2Проф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 година
СветБик уби тореадор на корида, навивач од шок почина на трибините (Вознемирувачко видео) Борбата со бикови во Лисабон, Португалија, тргна наопаку кога познат локален тореадор загина во борба со бик тежок речиси 700 килограми, додека еден обожавател на трибините почина од шок.На социјалните мрежи е објавена ужасна снимка од познат португалски тореадор како е кренат од бесен бик и удрен во ѕидот на арената, објави Дејли меил. Мануел Марија Триндаде (22) настапуваше за прв пат во арената Кампо Пекено во Лисабон кога претставата заврши трагично. Снимките од настанот го покажуваат младиот „форкада“ како трча кон огромниот бик за да го испровоцира да се нафрли. Потоа ѕверот се нафрли на Триндаде со вртоглава брзина, кој се обиде да ги зграби роговите на животното и да го совлада. Сепак, за неколку секунди, бикот го крена Триндаде во воздух и го фрли во ѕидот на арената. Гледачите во арената со 6.848 седишта врескаа од ужас додека жртвата лежеше неподвижна на земја. Животното на крајот беше совладано од тореадор кој го влечеше за опашката, додека други мавтаа со светло обоени наметки пред него. Renowned Portuguese bullfighter, 22, is killed by huge 1,500lbs bull in front of horrified crowd - and a fan ALSO dies while watching https://t.co/3z27rSmk0Z — Daily Mail US (@Daily_MailUS) August 26, 2025 Итните екипи веднаш се упатија кон Триндаде во арената, но повредите на главата му беа исклучително сериозни. Според португалскиот весник „Зап“, 73-годишен гледач кој ја гледал борбата исто така починал додека ужасот се одвивал на коридата. По борбата, Триндаде бил итно префрлен во болницата Сао Хозе, каде што бил ставен во индуцирана кома, но починал во рок од 24 часа на 23 август откако доживеал кардиопулмонален застој. Навивачот кој починал бил Васко Мораес Батиста, виш ортопедски хирург од регионот Авеиро, кој ја гледал борбата од трибините. Torero portugués muere tras ser ajusticiado por toro de 700 kg pic.twitter.com/SrZK65bGKJ — Alerta Mundial (@TuiteroSismico) August 26, 2025 Прво бил третиран од болничари на Црвениот крст, а потоа префрлен во болницата Санта Марија, каде што била откриена фатална аортна аневризма. Триндаде бил млад, но веќе прославен форкадо, име за посебен вид португалски борец кој намерно провоцира бик да се нафрли врз него. Кога животното ќе се разбесни, тим од осум форкадоси треба да се постројат и, еден по еден, да се обидат да скокнат врз разбеснетиот бик и да го соборат на земја додека не го совладаат. За разлика од шпанските борби со бикови, каде што матадорот го убива животното на крајот од претставата, во португалската традиција, биковите не се убиваат во арената, благодарение на кралскиот закон што го забранил ритуалот уште во 1836 година. Наместо тоа, биковите подоцна се носат на професионално колење, иако понекогаш, во случаи кога животното се смета за особено храбро, тоа е „помилувано“ и повлечено од борбата за да се користи за размножување. Не е јасно што се случило со животното во овој случај.Тагови: навивачи трибините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаЗбратимените општини го негуваат зелениот белег во КарпошПо повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, делегациите од збратимените општини го посетија зелениот појас на улицата „Бледски договор“.По повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, делегациите од збратимените општини го посетија зелениот појас на улицата „Бледски договор“, каде што пред три години засадија дрвја како симбол на пријателството, партнерството и заедничката грижа за животната средина. Овојпат, свој белег во зелената приказна на Карпош остави и Општина Живинице од Босна и Херцеговина, која како пријателска општина засади свое прво дрво, приклучувајќи се кон иницијативата за уредување и раззеленување на јавните површини. Дрворедот го сочинуваат 12 висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја, кои денес претставуваат жив потсетник на воспоставените пријателства и континуираната меѓуопштинска соработка. Оваа симболична иницијатива уште еднаш потврдува дека соработката меѓу општините не се гради само преку заеднички проекти и активности, туку и преку конкретни дела кои оставаат трајни вредности за идните генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
Здравје116 заразени со грип, за 90% се зголемил бројот на болни со грип За 90 проценти се зголемил бројот на болни од грип во однос на претходната недела. Од 26 октомври до 1 ноември биле регистрирани 116 случаи на грип. Најмногу пријави има во Тетово, но според ИЈЗ, Македонија сè уште не го достигнала прагот за сезонска активност на грипот. Според официјалните податоци, во Тетово се регистрирани 48 случаи, во Куманово 26, а во Скопје 13. Следуваат Прилеп и Гостивар со по седум пријавени случаи. Најмногу заболени, вкупно 84, се на возраст од 15 до 64 години. Кај лицата постари од 65 години се регистрирани 25 случаи, додека седум случаи се пријавени кај деца од пет до 14 години. Бесплатната вакцинација се спроведува преку центрите за јавно здравје и здравствените домови, а пријавувањето се врши преку електронскиот систем за вакцинација. Досега се вакцинирани над десет илјади граѓани од наредната недела се очекува нова пратка на вакцина против грип.Тагови: грипот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОценка на Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ за Извештајот на ЕКВо врска со Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ во 2026 Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ ја соопштуваат следната оценка:ЗА ПРОМЕНИ ВНАТРЕ НЕ ТРЕБА ДА ЧЕКАМЕ! Во врска со Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ во 2026 Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ ја соопштуваат следната оценка: Крајно време е сите политички актери да престанат да ги злоупотребуваат Извештаите на Европската Комисија за дневно политички пресметки. Полноправното членство во ЕУ е едно од најважните државни прашања кое ги надминуваат мандатите на една или друга политичка Влада. Никој нема ексклузивно право на евроатлантските интеграции како што и никој не може да си припишува монопол за македонскиот патриотизам. Албанските политички кампуси имаат обврска да излезат од спиралата на меѓусебно обвинување за строго етнички прашања, да создаваат идентитетски проблеми, за потоа да ги злоупотребуваат за нивна меѓусебна политичка пресметка зад која всушност се кријат бизнис, тендерски интереси. Опстанокот и постоењето на висока политичка корупција не може да биде критикувана од творците на скандалозните измени на Кривичниот законик во 2023-та за што Европската комисија и во 2026 нотира сериозни забелешки, а тоа ги засега партиите и од сегашната власт и од опозицијата. Слободата на медиумите не може да ја бранат оние кои секојдневно го контаминираат јавниот дискурс со приземен речник и пласирање клевети и навреди за сите кои мислат поинаку. Крајно загрижувачки се податоците за драматичниот пад на повратот на ДДВ кон стопанството, нотирани во Извештајот. Владата од собрани 100 денари ДДВ, во законски предвидениот рок врши поврат на само 14,3 денари со што и согласно ЕУ стандардите е извршна власт со најлош економски учинок. Поздравуваме што и покрај сите предизвици, отстапки и разочарувања на европскиот пат, високото мнозинство во земјата сеуште го подржува полноправното членство на Македонија кон ЕУ. Позитивните резултати на Македонија за активното вклучување во Планот за раст за Западен Балкан, засилените напори за спроведување на Реформската агенда и целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ уште еднаш ни потврдува дека за клучните внатрешни реформи недостасува политичка волја. Борбата против корупцијата, реформите на политичкиот систем, изборното законодавство за да се спроведат внатре во општеството не треба да го чекаме полноправното членство во ЕУ. Ако нѐ бива за планот за раст каде очекуваме пристап до европските фондови, тогаш, ако навистина постои политичка волја можеме да ги направиме неопходните внатрешни реформи на сите нивоа. Извештајот за напредокот кон ЕУ не упатува на следните заклучоци: Европската иднина на Македонија не смее и понатаму да биде жртва на тесно партиски интереси; Фактот што ЕК најавува можност за постепена интеграција во ЕУ нам ни треба итен и национално усогласен државен план за (ре)приклучување во групата со Албанија и Црна Гора; Време е за акција за конечно градење на македонско политичка и мултиетничка унификација на позициите за неопходните уставни измени и основни правни гаранции без кои не можеме да направиме чекор напред кон полноправното членство во ЕУ; Веднаш да се направат неопходните измени на Изборното законодавство и да се воведе една изборна единица и отворени листи што е најважен предуслов за демократизација на политичката понуда, вистинско зајакнување на пратеничките мандати и отчетноста кон избирачите; Спроведување на уставно-законски измени кои ќе спречат застарување на кривичното гонење за кривични дела сторени со политичка корупција од избрани и именувани лица; Испитување на потеклото на движен и недвижен имот на сите сегашни и претходни избрани и именувани лица и нивните потесни семејства. ОРГАНИЗАТОРИ НА „РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА ВО 12:05“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter