Рено има ново лого (ВИДЕО) - Канал 5

Рено има ново лого (ВИДЕО)

Renault го претстави новото лого на брендот.

Рено има ново лого (ВИДЕО)

Првично е претставено во јануари за време на презентацијата на новата стратегија на Рено, а новото лого веќе ја красеше предната маска на концептот на прототипот Рено 5 Но, сепак малкумина очекуваа дека тоа ќе стане новото официјално лого на марката.

Претходното лого е претставено во 2015 година. Визуелно посложено, па затоа неговите контури со помали димензии понекогаш биле нејасни. Сега новиот дизајн на ромбот е јасен и препознатлив во сите димензии и начини на изработка, било да е извезено, зашиено или инсталирано на предниот крај на возилото. Како и кај другите модифицирани логоа, и овој доби рамен дизајн со остри линии, што го олеснува користењето.

Новото лого веќе се појавува на телевизиските реклами за Renault Zoe во Франција и се користи на социјалните мрежи, а од јуни годинава ќе се најде и на другите мрежни платформи. Што е најважно, од следната година гордо ќе ги краси новите модели и изложбени салони на Рено.

Логото на Renault ромб или дијамант е едно од најлегендарните и најпрепознатливите во автомобилскиот свет.

Првото лого во облик на ромб се појавило на моделот 40CV претставен во 1925 година. Оттогаш неговиот дизајн е малку изменет за да одговара на различните модели. По национализацијата на Рено и создавањето на Регионалното национално дело на Рено (РНУР) во 1946 година, е создадено логото со чисти и остри линии. Од 1959 година, натписот „Реги Национал“ е отстранет од логото на Рено, а самото лого е модернизирано со нов фонт. Во 1972 година е претставено многу впечатливо лого, дизајнирано заеднички од модернистичкиот сликар и вајар Иварал и неговиот син Виктор Вазарели. Ова лого останало на предните решетки на моделите на Рено цели 20 години, а во 1978 година е комплетирано со фонт на Волф Олинс.

Во 1992 година, Стил Марк одлучил да го подобри 3Д-ефектот на легендарниот дијамант користејќи хромирана рамка што одговара совршено со фонтот Волф Олинс, задржан до 2004 година. Дијамантот потоа се најде во жолт четириаголник, проследен со нов фонт. Три години подоцна, во 2007 година, натписот е поставен во жолт квадрат, веднаш под дијамантот.

Логото последен пат е променето во 2015 година и е обележано со нов дизајн и фонт развиен од студиото за дизајн на Рено во соработка со Интербренд.

Подолу можете да се види краток филм во кој новиот директор за дизајн на Рено, Жил Видал објаснува како и зошто е сменето логото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прогласена е вонредна состојба: Над 8.000 мигранти пристигнаа на шпански остров

Советот на шпанскиот остров Ел Иеро соопшти дека прогласил вонредна состојба за справување со миграциската криза, откако повеќе од 8.000 мигранти пристигнале на островот во Канарскиот архипелаг во последните пет недели.

Прогласена е вонредна состојба: Над 8.000 мигранти пристигнаа на шпански остров

Со декретот се бара и од владата на Канарските Острови и од шпанската држава да обезбедат дополнителен персонал и да спроведат систем на ротација за да им овозможат на членовите на Поморската служба за спасување, Здравствената служба на Канарските Острови, Државните безбедносни сили и Црвениот крст да бидат соодветно одморени, објави RTVE.

Претседателот на островскиот совет, Кабилдо, Алпидио Армас, рече дека вонредната состојба е прогласена за да „гарантира рамка за соработка со институциите за обезбедување на основните права“ и за пристап до буџетските ресурси потребни „за справување со овие непредвидени ситуации“.

Армас рече дека практично сите мигранти на островот доаѓаат од Сенегал.

Претседателот на Канарските Острови, Фернандо Клавихо, рече дека шпанскиот премиер Педро Санчез се обврзал итно да свика Комисија за имиграција и да ги зајакне ресурсите за здравствена заштита преку Државниот секретаријат за миграција. Декларацијата, исто така, предвидува воспоставување протоколи за координиран трансфер на мигранти на други острови со поголем капацитет и зајакнување на објектите за првичен прием на мигранти на островот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!

Вчеравечер беше одбележана 130 годишнината од постоењето на црквата Свети Великомаченик Димитриј во Скопје. 

Ѓорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!

„Вечерва одбележуваме 130 години од изградбата на некогашниот Соборен храм.

Дом на верата во кој скопјани наоѓале утеха во тешките мигови, благодареле за радоста и се молеле за здравјето и мирот на своите најблиски.

Свето место што ја чува православната традиција и сведочи за духовната истрајност на нашиот народ.

Признанието кое вечерва го примив, како благодарност за помошта во реконструкцијата на придружните објекти на храмот, има посебно место во моето срце.

Ќе стои на почесно место на мојата полица, како едно од најдрагите признанија и како потсетник на обврската да го чуваме она што ни го оставиле нашите предци.

За мене, да се помогне е чест, но и одговорност пред генерациите што допрва ќе го пречекорат прагот на овој храм.

Им благодарам од срце на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на отец Жарко и на свештенството на Македонската православна црква, за укажаната чест и за нивната посветеност во зачувувањето на верата, духовноста и заедништвото меѓу нашиот народ.

Нека уште многу векови овој храм биде полн со верници, со детски гласови и со искрени молитви.

Нека неговите камбани повикуваат на мир, љубов и добрина, а секој што ќе влезе во него нека пронајде утеха, надеж и сила.

Нека ни е вековит храмот „Свети великомаченик Димитриј“!

За многу години!“, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер