот увозник на руско жито, додека Латвија – и покрај затегнатите политички односи со Москва – се наоѓа меѓу првите пет увозници.

Латвија бара забрана за транзит на руско жито, додека самата увезува големи количества

Од почетокот на земјоделската сезона, Иран е најголемиот увозник на руско жито, додека Латвија – и покрај затегнатите политички односи со Москва – се наоѓа меѓу првите пет увозници, според податоците на консултантската фирма „ProZerno“, пренесени од Ројтерс.

Во периодот од јули до октомври, Иран увезл вкупно 1,716 милиони тони руско жито, главно јачмен и пченка.

Египет е на второто место со увезени 1,35 милиони тони од јули наваму, а по него следува Азербејџан со 545.000 тони. Латвија е на четвртото место со увезени 431.700 тони руско жито, додека Нигерија го зазема петтото место со 420.900 тони, покажуваат податоците на „ProZerno“.

Русија ги менува извозните рути поради напади со беспилотни летала

Русија ги прилагодува своите рути за извоз на жито како одговор на зачестените напади со беспилотни летала врз пловила во Црното и Азовското Море. Истовремено, значително е зголемен обемот на пратки преку Каспиското Море. Руското жито се извезува и преку пристаништа на Балтичкото Море, вклучително и оние што се наоѓаат во балтичките држави – пред сè во Латвија.

Според податоците на компанијата „Rusagrotrans“, во септември преку балтичките пристаништа поминале 65 отсто од пратките со руско жито, главно пченица. Естонија веќе го забрани транзитот на руско жито преку својата територија. На почетокот на октомври, балтичките држави предложија воведување забрана за транзит на руско жито низ целата Европска унија.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пренџов: Кандидатот на ДУИ за Брвеница е само обид на Ахмети да се врати на политичката сцена

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата ,,Само вистина“ на Канал 5 телевизија се осврна на темата за изборите во Брвеница.

Пренџов: Кандидатот на ДУИ за Брвеница е само обид на Ахмети да се врати на политичката сцена

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата ,,Само вистина“ на Канал 5 телевизија се осврна на темата за изборите во Брвеница, за што кажа дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во првиот круг со кандидатот Стојанчо Радичевски, а наспроти него во вториот круг е и кандидатот на ДУИ, за кој тој смета дека е само асет на претседателот на таа партија во обид да се врати повторно на политичката сцена.

,,Моментално има двајца кандидати во Брвеница кои што продолжуваат во вториот круг. Првиот е човек којшто е од Брвеница и за Брвеница. Човек којшто смета дека Брвеница треба да има проект повеќе, треба да има се она што значи градинки, училишта, канализација и подобар живот на сите коишто живеат во Брвеница, независно од верската и националната припадност“, истакна Пренџов.

Според него, кандидатот на ДУИ е само уште една алатка за лидерот на партијата да се врати на политичката сцена, но смета дека на сите им е јасно дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор.

,,И вториот е кандидат односно асет на Али Ахмети и на ДУИ, човек којшто е таму само за да помогне да веќе излезениот од игра Али Ахмети да се врати повторно на политичката сцена. И мислам дека на граѓаните им е јасно, независно дали се Албанци дали се Македонци, дали се гласачи на СДС или не се, дека господинот Радичевски е оној, којшто се бори за Брвеница да биде подобро место за живеење, и тоа е суштината зошто препознаа дека него треба да му ја дадат довербата“, вели Пренџов.

Тој посочи дека во јавноста се забележуваат, како што кажа, разни математики во однос на изборите, но самиот не сака да ги коментира, туку фокусот да биде на тоа како може општината да се движи напред и да се развива.

,,Не сметам дека е успех за којшто треба некој да добие аплауз, затоа што ако во Скопје сте биле петта партија, во Брвеница сте четврта политичка партија. Мислам дека тоа не е некој успех за СДС, но тие си знаат. Мислам дека во Брвеница разговараме како Брвеница да оди напред, како да продолжи да се развива, а единствениот кандидат е господинот Радичевски наспроти асетот на Али Ахмети и на ДУИ. Него не му е до Брвеница, него му е до високата политика, како шефот Али Ахмети повторно да го врати во игра на македонската политичка сцена“, рече Пренџов и додаде:

,,Клучната работа за изборите е да, сите оние коишто и мислат добро на Брвеница, пред се оние што живеат во Брвеница, независно од етничката припадност, полот, верската припадност, застанат позади господинот Радичевски, со цел Брвеница да продолжи да се развива. Али Ахмети е еден ретрограден политичар, еден човек којшто доколку не скара помеѓу себе граѓани на основи коишто се одамна надминати, тој нема што да каже во политиката“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер