Милошоски – Холовња: Продлабочување на парламентарната соработка и континуирана поддршка од Полска за европските интеграции
1Милошоски – Холовња: Продлабочување на парламентарната соработка и континуирана поддршка од Полска за европските интеграции
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
МакедонијаФилипче: Не славиме туѓи избори, се руши балканскиот криминален октоподСпоред Филипче, ВМРО-ДПМНЕ го пресликал моделот на владеење од Вучиќ преку бизнис, политички и медиумски врски.Промените во регионот означуваат крај на политичките и бизнис-спреги што ги одржуваат авторитарните и коруптивни режими на Балканот, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес – конференција, на која им честиташе на српските граѓани за изборниот резултат. Според Филипче, ВМРО-ДПМНЕ го пресликал моделот на владеење од Вучиќ преку бизнис, политички и медиумски врски. Планот на СДСМ сега е постепено да ги демонтира лошите политики на власта, кажа Филипче, но предвремени избори нема да бара. - Сега, на тоа постепено му доаѓа крајот. Ние го најавивме. И со падот на Орбан, и сега со паѓањето на Александар Вучиќ во Србија. Практично, ВМРО е помалата привезок партија на нивната сестринска СНС од Србија. Александар Вучиќ му беше менторот, командантот, тој кој што даваше насоки како да функционира Христијан Мицкоски, тука, кај нас. И тој систем, многу добро, за жал, го имплементираше во наша земја, рече Филипче. Филипче доколку сака да опстане уште некој месец во политиката до избори треба да си го гледа сопствениот двор, а не да мисли дека со лаги може да ја изврти реалноста, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ. Според владејачката партија прво паднале Филипче и Заев, па потоа Вучиќ. - Кога Филипче зборува против Вучиќ, на народот му текнува како седеа и пиеја до рани зори, како го пречекуваше на граница, како марихуаната одеше за Србија, како за директор на ЕСМ со Заев ставија човек на Вучиќ, како за ПР шеф во партија го ставија неговиот кум Башановиќ и многу други поврзаности за кои допрва ќе се дознава. Венко Филипче и Вучиќ се едно те исто, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според политичкиот аналитичар Марко Трошановски големата победа на Студентската листа во Србија и падот на Вучиќ главно се должат на неправдата во општеството, корупцијата и барањето на вистински системски промени. Србија според него сега е пред огромен предизвик, да го ресетира она што го има како наследство од Вучиќ, во однос на високата корупција, узурпирање на институциите, заробени медиуми, судство, а успехот на студентите очекува да ги поттикне младите во регионот. -Мислам дека ќе има огромно влијание врз развојот на случувањата во Албанија и таму незадоволството е напластено на ист начин како во Србија и сега ескалира со сето тоа што можеме да го сведочиме, но мислам дека и во целиот регион успехот на неискусна политичка општествена сила како што беа студентите и нивен успех да турнат еден многу силен воспоставен политички режим би рекол секако ќе ги мотивира и инспирира многу млади луѓе особено но и многу други сегменти на популацијата доколку нивните политички претставници продолжат да ја злоупотребуваат власта или да ги игнорираат нивните потреби да се бунтуваат на секакви можни форми против истите, така што ќе биде еден поттик за отворање на некаков бран на граѓански незадоволства или протести, онаму кадешто за тоа има плодна почва, изјави Трошановски за Канал 5. Според Трошановски, главен предизвик за Студентската листа која што е хетерогена групација сега ќе биде дефинирањето на јасна стратегија за клучните државни позиции, како и изборот на нов премиер и состав на Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМилошоски – Холовња: Продлабочување на парламентарната соработка и континуирана поддршка од Полска за европските интеграцииПотпретседателот на Собранието на Македонија, Антонијо Милошоски, денеска оствари средба со потпретседателот на Сејмот на Република Полска, Шимон Холовња, кој престојува во официјална посета на Собранието, придружуван од парламентарна делегација.На средбата беше изразено заемно задоволство од добрите и пријателски односи меѓу двете држави, како и подготвеност за нивно натамошно продлабочување преку интензивирање на политичкиот дијалог, парламентарната соработка и економските врски. Потпретседателот Милошоски ја истакна важноста на парламентарната дипломатија како инструмент за унапредување на билатералните односи, нагласувајќи дека постои значителен простор за зајакнување на соработката меѓу Собранието и полскиот Сејм. Во таа насока, беше нагласено значењето на почестите меѓупарламентарни средби, размената на искуства и соработката меѓу пратеничките групи за пријателство и парламентарните комисии. Посебно внимание беше посветено на процесот на европска интеграција на Македонија. Милошоски изрази благодарност за принципиелната и континуирана поддршка што Република Полска ѝ ја дава на нашата држава на патот кон полноправно членство во Европската унија. Тој нагласи дека европската интеграција останува стратешки приоритет, при што напредокот во пристапниот процес треба да се темели на објективни критериуми, спроведени реформи и постигнати резултати. Соговорниците го истакнаа значењето на политиката на проширување на Европската Унија како важен фактор за стабилноста, безбедноста и економскиот развој на европскиот континент. Во тој контекст, беше нагласена важноста од задржување на кредибилната европска перспектива на земјите од Западниот Балкан. Во разговорите беше отворено и прашањето за унапредување на економската соработка, со посебен акцент на можностите за зголемување на трговската размена и поттикнување на меѓусебните инвестиции. На крајот од средбата, двајцата потпретседатели ја потврдија заедничката определба за натамошно унапредување на пријателските односи и интензивирање на соработката меѓу законодавните домови на двете држави.Тагови: Антонијо Милошоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРистовски: Го решивме проблемот што 12 години го кочеше македонското пливањеПо повеќе од 12 години, македонското пливање конечно исплива на површина. Националната пливачка федерација (НПФ) со поддршка од Министерството за спорт, го надмина долгогодишниот проблем со блокираната сметка и целосно се враќа во функција. Решавањето на овој проблем е значаен чекор кон финансиска и организациска стабилизација на Федерацијата и создавање услови за понатамошен развој на македонското пливање. На денешната прес-конференција, на која присуствуваа министерот за спорт, Борко Ристовски, и претседателот на Националната пливачка федерација, Сашо Лазаревски, официјално беше соопштено дека обврските се исполнети и проблемот е надминат. „По речиси една и пол година од состанокот што го имавме во Министерството за спорт и кој за македонското пливање значеше тргнување од мртва точка, еве денеска имаме уште поконкретен резултат. Секој си ги исполни зацртаните задачи во рамките на своите ингеренции и тоа донесе резултат. Обврската на Министерството за спорт и на Владата беа да се обезбедат средства и да се одблокира сметката на Федерација што беше блокирана 12 години и ние тоа во целост го исполнивме. Обврската на Националната пливачка федерација и на претседателот Сашо Лазаревски беше да обезбедат непречено функционирање, сите клубови да бидат во една федерација, да нема поделби и проблеми како претходно. Пливањето ќе ја има нашата поддршка затоа што во федерацијата има луѓе кои се посветени и одговорни, искрено го сакаат спортот и сакаат да напредуваат и сигурен сум дека во иднина ќе имаме уште поголеми успеси во овој спорт“ – рече министерот Борко Ристовски. Министерот за спорт истакна дека решавањето на долгогодишниот проблем е важен чекор кон враќање на стабилноста и создавање нови перспективи за македонското пливање. Во насока на долгорочно унапредување на пливањето, Министерството за спорт, во соработка со општините и раководството на НПФ, работи на создавање услови дел од базените што ги гради државата да бидат предадени на управување и користење на Федерацијата. „Нашата обврска како Министерство за спорт е да ги отстрануваме пречките што го кочат спортот и да создаваме услови во кои спортистите ќе можат да напредуваат и да остваруваат резултати. Ова е важен чекор, но продолжуваме и со конкретни мерки за подобрување на спортската инфраструктура и условите за тренинг. Во таа насока е и новиот модел на стопанисување со спортските објекти што ги гради државата. Еден од новите базени веќе е предаден на управување на Националната пливачка федерација, а наскоро ќе биде завршена процедурата за уште два други, сѐ со цел спортистите да добијат подобри услови за работа, со овие спортски објекти правилно да се стопанисува и тие во целот да ја исполнат својата намена“ - посочи Ристовски. Овој пристап има за цел да овозможи подобро искористување на спортската инфраструктура, поголема достапност на базените за пливачите, за Федерацијата и за клубовите и создавање подобри услови за развој на младите таленти. Претседателот на Националната пливачка федерација, Сашо Лазаревски, изрази благодарност за поддршката и добрата соработка со Министерството за спорт и најави почеток на нова ера за македонското пливање. „Со огромно задоволство сакам да соопштам дека заедно со Министерството за спорт успеавме да исполниме сите задачи што ги поставивме пред една и пол година и дека Националната пливачка федерација сега работи со одблокирана сметка,функционира одлично обединета и сите клубови заедно работат на тоа. Благодарност до министерот за спорт кој даде ветување и се заложи за нашата федерација, благодарност и до Владата која изнајде средства и начин да ни помогне и еве денеска ние започнуваме една нова ера“ – рече Лазаревски. Со решавањето на проблемот со блокираната сметка и со активностите за подобрување на инфраструктурните услови, Министерството за спорт продолжува со поддршката на македонското пливање и со заложбите за негова стабилизација и враќање на патот кон нови спортски успеси. Министерство за спортТагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧелниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
БалканСудири со полицијата, повредени и барања за оставка на Рама на протестите во ТиранаНасилството продолжи на улиците во Тирана. За време на вчерашните протести повредени биле двајца демонстранти и двајца полицајци.Судирите избувнаа пред министерството за образование, откако демонстрантите почнаа да фрлаат камења кон полицијата, која возврати со солзавец. Протестите предводени од студентите траат веќе 13 дена. Првично беа поттикнати од незадоволството од состојбите во образованието, високите трошоци за живот и ограничените можности за вработување на младите. Движењето прерасна во антивладини демонстрации, при што се бара оставка од премиерот Рама, кој во неколку наврати повика на дијалог, но демонстрантите тие понуди ги одбија. Тагови: Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧелниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59