Реал за Камавинга ќе постави откупна клаузула од милијарда фунти - Канал 5

Реал за Камавинга ќе постави откупна клаузула од милијарда фунти

Реал Мадрид подготвува нов договор за играчот од средниот ред Едуардо Камавинга кој вклучува ослободителна клаузула од една милијарда фунти.

Реал за Камавинга ќе постави откупна клаузула од милијарда фунти

Според инсајдерот Фабрицио Романо, шпанскиот клуб на 20-годишниот Камавинга ќе му понуди поголема плата. Иако актуелниот договор со Французинот е до 2027 година, „Кралевите“ сакаат да започнат преговори за да ја исклучи можноста тој да се пресели во клубови од Премиер лигата кои сериозно очекуваат да конкурираат за играчот на лето.

Камавинга се пресели во мадридскиот клуб од Рен за 31 милион евра во август 2021 година. Оваа сезона одигра 30 натпревари во Ла Лига и постигна 1 асистенција.

Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на Камавинга на 60 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба

66 годишен маж од Гази Баба е седмата жртва на западно нилската треска....Тој на Инфективната клиника ја загуби битката по 38 дена борба со вирусот „Западен нил“.

Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба

Западно нилската треска ја зеде и седмата жртва, шеесет и шестгодишен маж од Гази Баба кој повеќе од еден месец бил хоспитализиран на Инфективната клиника поради воспаление на мозокот и мозочните обвивки, а имал и повеќе хронични болести. Иако имало во дел од лекувањето имало подобрување, последните неколку дена, состојбата драстично се влошила и тој бил приклучен на апарати за дишење. Во меѓувреме има 8 нови потврдени случаи, најголем дел од Скопје север, а еден суспектен од Гази Баба, а тројца се на респиратор и се борат за живот.

Статистички, кај нас мажите речиси четири пати почесто заболуваат од жените, појаснуваат здравствените власти. На прашањето зошто сите смртните случаи се мажи, Клековски како можни фактори ги посочува хроничната бубрежна болест и претходно прележаните мозочни удари. Според него, една од можните причини е и тоа што мозочните удари почесто се јавуваат кај мажите отколку кај жените.

„Две состојби се поврзани со заболувањето и смртноста, а тоа се хроничната бубрежна болест и претходните мозочни удари (цереброваскуларни инциденти), кои статистички почесто ги погодуваат мажите. Можно е, хипотетички, кај мажите да се почести цереброваскуларните инциденти, бидејќи знаеме дека статистички жените, посебно во добар дел од животот, се заштитени од кардиоваскуларни инциденти.“

Новите потврдени случаи се во регионот на Скопје Север и Бутел, а и Радишани, па Клековски вели дека веќе е стапено во контакт со локалните власти за да се вклучи алармот и да се обрати внимание на можните жаришта односно застоени води кои се ризик, поради тоа овозможуваат соодветни услови за размножување на комарците што го пренесуваат вирусот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје и 10 општини добиваат нови 49 комунални возила за одржување на хигиената

Четириесет и девет нови комунални возила ќе бидат вклучени во одржувањето на хигиената во Град Скопје и општините Куманово, Прилеп, Струмица, Штип, Охрид, Тетово, Неготино, Кичево, Дебар и Велес.

Скопје и 10 општини добиваат нови 49 комунални возила за одржување на хигиената

Со 4,2 милиони евра преку Светска банка набавени се 19 мултифункционални камиони од различен тип, девет цистерни и 21 мултифункционални возила за чистење на улиците.

Промоцијата на возилата се одржа денеска во Скопје, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, градоначалници, претставници на Светска банка.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека наскоро ќе бидат промовирани уште пет камиони кои ги обезбеди Град Скопје како и дека е завршува рокот за жалби за набавката на 3200 контејнери за Скопје. Премиерот Мицкоски најави дека следен чекор ќе биде испораката на електрични автобуси до општините за организирање еколошки јавен градски превоз.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжуваат средбите на претседателот Костадиновски со граѓаните

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, денеска повторно оствари средби со граѓани, како дел од иницијативата за отвореност и директна комуникација со јавноста.

Продолжуваат средбите на претседателот Костадиновски со граѓаните

Граѓаните се интересираа за надлежностите на Судот, текот на постапките, предмети од јавен интерес и можностите за уставно-судска заштита на нивните права.

Со продолжувањето на овие средби, Уставниот суд останува отворен за граѓаните и посветен на транспарентно и непосредно информирање за својата работа.

За средба со претседателот Костадиновски, заинтересираните граѓани може да се пријават на [email protected], на +389 2 322 3626 или 070 332 139, соопштуваат од Уставниот суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер