Ред Бул и Рено пред прекин на соработката - Канал 5

Ред Бул и Рено пред прекин на соработката

Формула 1 тимот на Ред Бул од Австрија по крајот на сезонава ќе ја заврши соработката со производителот на мотори Рено, а како опции за нов производител на моторот се споменуваат Мерцедес и Ферари.

Ред Бул и Рено пред прекин на соработката
Ред Бул беа доминантни на патеките од 2010 до 2013 година, но во последните две сезони тие заостануваат, а тоа доведе до големи проблеми во односите меѓу австрискиот тим и францускиот производител на мотори.

Ред Бул има договор со Рено до крајот на сезоната, но медиумите пренесуваат дека управата на австрискиот тим е одлучна во намерата да ја прекине соработката оваа календарска година и веќе побарале раскин на договорот.

По ваквата одлука Ред Бул има само две опции, Мерцедес или Ферари. Меѓутоа, германската компанија засега нема намера да влезе во партнерство, поради можните влијанија врз нивниот фабрички тим. Заради тоа шансите да биде постигнат договор со Ферари се многу поголеми. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поминаа 25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила, каде загинаа осум македонски бранители

Звукот на химната, длабок поклон пред споменикот. Иако помина четврт век времето не ја брише болката и спомените за осумтемина македонски бранители кои трагично загинаа кај Љуботенски Бачила.

Поминаа 25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила, каде загинаа осум македонски бранители

Недалеку од местото каде што згаснаа нивните животи, во селото Љубанци, пред споменикот подигнат во нивна чест, свежо цвеќе положија семејствата на загинатите, граѓани и бројни државни делегации. Поминаа 25 години, но за оние што ги испратија и никогаш не ги дочекаа да се вратат дома, болката останува иста.

Благица Златевска, мајка на Ивица Златевски, најмладиот меѓу осумтемина загинати, кобното утро го чекала синот да се врати дома, но наместо него пристигнала најстрашната вест.

– Што буди оваа годишнина? Буди сè кај родителите, најмногу болка. Татко му почина, еве веќе 17 години, од болка по синот. Син ми го нема 25 години, а јас останав, како мајка, да се борам и да му оддавам почит. Толку можам. Ми се тресе душата кога зборувам за ова – вели изјави - Благица Златевска, мајка на Ивица Златевски, резервист на АРМ.

Претседателот на Одборот на бранителите, Марин Најдов, во своето обраќање истакна дека кобниот ден никогаш нема да го заборави и дека сè уште ги памети раскажувањата на преживеаните за моментите по експлозијата. И по две и пол децении, вели, местото на трагедијата кај Љуботенски Бачила останува нем сведок на еден од најтешките настани од конфликтот во 2001 година.

– Јас бев командант на Попова Шапка и ги следев сите случувања. Како што се случи и на Карпалак, одлично се сеќавам на бранителите од Прилеп, кои беа на позиции на Попова Шапка, и на нивната реакција за Љуботен. Војна е, се гине. Меѓутоа, мора да се води сметка за луѓето кои навистина се грижат за бранителите. Тоа се самите бранители, кои знаат што значи сето ова, како и родителите и роднините на бранителите. За чувството не треба ниту да се зборува – тоа се знае и не може да се избрише од потсвеста – раскажа Најдов.

Најдов посочи дека заложбите на власта за подобрување на статусот на македонските бранители се позитивни, но дека секогаш има простор да се направи повеќе, особено кога станува збор за семејствата и најблиските на загинатите бранители.

„Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена“, наведе премиерот Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук по повод 25-годишнината од загинувањето на македонските бранители кај Љуботенски Бачила.

Мицкоски порача дека и по четврт век Македонија со почит се сеќава на осумтемина бранители кои на 10 август 2001 година ги загубија животите.

Почит кон загинатите одадода делегација од кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова,како и владина делегација предводена од вицепремиерот Николоски и претставници на здруженија на бранители.

На 10 август 2001 година, при активирање мина на патот кон Љуботенски Бачила, животот го загубија припадниците на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Знамето на прославата „Силно светнал ден“ по повод 35 години независна Македонија причина за партиски реакции

Со музика, театар и поезија, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид започна „Силно светнал ден“, манифестација посветена на 35-годишнината од независноста на Македонија..

Знамето на прославата „Силно светнал ден“ по повод 35 години независна Македонија причина за партиски реакции

Драган Мијалковски, Игор Дурловски Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Андријана Јаневска и Миле Кузмановски се само дел од бројните звучни музички имиња кои настапија во музичко-сценскиот проект, во режија на Дејан Пројковски.

Публиката слушна македонски поп-евергрини, народни песни и композиции од различни периоди на македонската музичка сцена. Се пееја и познати песни од Тоше Проески, а во чест на Владо Јаневски беше изведена „Црно тиквешко“.

Но покрај разновидната уметничка програма, внимание во јавноста привлече и дел од сценографијата која се појави на видео бимовите, симбол кој на прв поглед наликува на македонското државно знаме, но наместо официјалните осум има дванаесет краци. 2:31.00Токму ова предизцика реакции од опозициската СДСМ.

-За Мицкоски и ВМРО знамето е уметничка инсталација. Нова верзија со 12 краци. Ова е само уште еден доказ за нивната целосна неспособност.Сега нека излезат и да објаснат: Која компанија го направи знамето? Кој беше задолжен за визуелниот идентитет? Колку народни пари се потрошени? Кој ќе сноси одговорност за ова понижување на државниот симбол? – соопштија од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ објаснујваат дека станувало збор за уметничка инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци.

На СДС и Филипче им смета независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше. Настанот „Силно светнал ден“ по повод 35 години независност, е поздравен од сите граѓани и ја обедини државата, а само Филипче и тие неколкумина околу него пробуваат да го оцрнат проектот. – соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Караванот по Охрид утре продолжува во Битола, а на 12 август ќе пристигне и во Велес. Прославата на јубилејот ќе продолжи и со музички настани во главниот град.

На 1 септември на Плоштад Македонија е најавен концерт на шпанскиот тенор Хозе Карерас, а на Денот на независноста, на 8-ми септември, на стадионот „Тоше Проески“ ќе настапи светски познатиот диџеј Дејвид Гета. Манифестацијата ќе заврши на 4 септември во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Состојбата во Гостивар полека се стабилизира, надлежните очекуваат наскоро градот да добие питка вода

Состојбата со водата во Гостивар се подобрува, но се уште останува неизвесно кога Гостиварци би добиле целосно чиста вода за пиење. 

Состојбата во Гостивар полека се стабилизира, надлежните очекуваат наскоро градот да добие питка вода

Од Централниот кризен штаб уверуваат дека состојбата со водата постепено се подобрува, но како што велат, потребно е време за целосна стабилизација - до кога не се знае. Од Центарот за јавно здравје во Гостивар велат дека секојдневно се земаат примероци, а овие денови очекуваат да се стабилизира и состојбата со хлорот.

Во меѓувреме партиите продолжуваат со меѓусебни прозивки за тоа кој е виновен за небезбедната вода за пиење во Гостивар. Од СДСМ денеска поднесоа кривична пријава против министерот Клековски, директорката на ИЈЗ Андоновска, како и директорите на Државен санитарен и здравствен инспекторат и Центарот за јавно здравје Тетово, Лазов и Амети, заради, како што тврдат, неодговорност за труењето во Гостивар.

-Не се придржувале кон прописите за заштита на луѓето и животната средина и луѓето. Се задоцнило со реакциите, 22 дена граѓаните на Гостивар пиеле отровна вода со фекалии, дури Центарот за јавно здравје соопштил дека водата е исправна за пиење. Се криеја информации за водата од граѓаните, никогаш не беше објавена анализа или извештај. Сите овие непостапувања доведоа до сериозни и тешки последици за здравјето на граѓаните на Гостивар. Со ова пријавените сториле неколку кривични дела кои се гонат по службена должност, изјави Јон Фрчкоски.

Филипче, поради кој со години Гостиварци пиеле небезбедна вода, нема право да морализира за случајот, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија велат дека овој проблем во Гостивар не е од денес, туку е од децениската негрижа на локалните власти, како и градоначалникот кој според нив бил поддржан и од СДСМ.

-Филипче и СДС требаше сега кога имаат градоначалник кој отворено го поддржаа во Гостивар, како и кадри кои предводат локални институции, да го решат проблемот со водата, а не да политизираат. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во рекорден рок обезбеди техничка вода за користење, а секојдневно добиваме и флаширана вода за пиење. ЈО треба да го истражи молкот на Филипче и власта на СДС која дозволувала Гостиварци да се трујат со години, а да не знаат од што им се потоа болестите, изјави претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар, Андоновски.

Загадувањето на водата во Гостивар во моментов го истражува Јавното обвинителство,. Одреден е 30-дневен притвор за директорката на Комуналец и двајца раководители. Тие се сомничат дека сториле тешки дела против животната средина и природата кога поставиле пумпи во надворешен канал кои внесувале вода во градската мрежа. Покрај Обвинителството, предмет по сопствена иницијатива отвори и Народниот правобранител.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер