Реакција на мајката, откако по 4 дена го нашле нејзиното 3 –годишно дете со аутизам (ВИДЕО) - Канал 5

Реакција на мајката, откако по 4 дена го нашле нејзиното 3 –годишно дете со аутизам (ВИДЕО)

Ентони Еј-Џеј Елфалак, тригодишното момче со аутизам од Австралија кое исчезна пред четири дена, е пронајдено како пи вода од поток во шума, пренесува Би-Би-Си.

Реакција на мајката, откако по 4 дена го нашле нејзиното 3 –годишно дете со аутизам (ВИДЕО)

Полицијата ја пребарала областа со хеликоптери и видела како момчето пие вода од поток на 500 метри од неговата куќа.

Момчето има аутизам и не може да зборува, а неговото семејство се плашело дека е киднапирано. Би -Би -Си објави снимка од емотивна средба помеѓу момчето и неговата мајка откако беше пронајдено.

„Мојот Еј Џеј, погледнете го, мојот Еј Џеј“, вика мајката на момчето низ солзи (Еј-Џеј е прекарот на момчето).

YouTube video

Откако момчето било пронајдено, неговите родители го однеле во болница на преглед, но набргу бил пуштен. Тој добил само неколку гребнатини на потколениците, а неговиот татко целата ситуација ја нарече чудо.

"Го касаа мравки и паднал, но тој е жив. Знам дека се однесував лудо, но никој не може да сфати низ што поминавме. Сега се чувствувам неверојатно. Не спиевме четири дена, вели таткото на момчето.

YouTube video

Се обрати и австралискиот премиер Скот Морисон. Тој на Твитер напиша дека му е драго што слушнал дека Ентони е безбеден и дека не може ни да замисли колку е трауматично ова искуство за момчето и неговите родители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови преговори за Украина во Абу Даби следната недела

По девет месеци пауза, американските посредници ќе седнат на преговарачка маса со руските и украински  претставници во нов обид да се стави крај на војната.

Нови преговори за Украина во Абу Даби следната недела

Специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф објави дека разговорите меѓу Москва и Киев со посредништво на Вашингтон ќе се одржат на 10 и 11 ноември во Абу Даби..

Фокусот на преговорите, како што објави Виткоф, ќе биде ставен на безбедносните аранжмани по завршувањето на војната, хуманитарните напори и следните чекори кон постигнување мир.

Очекувањата, според него, е да се награди напредокот постигнат во Киев, Осло и Санкт Петербург, за да се склучи сеопфатен и траен мировен договор, кој ќе обезбеди долгорочна безбедност за идните генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дуковски: Боки 13 ослободен во случајот „Меѓународен сојуз“

Апелациониот суд во Скопје донел ослободителна пресуда за Бојан Јовановски, познат како Боки 13, во предметот „Меѓународен сојуз“. Со оваа одлука е преиначена првостепената пресуда со која Јовановски беше осуден на пет години затвор.

Дуковски: Боки 13 ослободен во случајот „Меѓународен сојуз“

Информацијата ја објави неговиот адвокат Сашо Дуковски, кој го застапуваше Јовановски во судската постапка.

„Ете, правдата е спора, но достижна! Апелациониот суд во Скопје денес донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски во предметот ‘Меѓународен сојуз’. Со тоа ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд од пет години!“, напиша Дуковски.

Адвокатот во објавата изрази задоволство од одлуката и оцени дека таа е резултат на недостатоците во обвинението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средношколци и студенти повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во Франција

Средношколци и студенти денеска повторно организираа блокади и протести во повеќе француски градови, меѓу кои Париз, Рен, Марсеј и Тулуз додека полицијата интервенира за да ги деблокира училишта.

Средношколци и студенти повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во Франција

Во Нант рано утрината беа уапсени и приведени тројца ученици од средно училиште, кои се задржани во полиција во рамките на истрагата за пожарот што избувна во тоа училиште минатиот месец.

Протестите на средношколците и студентите во Франција почнаа кон средината на септември поради недостигот на наставен кадар, лошите услови во училиштата и незадоволството од состојбата во образовниот систем. На демонстрациите минатата сабота учествуваа повеќе од 300 илјади луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер