Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија - Канал 5

Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија

Неславен крај на една огромна кариера – на Кристијано Роналдо му се заканува суспензија, навивачите предизвикаа хаос на аеродром.

 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо ги напушти репрезентативните подготовките и во текот на ноќта пристигна во Мадрид, а според дисциплинскиот правилник на Фудбалскиот сојуз на Португалија, му се заканува суспензија во траење од еден до шест месеци, како и парична казна.

Роналдо го напуштил аеродромот „Барахас“ околу 2:40 часот по локално време, по лет од Копенхаген кој траел приближно три часа. Неговото излегување од аеродромот привлече голем број навивачи, а во еден момент неколкумина од нив ја пробиле безбедносната зона во обид да ја видат португалската ѕвезда.

Заминувањето на 41-годишниот напаѓач на Ал Наср може да повлече сериозни дисциплински последици.

Според Дисциплинскиот правилник на Португалската фудбалска федерација (FPF), играч кој е уредно повикан во националниот тим, а неоправдано ќе го напушти или нема да присуствува на тренинзи, натпревари или активности на репрезентацијата, може да биде казнет со суспензија во траење од еден до шест месеци.

За професионалните фудбалери е предвидена и дополнителна парична казна од пет до десет пресметковни единици, што во овој случај изнесува приближно 500 до 1.000 евра. Во членот 160 од правилникот исто така се наведува дека отсуството или напуштањето на репрезентативните активности може да доведе до автоматска превентивна суспензија на играчот.

Инаку се започна пред дуелот во Осло меѓу Норвешка и Португалија.

Тензиите станаа очигледни по натпреварот меѓу Португалија и Норвешка во Осло. Роналдо беше стартер во победата од 1:0 над Велс во првото коло од групата А4 во Лигата на нации, но следниот натпревар против Норвешка го започна од клупата за резерви. Португалија победи со 2:1, но Роналдо не настапи. По завршувањето на натпреварот, португалскиот капитен незадоволен се упати кон соблекувалната и не остана со соиграчите за време на поздравот со навивачите. Ситуацијата дополнително ескалираше следниот ден. Роналдо се ограничи на вежбање во теретаната на хотелот каде што престојуваше репрезентацијата, иако се појави на местото каде што се одржуваа тренинзите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апсења во Србија на членови на група осомничена за предизвикување на нереди во Белград на денот на изборите

Во пресрет на неделните избори во Србија уапсени се повеќе лица во Нови Сад, Кралево и Белград, поради сомнежи за планирање на нереди на денот на изборите.

Апсења во Србија на членови на група осомничена за предизвикување на нереди во Белград на денот на изборите

Како што објави РТС, осомничена група од Нови Сад планирала на 25 октомври со околу 80 лица да дојде во Белград и да предизвикува нереди.

Извршени биле претреси во објекти и простории кои ги користеле осомничените лица.

Според РТС, во одделна акција по налог на Виштото јавно обвинителство во Кралево бил уапсен осомничен од Врњачка бања, заради повикување на насилна промена на уставниот поредок и планирано учество на немирите во Белград на изборниот ден ..

Според српските медиуми биле приведени членови на криминална група предводена од осомничен наркодилер.

Инаку, според последната објавена анкета од „нова српска политичка мисла“, студентската листа е во тесно водство.

Доскорешниот српски претседател, носител на листата- „Александар Вучиќ -Единствена Србија“ , е убеден дека ништо нема да може да ги смени резултатите и најави дека за исходот нема да се обрати пред 22 часот в недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уставен суд: Активно постапуваме по предметите за платите на јавните обвинители

Активно постапуваме по предметите за платите на јавните обвинители, и се преземаат потребните дејствија за подготовка на темелен и аргументиран реферат, врз основа на кој ќе се одлучува за оспорените одредби, одговорија од Уставниот суд .

Уставен суд: Активно постапуваме по предметите за платите на јавните обвинители

Активно постапуваме по предметите за платите на јавните обвинители, и се преземаат потребните дејствија за подготовка на темелен и аргументиран реферат, врз основа на кој ќе се одлучува за оспорените одредби, одговорија од Уставниот суд по вчерашниот повик на обвинителите- Нивните иницијативи поврзани со намалените коефициенти за платите, итно да бидат разгледани како што наведуваат од Уставниот суд во моментов се водат постапки по три предмети, поднесени од Здружението на јавните обвинтели и Советот на јавните обвинители.

На 24 декеври 2025 судот повел постапка за оценување на уставноста на измените на законите на платите на Јавните обвинители и на членовите на Советот, донесени во 2024 година.

На седница одржана во март годинава, постапката била запрена, поради исцрпеноста во примената на законот, и на истата седница предлогот за поведување постапка за уставноста на законските измени од 2026 година, не го добил потребното мнозинство гласови..Истиот предмет пак, бил повлечен од дневен ред на седницата на судот во септември, заради дополнително утврдување на фактичката и правната состојба..

Судот потсетува и дека во моментов функционира со осум од предвидените девет уставни судии. Последните законски измени со кои беа намалени коефициентите за пресметка на платите на јавните обвинители и членовите на советот на јавните обвинители беа во февруари годинава...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Bugatti“ се излизга на влажен коловоз: Јутјубер нуди да го купи уништениот автомобил (ВИДЕО)

Оштетениот „Bugatti“ го привлече вниманието на еден познат јутјубер, кој веќе нуди пари за него.

„Bugatti“ се излизга на влажен коловоз: Јутјубер нуди да го купи уништениот автомобил (ВИДЕО)

Еден од само 500-те произведени примероци на „Bugatti Chiron“ е оштетен во сообраќајна несреќа во Мајами. Снимки од социјалните мрежи покажуваат автомобил покрај патот, кој претрпел сериозни оштетувања што би можеле да доведат до исклучително скапа поправка.

Сопственикот на црниот „Bugatti Chiron“ сигурно не очекувал дека неговиот хиперавтомобил ќе заврши покрај тротоарот откако возел по влажен коловоз.

Околностите под кои се случила несреќата се непознати, но видео објавено на социјалните мрежи покажува како автомобилот стои веднаш до едно големо дрво.

Врз основа на достапните снимки, возачот најверојатно изгубил контрола на лизгавиот пат, при што автомобилот се завртел или пролизгал. На предниот дел од каросеријата има видливи оштетувања, вклучително и напукнат долен дел од браникот и преден спојлер.

Сепак, се чини дека задниот дел од возилото може да претставува посериозен проблем. Десното задно тркало е поместено од својата правилна положба, што укажува на можно сериозно оштетување на системот за потпирање, пренесува „Carscoops“.

Исто така, можно е да е оштетено и подвозјето, а оштетено е и едно од предните тркала.

Поправките би можеле да чинат цело богатство.

Кај автомобил како „Chiron“, дури и навидум безначајна несреќа тешко дека ќе помине евтино. „Bugatti“ произведе само 500 примероци од овој модел, а поправките бараат специјализирано знаење, како и соодветни делови.

Искуството на јутјуберот Мет Армстронг – кој изминатата година ја помина во реставрација на уништен „Bugatti Chiron Pur Sport“ во САД – покажува колку може да биде сложен еден ваков потфат.

Според него, производителот не препорачува сопствениците сами да вршат поправки, што ја прави набавката на делови дополнителен предизвик.

Армстронг сугерира дека најсигурниот потег за сопственикот би бил да поднесе барање до осигурителната компанија – под претпоставка дека има соодветно осигурително покритие – и поправката да им ја препушти на овластен сервис на „Bugatti“. Сепак, во коментар на објава на Инстаграм, тој навести дека можеби дури и би бил заинтересиран самиот да го купи оштетеното возило.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер