Реакција на техничката министерка Невенка Стаменковска Стојковски

 Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски,  реагира во врска со безбедност и здравје при работа на вработените во јавниот сектор .

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски во реакцијата на својот профил на Фејсбук во врска со безбедност и здравје при работа на вработените во јавниот сектор кои учествуваат во изборниот процес како членови на органите за спроведување на изборната постапка напиша:

Негрижата за вработените во јавниот сектор и за останатите учесници во изборниот процес е својствено за Владата на СДС, заканите, уцените и притисоците на работното место во институциите, кулминира со изложувањето на околу 35 000 вработени во јавниот сектор како "топовско месо" кои немаат избор и мора да се појават на избирачките места. Имено, административните службеници се должни да учествуваат во работата на органите во кои се избрани за организирање и спроведување на изборна постапка (член 69 од ЗАС), а доколку одбијат учество во органите во кои се избрани за спроведување на изборна постапка (член 73 ст.1 ал.23 од ЗАС), сторуваат потешка повреда на службената должност односно дисциплински престап.

⚖️Од друга страна, Работодавачот има обврска да обезбеди безбедност и здравје при работа за неговите вработени од секој аспект поврзан со работата. Во рамките на неговите обврски, работодавецот мора да презема мерки потребни за безбедност и здравје при работа на вработените, вклучувајќи заштита од професионални ризици, обезбедување информации и обука и обезбедување соодветна организација и потребни средства.

⚖️Работодавецот има обврска да воведе такви заштитни мерки и да избере такви работни и (производствени) методи кои ќе го подобрат нивото на безбедноста и здравјето при работа, а ќе се вклучат во сите дејности на работодавачот и на сите нивоа на организацијата (член 5 од ЗБЗР).Работникот е должен да ги почитува и спроведува прописите за заштита при работа, да го заштити својот живот и здравје, како и здравјето и животот на другите лица.

⚖️Право и обврска на секој работник е да се грижи за сопствената безбедност и безбедноста на другите лица кои работат со него, во согласност со обуките и инструкциите кои му се дадени од страна на работодавачот, да биде запознаен со мерките за безбедност на здравје при работа и да биде обучен за нивната примена, согласно со прописите за безбедност и здравје при работа.

⚖️Работникот има право да одбие извршување на работата доколку е изложен на непосредна опасност по здравјето или по животот, кога не се спроведени безбедносните мерки и да побара нивно отстранување (член 32 од ЗРО).

💣Доколку вонредната состојба оваа Влада на СДС ја користеше за справување со пандемијата, последиците од пандемијата и заштитата на здравјето и животот на граѓаните, сите институции до денес ќе имаа протоколи за работа, утврдени ризици и ажурирани изјави за безбедност за сите работни места. За жал, нема ниту една институција која испланирала или превзела превентивни мерки за спречување или намалување на ризиците по безбедноста и здравјето при работа на сите нивоа на работа во институцијата.

💥Секако “лудост” би било, кога некој функционер од СДС, во насока и со цел исполнување обврските од Закон, само да ги погледне условите во избирачките места каде неговите вработени ќе треба да ја исполнат својата обрска за спроведување на изборна постапка во време на пандемија.

🔒Заробени институции, хибриден режим, без одговорност и без грижа за животот и здравјето за своите вработени, партиски се согласуваат да го ризикуваат животот и здравјето на административните службеници, само да му удоволат на Зоран Заев за спас на неговата партиска кариера.

🇲🇰Почитувани, како ресорен министер за вработените во јавниот сектор, апелирам до одговорните лица во институциите, доследна примена на Законот за безбедност и здравје при работа. Здравјето на сите граѓани, здравјето на сите вработени е пред се.

🤝Имаме одговорност да ги почитуваме законите да го заштитиме здравјето на сите зошто само така сигурна сум ќе извоиме победа прво над Ковид-19 а потоа и над овој хибриден режим.

Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје

 Велешанец при собирање печурки почувствувал убод во левата нога. По лекарски преглед,  од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје.

- Во СВР Велес вчера во 11 часот, 63-годишниот Д.Ј.од Велес, пријавил дека при собирање печурки во атарот на село Лисиче, Општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес му бил извршен преглед и од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје, информира денеска Татјана Ѓуровска од СВР Велес.

Таа додаде дека за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и дека се преземаат мерки за негово расчистување.

На три европски банки во Русија ќе им биде одземен имотот

 Русија ќе го заплени имот на трите европски банки „Дојче банк“ (Deutsche Bank), „Комерцбанк“ (Komercbank) и „УниКредит“ (UniCredit). Тие ќе останат без речиси една милијарда евра имот во Русија.

Како официјална причина за заплената на имотот на трите банки се наведува тоа што се повлекле од финансирањето на постројка за преработка на гас во руското пристаниште Уст-Луга на Балтичко Море.

Според судските документи во Санкт Петербург, на „Дојче банк“ и се одземаат хартии од вредност, недвижен имот и средства во износ до 238 милиони евра, вклучувајќи го и имотот на банката и нејзината филијала во Русија.

Додека на „Комерцбанк“ и е запленет имот во вредност од 93,7 милиони евра, хартии од вредност и зградата на банката во центарот на Москва.

Додека на „УниКредит“ запленет и е имот во висина од 463 милиони евра.

Постројката за преработка на гас не се изгради поради санкциите од западните земји кон Русија воведени поради војната против Украина. Како одговор на санкциите Русија заплени имот на голем број западни компании и инсталираше нов менаџмент во руските подружници.

Компаниите кои се повлекуваат од Русија се принудени да ги продаваат своите деловни проекти на руски компании по драстично ниски цени. Често за нив симболично се плаќа само една рубља. /МИА

Во живо

последно ажурирање пред 29 минути

Инцидент при слетувањето на хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси

По веста објавена од Иранската државна телевизија дека хеликоптерот, со кој патувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“ на терен се упатени 16 спасувачки тимови и беспилотни летала.

пред 29 минути18:27

ИРНА: Сè уште се трага по хеликоптерот

Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) објави дека во тек е опсежна операција за пребарување и спасување откако хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси беше принуден да изврши „тврдо слетување“ во планинскиот регион во северозападниот дел на Иран.

Инцидентот се случи денеска во шумата Дизмар помеѓу градовите Варзакан и Џолфа во иранската провинција Источен Азербејџан. Раиси се враќаше од Азербејџан, каде присуствуваше на отворање на брана со азербејџанскиот Илхам Алиев.

Неименуван ирански претставник за западните медиуми изјави дека хеликоптерот со кој се превезуваа иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдулахиан се урна додека летал над планинска област во иранската провинција Источен Азербејџан, изјави.

Тој истакна дека „животите на Раиси и Амирабдолахиан „се загрозени по хеликоптерската несреќа“.

- Сè уште се надеваме, но информациите кои ни доаѓаат од местото на несреќата се многу загрижувачки, наведе неименуваниот ирански претставник.

Како што јави ИРНА, повеќе од дваесет целосно опремени тимови за пребарување и спасување, вклучително беспилотни летала и кучиња трагачи, се испратени во областа. Иранските вооружени сили распоредија командоси и специјални сили за да помогнат во операцијата за пребарување.

Поради нерамниот терен на регионот и тешките временски услови, особено густата магла во областа, операцијата за пребарување и спасување би можела да потрае некое време.

Портпаролот на Иранската служба за итни случаи изјави дека осум амбулантни возила се испратени во регионот.

пред 29 минути17:20

Иранска новинска агенција (ИРНА) на англиски јазик објави дека се случила несреќа односно хеликоптерот се урнал. Иранската државна телевизија, како и ИРНА не јавија дали Раиси или други лица се повредени.

Претходно иранската новинската агенција Мехр објави дека операцијата за пребарување и спасување ќе потрае извесно време поради непроодноста на теренот, планинските и шумските услови, како и неповолните временски услови, особено густата магла.

Дел од иранските медиуми објавија дека некои од придружниците на претседателот во хеликоптерот успеале да стапат во контакт со централните власти, истакнувајќи оти тоа надеж дека нема жртви во инцидентот.

Конвојот на претседателот се состоеше од три хеликоптери. Во другите две летала се превезувале други ирански функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан и гувернерот на иранската провинција Источен Азербејџан.

Раиси патувал во Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

Раиси на претседателската функција стапи во август 2021 година.

На социјалните мрежи се појави и видео од насобрани луѓе кои се молат за здравјето на Раиси.

притисни ентер