Рене Зелвегер доби критики на доделувањето на Оскарите: Не можеше очи да отвори - Канал 5

Рене Зелвегер доби критики на доделувањето на Оскарите: Не можеше очи да отвори

Холивудската актерка, Рене Зелвегер ги изненади обожавателите со својот изглед на овогодинешните Оскари.

Рене Зелвегер доби критики на доделувањето на Оскарите: Не можеше очи да отвори

Таа беше една од водителките, а се појави во елегантен розов фустан. Сепак, нејзиното лице привлече најголемо внимание.

По нејзиното појавување на сцената, корисниците на социјалните мрежи дискутираа за естетските корекции што ги направила.

Тие напишаа дека нејзиното лице е затегнато и дека изгледала како да кривогледа.

„Таа изгледа како Џенис од Мапет шоуто“, „Што се случи со неа?“ се само некои од коментарите.

Додека некои ја критикуваат, многумина го фалат нејзиниот изглед на наградата, најмногу за нејзиното однесување.

"Изгледаше елегантно. Толку слатко зборуваше за сите номинирани актерки. Елегантна како и секогаш, а фустанот и е совршенство", напишаа обожавателите на актерката.

Зелвегер минатата година доби Оскар за најдобра актерка во Џуди. Оваа година не се појави на црвениот тепих, туку само на сцената.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни четири пожари – се уште гори кај скопски Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка

Се уште се активни четири пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни четири пожари – се уште гори кај скопски Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка

Се уште критични се пожарите во општина Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка. Во пожарите зафатени се шума, ниска вегетација. Од ЦУК инфорамираат дека под контрола се пожарите во општина Делчево на депонијата, општина Студеничaни и Зелениково..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Православната црква ја одбележува Голема Богородица

Православната црква и верниците денеска ја чествуваат Голема Богородица.

Православната црква ја одбележува Голема Богородица

Успение на пресвета Богородица е еден од најголемите христијански празници. Овој празник ја одбележува смртта на Богородица, а денес завршува и летниот пост од 14 дена. Во манастирот Успение на Пресвета Богородица на скопска Матка верниците на утринска литургија со молитва за здравје и мир.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче на литургија во Лешочкиот манастир

Филипче синоќа беше во Лешок.

Филипче на литургија во Лешочкиот манастир

Претседателот на СДСМ Венко Филипче синоќа беше во Лешок, каде го посети лешочкиот манастир и црквата „Свети Атанасиј“, во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица – „Голема Богородица“ Филипче и претставници на СДСМ, присуствуваа на литургијата, а по богослужбата се сретна и со митрополитот тетовско-гостиварски Јосиф.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер