Реакција на Основен кривичен суд Скопје за случајот со Фросина Кулакова - Канал 5

Реакција на Основен кривичен суд Скопје за случајот со Фросина Кулакова

Да не се подлегнува на провокации, лажни вести и шпекулации.

Реакција на Основен кривичен суд Скопје за случајот со Фросина Кулакова

Судиите и Подружницата на Здружение на судии на РМ при Основен кривичен суд Скопје денеска во соопштение до медиумите изразуваат длабоко жалење за загубениот млад живот на Фросина Кулакова во сообраќајната несреќа која ја потресе јавноста и, како што наведуваат, поттикнати од бурните реакции во јавноста по повод донесената неправосилна пресуда за Васил Јованов за сосема друг случај, како судии ценат дека е потребно да се обратат до јавноста со цел заштита на угледот на судиската функција, но и демантирање на сите шпекулации и лажни вести.

Во продолжение ја пренесуваме интегрално реакцијата на Судиите и Подружницата на Здружение на судии на РМ при Основен кривичен суд Скопје

- Како судии ги подржуваме граѓаните во нивните барања за Системските промени, што впрочем е и заложба на Премиерот, а се однесува за зголемување на безбедноста во сообраќајот, што во извесна мера значи и промена на одредбите во Кривичниот законик за овој тип на кривични дела, кои очигледно често се повторуваат, а кои одредби неретко и ги „ограничуваат“ судиите во нивното постапување.

Поттикнати од бурните реакции во јавноста по повод донесената неправосилна пресуда за сосема друг случај, како судии цениме дека е потребно да се обратиме до јавноста со цел заштита на угледот на судиската функција, но и демантирање на сите шпекулации и лажни вести.

Најпрвин во однос на Кривичната пресуда за предметот К.бр. 1439/24 против В.Ј. , ја информираме јавноста дека истата се однесува на кривичното дело за наркотици и истата се уште не е правосилна односно е во фаза на одлучување во Апелациониот суд Скопје. Судијата Даниела Алексовска-Стојановска при одлучувањето за санкцијата се водела исклучиво согласно Законските одредби, слободното судиско убедување и воспоставената судска пракса, како и наводите на јавниот обвинител кој во Завршните зборови навел:

....обвинетиот е многу млад и до сега не бил во судир со законот, па во овој комплексен предмет најмногу заради возраста на обвинетиот и фактот што потекнува од современо функционално семејство, на судот му останува задачата да определи најдобра санкција, со која ќе му се влијае на обвинетиот да сфати дека преземал противправни дејствија

Неточни се шпекулациите дека обвинетиот бил претходно осудуван и се воделе други кривични постапки против него, што е евидентно и од наводите на Јавниот обвинител и Казнената евиденција, а кои се тие фамозни 10 пријави по кои постапувал истиот судија за истиот обвинет се прашуваме и ние, зошто такви пријави не се процесуирани до судот.

Изречената кривична санкција била согласно Законските одредби од КЗ, но и како што е предложено од обвинителот во Завршните зборови - најдобра санкција, со која ќе му се влијае на обвинетиот да сфати дека преземал противправни дејствија.

Прашање е дали доколку била изречена и казна затвор, мерката притвор ќе можела да опстои пред повисоките судски инстанци имајќи ја предвид досегашната судска пракса, препораките од Судот за човекови права во Стразбур и постојани критики на Меѓународната заедница дека мерката притвор не смее да се користи како казна. Дотолку повеќе што и при укинување на мерката притвор, Јавниот обвинител не вложил жалба на притворот туку вложил само на кривичната санкција.

Иако не е суштина на проблемот истакнуваме дека судот преку медиумите за прв пат дозна дека, истото лице претходно бил сторител на сообраќајна незгода, но наместо истата да се процесуира во судот, завршила во Јавното обвинителство каде во согласност со обвинителот, платил парична казна од 18.000 денари.

Надлежните органи можат да утврдат дали и во тој случај имало умисла кај лицето.

Како судии ги повикуваме надлежните судски институции да ги искористат механизмите за проверка на првостепната пресуда и да утврдат дали постојат евентуални пропусти во постапката и дали воопшто имало услови за изземање на судијата во контекст на сите шпекулации за нејзина поврзаност со семејството на обвинетиот.

Нејасна е конекцијата на овој предмет со кривично дело, кое било сторено 7 месеци по донесување на првостепена пресуда, или пак со било кој друг предмет кој се водел кај истиот судија.

Неказнивоста во нашето општество не е генерирана само од Судската власт, туку е проблем на сите три власти, а тоа може да се утврди доколку се имаат предвид сите Закони за амнестија, помилувања и измени на Кривичниот законик со кои целосно или делумно се ослободени голем број осуденици лица.

Судиите постапуваат исклучиво врз основа на Уставот, Законите и Меѓународно ратификуваните договори, раководејќи се по начелата за независност, непристрасност и правичност, но и начелото на јавност и праксата од јавно достапните правосилни пресуди.

Ја повикуваме јавноста да не подлегнува на провокации, лажни вести и шпекулации, како и стигматизирање и линч на еден судија, заради постигнување на други цели.

Се додека разумно не се согледаат причините за ваквите пропусти, можноста за нивно повторување се зголемува. Затоа во име, не само на последната жртва, туку во име на сите претходни жртви во сообраќајот, изразуваме сочувство и бараме со рационален и објективен пристап да се утврдат причините за овие немили настани со цел да изградиме побезбедно општество за граѓаните, во чие име ги носиме пресудите, се наведува во соопштението од судиите и Подружницата на здружение на судии на Основен кривичен суд Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. 

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе.

Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак.

„Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“.

Компликации со визата

Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат.

„Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија.

„Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа.

@mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa

Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа.

Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“

Свадба на Хаваи

Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари.

Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“.

Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа.

„Љубезна, топла и пристапна“

Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка.

„Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот.

Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа.

YouTube video

Локални специјалитети во кошничката

Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда.

Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија.

По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва.

Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната.

„Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите.

Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“.

„Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата.

Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва.

Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина.

Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL).

Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер