Финансиска полиција. Поднесени пријава против две службени лица Државна лотарија за “Проневера во службата”
2Финансиска полиција. Поднесени пријава против две службени лица Државна лотарија за “Проневера во службата”
ФудбалРеал има најголем приход од реклами на дресовите Реал Мадрид добива најмногу приходи меѓу фудбалските клубови од рекламирање на нивните дресови. „Кралскиот клуб“ е на врвот на листата со спонзорски договори кои му носат 190 милиони евра по сезона. На списокот е Челзи, кој ја започна сезоната без спонзор. Клубот преговара со „Infinite Athlete“ и „Riyadh Air“, зделката се проценува на 60 милиони евра. Топ 10 клубови по приходи од рекламирање дресови: 1. Реал Мадрид – 190 милиони евра 2. Барселона – 183 3. ПСЖ – 168 4. Манчестер сити – 167,5 5. Манчестер јунајтед – 159 6. Челзи – 130 7. Арсенал – 128 8. Баерн M. – 110 9. Јувентус – 110 10. Ливерпул – 91. Најголем или поголем дел од приходите клубовите ги добиваат од производителите на спортската опрема што ја користат (Адидас, Најки, Пума...). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеФЗОМ ги скрати боледувањата кај матичен од седум на пет дена.Од седум на пет дена ќе трае боледувањето од матичен доктор, доколку здравствената состојба не се подоборува тогаш пациентот ќе биде упатен на дополнителни испитувања.Од седум на пет дена ќе трае боледувањето од матичен доктор, доколку здравствената состојба не се подоборува тогаш пациентот ќе биде упатен на дополнителни испитувања, а до 15 дена матичниот доктор ќе може да даде боледување, ова се новите измени што денеска ги донесе управниот одбор на ФЗОМ. По 15 дена, предлогот за привремена спреченост за работа матичниот лекар ќе го доставува електронски, наместо рачно. Се прошируваат случаите во кои боледувањето ќе може да се утврди без физичко присуство на осигуреникот, особено кај тешко болни, неподвижни и тешко подвижни лица, лица на болничко лекување, како и во други оправдани случаи. Кај хроничните заболувања ќе може да се користат постојните дијагностички наоди, доколку се во предвидениот период на важност, без непотребно повторување на истите испитувања. кај определени тешки заболувања се предвидуваат исклучоци од обврската за конзилијарно мислење кај боледувањата подолги од 60 дена, велат од ФЗОМ. . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамЕдна функција на автомобилот може да ја намали потрошувачката на гориво и до една четвртинаМногу возачи го исклучуваат системот „старт-стоп“, но истражувањата укажуваат на потенцијалната цена на таквата постапка.Системот „старт-стоп“ автоматски го гаси моторот кога автомобилот ќе запре – на пример, на семафор или во сообраќаен метеж – и повторно го вклучува кога возачот е подготвен да продолжи со возењето. Често се тврди дека оваа технологија може да овозможи заштеда и до 15 проценти при градско возење, иако реалниот ефект зависи од условите. На отворен пат, каде што има малку запирања, придобивката е практично занемарлива. Во 2023 година, Здружението на автомобилски инженери (SAE) спроведе студија на четири возила, користејќи три стандардизирани теста за потрошувачка на гориво. Потрошувачката на гориво се мереше со вклучен и со исклучен систем „старт-стоп“. Резултатите покажуваат дека потрошувачката се намалила за 7,27 проценти при стандардниот градски тест „FTP“. Сепак, во тестот „NYCC“ – кој го симулира возењето со чести запирања и тргнувања – заштедата достигнала дури 26,4 проценти. Од друга страна, ефектот бил многу помал при агресивно возење, кое се карактеризира со чести и нагли забрзувања. Наодите укажуваат на тоа дека системот „старт-стоп“ е најкорисен во ситуации кога автомобилот често стои во место со вклучен мотор. Колку повеќе време се поминува во чекање на семафори или во колони, толку е поголем потенцијалот за заштеда на гориво. Извор: Б92Тагови: гориво Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
КултураПремиера на претставата „Алиса се враќа дома“ во Драмски театарНовиот македонски драмски текст на Ивана Смилевска, во режија на Моника Ставревска, премиерно ќе биде изведен на 8 октомври во НУ Драмски театар Скопје.Во Срцелија сè е прекрасно. Барем според официјалните податоци. Никој не се буни, никој не прашува, а ако некој случајно помисли нешто поинаку – брзо ќе му помине. Но Алиса има една навика што не му прилега на добро уредено кралство: постојано прашува „зошто?“. И токму тоа прашање станува пукнатината низ која почнува да се распаѓа светот што дотогаш изгледал совршено. Драмски театар Скопје на 8 октомври во 20:00 часот премиерно ќе ја праизведе „Алиса се враќа дома“, нов македонски драмски текст на Ивана Смилевска, во режија на Моника Ставревска. Инспирирана од светот на Луис Карол, претставата ја зема препознатливата митологија на Алиса и ја преселува во современа дистопија во која послушноста е доблест, критичката мисла е престап, а среќата речиси општествена обврска. Над Срцелија владее Црвената Кралица, а над кралството демнее едно старо пророштво: на својот четириесетти роденден Алиса мора да го наследи престолот – или Срцелија ќе пропадне. Но оваа Алиса одамна не е девојчето што го паметиме од детството. Таа е возрасна жена која ги препознава правилата на светот околу себе и токму затоа одбива да се вклопи во нив. Нејзината љубопитност, сомнежот и потребата да мисли поинаку ја претвораат во опасност за систем што може да опстане само додека сите ја играат улогата што им е доделена. Но „Алиса се враќа дома“ не гради класична приказна за херој што поведува револуција. Отпорот на Алиса е поедноставен и, токму затоа, поопасен: таа одбива да се откаже од сопствениот глас. Нејзиното присуство ги буди и оние што системот одамна ги убедил дека се бескорисни, а Репараториумот, институција создадена да ја преобликува индивидуалноста во послушност, полека станува место каде што заборавените гласови повторно почнуваат да се слушаат. За режисерката Моника Ставревска, Кароловата „Алиса“ е почетна точка, но не и дестинација. „Ова не е Алиса од Луис Карол. Неговата приказна ни беше инспирација, вратата низ која влеговме, но претставата оди на друго место“, вели Ставревска. Во нејзиното читање, Зајачката Дупка повеќе не е фантастичен простор во кој паѓа едно дете. Таа е состојба во која може да се најде секој возрасен човек: моментот кога борбата станува претешка, кога откажувањето почнува да изгледа како удобност, а удобноста како мир. „Сите имаме своја Зајачка Дупка. Таа не е мистичен, неоткриен простор, туку состојба. Вртлог во кој паѓаме кога светот ќе стане претежок, кога ќе се умориме борејќи се, кога ќе се откажеме“, пишува Ставревска во режисерската белешка. Најопасниот момент, додава таа, доаѓа кога човекот ќе се откаже од себе и тоа ќе го нарече мир. Нејзиното последно прашање е едноставно: „Да побараме малку... одговорност?“ Токму одговорноста е местото на кое се среќаваат режисерското и авторското читање на претставата. Ивана Смилевска ја зема Зајачката Дупка и ја претвора во метафора за просторот во кој ги потиснуваме стравовите, желбите, надежите и копнежите, но и за вечниот судир меѓу моќта и слободата. „Што ќе се случи ако ѝ се препуштиме на својата дупка? Дали ќе нè проголта? А ако ја искористиме моќта за да стигнеме до слободата, каква слобода ќе создадеме?“, прашува Смилевска. Одговорот не го нуди како порака, туку како непозната во равенката: „Во оваа равенка, непознатото што го бараме е одговорноста.“ Во центарот на претставата е Соња Стамболџиоска во улогата на Алиса. За неа, праизведбата носи посебна актерска одговорност, бидејќи заедно со екипата го создава првиот сценски живот на новиот драмски текст. „Овој процес е средба со нов текст, нов режисерски глас и свет што за првпат се создава на сцена. Тоа носи посебна возбуда, но и одговорност, затоа што сите заедно го градиме првиот сценски живот на ова дело“, вели Стамболџиоска. Нејзината Алиса е повозрасна од девојчето што го паметиме од книгите, но она што ја движи останало исто: потребата да се чуди, да преиспитува и да го бара своето место во светот. „Секој од нас, без разлика на возраста, во некој момент повторно станува Алиса. Светот на чудата се менува со нас, а секоја генерација во него препознава нешто свое“, додава Стамболџиоска. Нејзиниот најдиректен контрапункт е Црвената Кралица, која ја толкува Биљана Драгиќевиќ-Пројковска. Во нејзиното читање, бајката станува вознемирувачка токму во моментот кога почнуваме да ја препознаваме во реалноста. „Каде да избега човечкиот ум ако не во мечта? Но што се случува кога мечтата ќе стане кошмар?“, прашува Драгиќевиќ-Пројковска. „Тогаш бајките повеќе не изгледаат толку далечни, доброто и злото не се јасно разделени, а границата меѓу правдата и моќта станува сè понејасна.“ Нејзината мисла стигнува до една од клучните реченици на претставата: „Власта им припаѓа на моќните, но светот би требало да им припаѓа на правичните.“ Во улогата на Белиот Зајак настапува Александар Степанулески, кој го издвојува начинот на кој актерот во процесот не останува само извршител на режисерската замисла, туку станува активен учесник во нејзиното создавање. „Највредно е кога актерот не добива само задача што треба да ја изврши, туку станува активен соучесник во создавањето на сценскиот јазик“, вели Степанулески. За него, работата со Ставревска ја одбележале јасноста на режисерскиот концепт и истовремената отвореност кон актерскиот придонес, во процес што го опишува како посветен, дисциплиниран и заснован на заедничко градење. За Лазар Христов, кој го толкува Лудиот Шапкар, „Алиса се враќа дома“ е трет заеднички проект со Ставревска во две години и нова фаза од нивното заедничко уметничко растење. „Градејќи го Лудиот Шапкар, во себе препознавам нешта што Моника очигледно ги насетувала во текот на нашето досегашно познанство“, вели Христов. А неговото очекување од премиерата е можеби и најсликовитото: „Драмски театар да блика во боите на шаренилото со кое го полниме низ процесот“. Во актерската екипа се и: Златко Митрески (Чешит Мачорот), Ања Митиќ (Дина), Филип Трајковиќ (Гасеницата), Трајанка Илиева-Вељиќ (Белата Кралица), Ангела Пејковска (к.г.), Нина Елзесер и Ирена Димеска (к.г.) како Цвета, Ружа и Невена, како и Томислав Давидовски и Марјан Наумов како Твитл Ди и Твитл Дам. Креативниот тим го сочинуваат Ивана Смилевска – автор, Моника Ставревска – режисер, Александра Бошковска – драматург, Филип Лафазановски – асистент на режисерот, Ненад Тонкин – сценограф, Роза Трајческа – костимограф, Лука Тошев – автор на музиката и Леа Манева – продуцент. Дизајнот на плакатот е на Николас Димес, фотограф е Филип Лафазановски, а видеограф е Димитар Атанасоски. „Алиса се враќа дома“ е дипломска претстава на Моника Ставревска, студентка по Театарска режија на Факултетот за драмски уметности – Скопје, во класата на проф. м-р Зоја Бузалковска. Во годината во која Драмски театар Скопје одбележува 80 години уметничко творење, продукцијата продолжува со отворање простор за новата генерација театарски автори и уметници. Праизведбата е на 8 октомври во 20 часот во Драмски театар Скопје, а следните репризни изведби се на 9, 15 и 21 октомври. И ако во Срцелија навистина сè е прекрасно, останува само едно прашање што можеби не треба да се постави: Зошто? Билетите се во продажба на билетарницата на Драмскиот театар и онлајн на веб- страницата dramski.mk.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08