Разводот на Адел тежи 140 милиони фунти , пејачката имала само едно барање

Поранешните сопружници, пејачката Адел и хуманитарецот Симон Конецки, ја започнаа врската во 2011 година, една година подоцна добија син, а во 2016 година во тајност размениле брачни завети.

Сепак, во текот на изминатата година, на нивната љубов дојде крај и Адел ги предаде документите за развод.

Иако јавноста со нетрпение чека да ги дознае причините за разделбата, парот реши да сè да остане подалеку од очите на јавноста, исто како што направија за време на врската.

Според странските медиуми, станува збор за развод вреден 140 милиони фунти, а Адел не потпишала предбрачен договор за заштита на нејзиниот имот. Како што се шпекулира, пејачката имала само едно барање за време на судската постапка - деталите за пресудата да се чуваат во тајност.

Сепак, се знае дека поранешната двојка решила да го споделат старателството над нивниот син Ејнџел.  Пејачката на Симон му купила луксузна куќа во Лос Анџелес, во близина на нејзиниот дом, за да учествува во воспитувањето на нивниот син.

притисни ентер