Лутиот Рио Фердинанд остро ги нападна фудбалерите на Јунајтед по дебаклот против Комо - Канал 5

Лутиот Рио Фердинанд остро ги нападна фудбалерите на Јунајтед по дебаклот против Комо

Кога легендарниот Рио Фердинанд командуваше со одбраната на Манчестер Јунајтед, противничките напаѓачи тешко наоѓаа пат до голот на „Црвените ѓаволи“ од Олд Трафорд.

Лутиот Рио Фердинанд остро ги нападна фудбалерите на Јунајтед по дебаклот против Комо

Сепак, времињата кога славниот англиски клуб влеваше страв кај своите ривали се одамна минато, а најновиот пораз дополнително го продлабочи незадоволството.

Вчера екипата на Комо – која до неодамна настапуваше во четвртиот ранг на италијанскиот фудбал – му одржа лекција на големиот Манчестер Јунајтед предводен од Мајкл Керик.

Ваквото издание го разбесни легендарниот Фердинанд, кој е познат по своите директни и остри коментари, па тој не го поштеди ниту сегашниот состав на Јунајтед.

„Поради појавувањето на Сеск Фабрегас на теренот, изгледавме како тим што добил на лотарија за да учествува во Лигата на шампионите. Во одредени моменти изгледаше како Комо да има 12 играчи на теренот. Бевме целосно безопасни во нападот. Во тимот немаше никаква енергија за трчање. Не бевме способни да извршиме притисок врз Комо. Без никаков план кога ја имавме топката во посед“, напиша Фердинанд на Твитер.

Сепак, легендарниот дефанзивец не сакаше да ги омаловажи заслугите на италијанскиот тим и неговиот тренер, Сеск Фабрегас, кого го пофали за начинот на кој го изградил тимот и ги спровел своите фудбалски идеи.

– Големи заслуги му припаѓаат на Сеск за начинот на кој го изгради овој тим, а исто така се гледа и како ги вградил своите идеи во екипата. Секој си ја знае својата задача и сите се максимално фокусирани, како со топката, така и без неа. Тие им додаваат топки на соиграчите дури и кога се под притисок – тоа е одличен пример за меѓусебна доверба.

Фердинанд не застана тука, туку продолжи со критики за состојбата во неговиот поранешен клуб. Тој е особено загрижен поради недостатокот на самодоверба, а како дополнителен проблем ги наведе и бројните повреди.

– Но, тоа не ни е никакво оправдување. Вечерва бевме слаби и во моментов изгледаме како тим што нема апсолутно никаква самодоверба – потребно е многу работа за да се промени ова... А да не зборувам воопшто за повредите! Разликата во буџетите дефинитивно не се одрази на разликата меѓу двата тима на теренот. Инаку, Нико Паз е одличен фудбалер.

Неговите зборови уште еднаш го покажаа степенот на незадоволство од ситуацијата во Манчестер Јунајтед, додека Комо продолжува да го привлекува вниманието на европската фудбалска јавност со своите настапи под водство на Фабрегас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајкулата Буканги тврдоглаво одбива да си замине: Повторно се врати во каналот

Ајкула по име Буканги, која вчера беше насочена кон излезот откако помина повеќе од еден месец во канал во јужнокорејскиот град Бусан, се вратила во каналот, објави новинската агенција Јонхап.

Ајкулата Буканги тврдоглаво одбива да си замине: Повторно се врати во каналот

Утринава, на 22 октомври, ајкулата била забележана како плива во тесен простор помеѓу пловечка платформа – поставена близу излезот од каналот – и заштитна мрежа.

Според набљудувачите, можно е ајкулата да се вратила пливајќи под платформата. Буканги првпат била забележана во каналот на 18 септември. Оттогаш, блискиот парк стана голема атракција, привлекувајќи повеќе од 1,6 милиони посетители заклучно со неделата, пренесува Танјуг.

По два неуспешни обиди ајкулата да се насочи кон отворено море, градските власти и крајбрежната стража вчера успеаја да ја упатат кон излезот користејќи мрежа прикачена на понтон.

Околу 18:00 часот, ајкулата била забележана близу пристаниште надвор од каналот, иако сè уште не била на отворено море. Некои посетители пријавиле дека ја виделе ајкулата како се враќа во каналот синоќа, околу 23:00 часот.

Властите претходно изразија загриженост дека животното би можело да угине доколку температурата на водата дополнително опадне.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје-Известувањето за неработен ден 23.10.2026 година

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците на своите услуги дека на ден 23.10.2026 година (петок) шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат.

ЈП Водовод и канализација – Скопје-Известувањето за неработен ден 23.10.2026 година

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците на своите услуги дека на ден 23.10.2026 година (петок), по повод државниот празник Ден на македонската револуционерна борба, шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат.

Со редовно работно време ќе се продолжи од 24.10.2026 година (сабота).

Воедно, ги повикуваме корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои овозможуваат брз и едноставен пристап до услугите.

Повеќе информации се достапни на www.vodovod-skopje.com.mk и пристап до електронските сервиси е овозможен преку e.vodovod-skopje.com.mk

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето на Ива Михаилова во нејзино отстуство

Од Јавното обвинителство информираат дека судењето на обвинетата Ива Михаилова за предизвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици ќе продолжи на деветти ноември.

Продолжува судењето на Ива Михаилова во нејзино отстуство

Ива Михаилова избега во Бугарија пред две недели, тамошните власти потврдија дека нема да ја екстрадираат во Македонија..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер