3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
МакедонијаМанасиевски: Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејачВенко Филипче си ја ишка мувата од капата.Тој и Зоран Заев му се извинуваа на Вучиќ, правеа пактови со него и се пијанчеа до раните утрински часови. Впрочем, Венко Филипче, Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ имаат ист пејач кој им пее на приватни журки. Еве го Венко Филипче на приватна журка во Дубаи каде што слави со Харис Џиновиќ, а еве ја Ана Брнабиќ на приватна журка исто со Харис Џиновиќ и со други министри на Вучиќ, а еве и уште едно видео како самиот Вучиќ ужива во песните на Џиновиќ. Ако Филипче мисли дека една иста лага повторена 1000 пати ќе стане вистина тоа не може да биде така. Врските на Филипче и Вучиќ не може да се избришат ни со 1000 прес-конференции против Вучиќ. Кога Филипче зборува против Вучиќ, на народот му текнува како седеа и пиеја до рани зори, како го пречекуваше на граница, како марихуаната одеше за Србија, како за директор на ЕСМ со Заев ставија човек на Вучиќ, како за ПР шеф во партија го ставија токму неговиот кум Башановиќ и многу други поврзаности за кои допрва ќе се дознава. Венко Филипче и Александар Вучиќ се едно те исто. Впрочем ако сакате да ја погледнете реалноста прво паднаа Заев и Филипче, а по нив тргна бранот. Сестринската партија на СДС во Унгарија доживеа изборен дебакл и остана надвор од унгарскиот парламент. Сестринската партија на СДС во Србија е на 9-тото место. А СДС пак во Македонија има слични резултати, на последните предвремени локални избори во Брвеница се 4-та партија, во општина Куманово се 4-та партија, а во главниот град, во Скопје се 5-та партија. СДС бега од предвремени избори како ѓавол од темјан. СДС со Филипче се феномен. Тие се единствената партија во политичката историја, која не бара предвремени избори од опозиција. Венко Филипче доколку сака да опстане уште некој месец во политиката до избори треба да си го гледа сопствениот двор, а не да мисли дека со лаги може да ја изврти реалноста. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДвоен успех за македонскиот шах – Алкалоид и Гамбит АСЕЕ меѓу шесте најдобри клубови во Европа!Позитивната слика за македонскиот настап ја надополнија и ШК Мулти Есенс и ШК Гостивар.Македонскиот клупски шах забележа значаен меѓународен успех на Европскиот клупски куп 2026 во Будва, со пласман на две екипи меѓу шесте најдобри во Европа. ШК Алкалоид во отворената конкуренција и ШК Гамбит АСЕЕ во женската конкуренција ги освоија шестите места, потврдувајќи го квалитетот и конкурентноста на македонскиот шах на највисоко европско клупско ниво. Позитивната слика за македонскиот настап ја надополнија и ШК Мулти Есенс и ШК Гостивар. Европскиот клупски куп се одржа од 17 до 23 октомври во Будва, Црна Гора, со учество на силни клубови и врвни шахисти од цела Европа. Македонија беше претставена со четири клуба – Алкалоид и Мулти Есенс во отворената конкуренција, како и Гамбит АСЕЕ и Гостивар во женската конкуренција. ШК Алкалоид го освои високото шесто место, со освоени 11 меч-бодови од седум кола, забележувајќи пет победи, едно реми и еден пораз. Како втор носител на турнирот, Алкалоид до самиот крај беше во конкуренција за највисок пласман, а конечниот распоред го одредија дополнителните критериуми. Европската титула ја освои турскиот Бајеган Пендик, пред чешкиот Нови Бор и израелскиот Ришон Лецион. ШК Мулти Есенс го освои 37. место, со осум меч-бодови, остварени преку четири победи и три порази. Екипата, која го започна натпреварувањето како 43. носител, го подобри својот почетен пласман за шест позиции и го заврши турнирот во горната половина од конечната табела. Во женската конкуренција, Гамбит АСЕЕ го освои одличното шесто место, со осум меч-бодови од три победи, две ремија и два пораза. Како шести носител, македонскиот клуб го потврди својот квалитет во силна меѓународна конкуренција, задржувајќи го местото меѓу водечките европски екипи. Вториот македонски претставник кај жените, ШК Гостивар, го освои 16. место со шест меч-бодови, односно три победи и четири порази. Европската титула ја освои Монте Карло, пред Гамбит Боневоа од Луксембург и српскиот Сирмиум од Сремска Митровица. Двата пласмана меѓу најдобрите шест европски клуба претставуваат вреден резултат за македонскиот шах, а настапите на сите четири македонски екипи се дополнителна потврда за континуитетот, квалитетот и потенцијалот на домашниот клупски шах на меѓународната сцена.Тагови: ШК Алкалоид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканТесна трка меѓу Јотова и Ѓуров и ниска излезност на претседателските избори во БугаријаРазлика од помалку од 43 000 гласа меѓу кандидатурите на Илијана Јотова и Андреј Ѓуров на вчерашниот прв изборен круг за претседателски и потпретседателски избори во соседна Бугарија. Јотова / Валчев добија 34,8% од гласовите, додека на второ место се Ѓуров / Кандев со 32% добиени гласови. Катастрофално ниската избирачка активност– една од најниските досега во Бугарија, кризата со нападите од дронови врз бугарските бродови во Црното море после која Јотова одлучи да не го свика Безбедносниот совет, но и внатрешно-политичките скандали како убиството на бизнисменот Слави Бинев и нападот врз новинарката од член на обезбедувањето на претседателката на парламентот, според бугарските аналитичари, се причините за овој резултат кој е на прагот на статистичка грешка. Дополнително, како што велат аналитичарите, доколку Јотова загуби во вториот круг, во Бугарија би можело сериозно да започне дискусија и за оставка на кабинетот на Румен Радев. -Илјана Јотова не е Румен Радев. Не може да биде. Секако, кредибилитетот на владата и ова огромно мнозинство дојде со довербата што ја обедини околу себе. И според мене, она што доведе до овој резултат е комбинација од надворешни фактори што се случија во меѓународната ситуација и бугарската политичка ситуација. Од друга страна, постојат работи што влијаат на односот меѓу оние на власт и Илјана Јотова, и сегашниот претседател. И од трета страна, грешките и настаните во самата кампања.- Мила Мошелова, политолог По завршувањето на изборниот ден, ниту Јотова ниту Ѓуров не побараа конкретна политичка поддршка од партиите и нивните лидери. Сепак, бугарските аналитичари оценуваат дека за вториот круг Јотова ќе ја побара поддршката од гласачите на Преродба, додека пак, Ѓуров ќе се обиде да ги собере гласовите од ГЕРБ и останатите антивладини гласови. Јотова и Ѓуров ќе се соочат во одлучувачкиот втор круг на 1 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧелниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
ЗдравјеМозочниот удар не бира возрастНиту една годишна возраст не е поштедена од мозочен удар, а најмлади пациенти на Неврологија со ваква состојба се 14 годишни деца, вели проф. д-р Анита Арсовска. Само на Клиниката за неврологија секоја година има по околу 5000 нови случаи, а ова е доволно за вклучување на алармот за превенција, вели д-р Арсовска. Навременото препознавање на симптомите и брзата медицинска интервенција кога ќе се забелжи симптом како што е парализа на едната страна на телото, се клучни за намалување на ризикот од смрт и тешки последици. Сепак, во околу 90 проценти мозочниот удар може да се спречи, а треба да се започне со утврдување на факторите на ризик што ги имаме, како што се маснотии во крвта, висок крвен притисок, шеќер, вели д-р Арсовска. Мозочен удар не може да се превенира преку ноќ, но клучни се медицинските проверки на нашиот организам, но и ако се прават напори во секојдневниот живот да ги промениме навиките, или модифирачките ризик-фактори. Според официјалните податоци на Институтот за јавно здравје во Македонија годишно околу 3.000 луѓе доживуваат мозочен удар. Кај 30 до 40 проценти од пациентите остануваат трајни последици, меѓу кои парализа, нарушен говор, проблеми со памтењето и физичка инвалидност. По повод светскиот ден на мозочниот удар, на Плоштадот Македонија од 10 часот ќе се спроведуваат бесплатни превентивни мерења на крвниот притисок, шеќерот и холестеролот во крвта, како и проценка на ризикот од мозочен удар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧелниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59