3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
БизарноРазбеснет бик ја прескокна заштитната ограда и полета кон публиката среде корида (ВИДЕО)Гледачите врескаа кога разбеснет бик, тежок повеќе од половина тон, скокна преку заштитната ограда за време на корида во шпанскиот град Мурсија.За среќа, помеѓу луѓето во првите редови и животното имаше бетонски ѕид, па затоа немаше сериозна опасност. Камерата снимила сè Шестгодишниот бик по име Малакара, тежок 508 килограми, беше во арената до инцидентот. Во еден момент, тој се стрча кон матадорот. Човекот се повлече кон дрвената ограда, а кога бикот му се приближи - тој нагло се сврте налево и скокна преку заштитната бариера. Видеото го прикажува моментот кога животното „лета“ кон преплашените гледачи. Меѓу нив беше и човекот кој сè сними на камера. Инцидентот се случил на 20 септември, објавува Дејли Меил. View this post on Instagram A post shared by Radio Fórmula Querétaro (@formulaqueretaro) „Имавме голема среќа“ „Животното беше надвор од контрола. Имавме голема среќа што никој не беше повреден. Имаше жени и деца што седеа во таа област“, рече сведокот Хуан Перез. Видеото го покажува Малакара како продолжува да трча по работ на арената по скокот. Потоа животното било вратено во арената. Конечно, во согласност со локалната традиција за борба со бикови, било убиено. Во официјалниот извештај се наведува дека овој бик бил шести и последен тоа попладне на коридата, и дека бил транспортиран од ранчот Лос Еспарталес.Тагови: бик корида Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизПредметите на Брижит Бардо на аукција во Париз се продадени за милион евра Личните предмети на француската актерка Брижит Бардо (1934-2025) се продадени на аукција во Париз за речиси еден милион евра, а приходите одат во нејзината фондација за заштита на животните.На аукцијата беа понудени вкупно 285 предмети, кои беа продадени за 1,15 милиони американски долари, што е речиси 20 пати повеќе од првичната проценка, објави „Гардијан“. Две јаки за кучиња, со идентификациона табличка со името и телефонскиот број на Бардо, проценети на 30 евра, се продадени за 9.400 евра на руски купувач. Автопортретот достигна цена од речиси 40.000 евра, додека машината за пишување со која ја напишала автобиографијата е продадена за 4.634 евра. Две нејзини гитари, проценети на 300 и 500 евра, се продадени за 8.600 и 1.900 евра, додека три кадифени играчки достигнале цена од 2.200 евра. Фондацијата Брижит Бардо е основана во 1986 година, а на веб-страницата на организацијата стои дека згрижила 13.000 животни. Брижит Бардо, која како модел и актерка стана симбол на модерната женственост и сексуалната револуција, подоцна се посвети на борбата за правата на животните. Во текот на животот, таа беше критикувана и за хомофобични изјави, а повеќепати беше казнувана за поттикнување расна омраза.Тагови: Брижит Бардо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДве делегации ги напуштија ОН за време на говорот на Трамп Делегацијата на Куба ја напушти салата на Обединетите нации за време на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп на 81-та сесија на Генералното собрание.Делегацијата на Куба ја напушти салата на Обединетите нации за време на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп на 81-та сесија на Генералното собрание, откако тој изјави дека комунистичкиот режим во Хавана е „целосно пропадната држава“ и рече дека режимот наскоро ќе падне. Кубанците и Иранците ги напуштија ОН за време на говорот на Трамп „Мојата администрација бара радикална промена на ситуацијата во Куба, каде што комунистичкиот режим е под најголем притисок под кој некогаш бил. Тоа е целосно пропадната држава“, рече Трамп пред собраните светски лидери. Тој додаде дека режимот „се урива како никогаш досега“ и рече: „И ќе падне“. Претседателот на САД во својот говор ја истакна улогата на државниот секретар Марко Рубио, кој присуствуваше и на годишната сесија. „Тој е длабоко во преговорите со Куба. Ќе видиме што ќе се случи“, рече Трамп. Кубанската делегација, предводена од министерот за надворешни работи Бруно Родригез Парила, стана и ја напушти седницата токму во моментот кога Трамп ги изнесе обвинувањата. Куба не беше единствената земја чии претставници демонстративно го напуштија говорот на Трамп. Кога американскиот претседател се осврна на теми поврзани со воените напади врз Иран во изминатите шест месеци, иранската делегација исто така ја напушти салата, а само еден од нејзините членови остана да седи во клупите.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25
СветТрамп: Во дилема сум дали да го уништам Иран засекогаш, очекувам договор по изборите во ноемвриПочна 81. заседание на Генералното собрание на ОН... Украинскиот конфликт ќе биде регулиран многу побргу од очекуваното а САД и Иран ќе склучат договор набргу после среднорочните избори во Америка, по што глобалните цени на нафтените деривати значително ќе паднат – соопшти американскиот лидер Доналд Трамп во своето обраќање пред главното собрание на Обединетите нации. Трамп настојува на тоа дека Иран во иднина не смее да има своја нуклеарна програма а ги покани и останатите присутни лидери во Генералното собрание да се придружат кон економските санкции врз Иран. „Дали да ги однесам (Иран) во пеколот без шанси за преживување и без надеж за идна величина со генерации? - но верувам дека ќе постигнеме договор веднаш по изборите, бидејќи нема смисла тие да не го прават тоа. // Тесно соработуваме со лидерите на Русија и Украина и ќе го завршиме тоа, и ќе се случи побрзо отколку што луѓето мислат, бидејќи веќе им е преку глава.“ Трамп додаде дека подоцна денеска меѓу САД, Кралството Данска и Гренланд ќе биде потпишан договор со кој Америка ќе добие целосна контрола врз безбедноста на Гренланд, а ги пофали и земјите членки на НАТО кои ги зголемиле одбранбените трошоци од 2 на 5% од БДПто. „Овој договор склучен со Кралството Данска - неверојатна, прекрасна земја и самиот народ на Гренланд, им дава на Соединетите Држави трајна контрола врз безбедноста и сите други потреби на таа територија. НАТО сега е посилен од кога било досега. НАТО прави работи за кои никој не мислеше дека ќе може да ги направи.“ Според Трамп, Америка е како што рече најсилната светска сила на чија економија завидува светот, а голем дел од неговото обраќање беше посветено на неговата републиканска администрација. Подоцна денеска во Обединетите нации ќе се обратат и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како и францускиот лидер Емануел Макрон. Обраќањето на македонскиот премиер Христијан Мицкоски пред светските лидери е закажано за в петок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter